Како Design Thinking може да им помoгне на адвокатите?

Total
8
Shares

Заедно со здравството, образованието, банкарството и различните индустрии, Design Thinking поттикнува иновации и револуционира производи и услуги и во правниот сектор. Правните компании можат да изградат подобри односи со клиентите и да развијат нови правни услуги/производи и културен начин на размислување на адвокатските фирми со усвојување на овој пристап. 

Сакате да дознаете повеќе за тоа колку е корисeн Design Thinking за адвокатите? 

Продолжете со читање и откријте како процесот на Design Thinking може да ги надмине правните прашања во компанијата.

Што е Design Thinking?

Пред да ги откриеме придобивките од Design Thinking за адвокатите, најпрвин да го објасниме значењето на оваа методологија за оние кои прв пат ја сретнуваат. Пристапот Design Thinking, кој е фокусиран кон човекот и неговите потреби, навистина го обиколи светот и наиде на огромен интерес. Примарната цел на Design Thinking е да ги охрабри организациите да се фокусираат на нивната целна публика, луѓето за кои е создаден производот, што доведува до подобри производи и услуги и подобрување на внатрешните процеси.

Кои се најдобрите примери за Design Thinking?

Без разлика дали сте прочект менаџер во IT компанија, наставник во основно училиште или службеник во владина организација, иновацијата e моментално секаде потребна. Доаѓањето до иновативни услуги, производи и алатки, денес многу комании и организации се одлучуваат да го имплементираат преку ефикасноста на Design Thinking процесот. Oral B, Apple, Nestle, Airbnb, UberEats и Bank of America (5 познати брендови кои покажуваат дека имплементацијата на Design Thinking вреди) се некои од најдобрите компани кои го користеа овој процесот за да ги подобрат своите услуги.

Класични Design Thinking примери во правниот систем

  1. Помага при давање правна услуга

Некои од најдобрите правни компании во светот користат Design Thinking за иновации во правниот сектор за да ги преструктуираат своите услуги и да ја подобрат понудата за клиентите.

Компанијата  од Чикаго, Baker McKenzie, покрена иницијатива – Whitespace Legal Collab’.19, која собра академици, дизајнери, директори, експерти за информатички технологии и адвокати под еден ист покрив за да поттикне мултидисциплинарна соработка. Единствената цел на оваа иницијатива беше да напредува и да им помогне на адвокатите да се справат со сложените правни прашања. Програмата, исто така, се фокусираше на максимално искористување на технологиите за решавање на повеќеслојни предизвици, како што се вештачка интелигенција, блокчејн и квантно пресметување.

Имено, Baker McKenzie се првата правна компанија која имплементира Design Thinking воопшто.

Кога станува збор за подобрување на услугите за клиентите користејќи го процесот на Design Thinking, друг брилијантен пример на кој често привлекува големо внимание е моделот на услуги на Seyfarth Shaw, адвокатска фирма со исто така од Чикаго. По првичното истражување, тие [Seyfarth Shaw] препознаа дека трошоците за правни услуги играат примарен и одлучувачки фактор за клиентите да се одлучат за адвокатска фирма. Дојдоа до идеја за создавање на Playbook прирачник, кој ги прикажа индивидуалните потреби на клиентите, интересите и нивните слаби страни. Како нова практика, вработените почнаа да го користат тој прирачник за да ја преформулираат комуникацијата, која не само што се покажа како исплатлива, туку и промовираше функционална вредност за клиентите.

  1. Има за цел да ги подобри внатрешните процеси

Освен придобивање на клиентите и подобрување на правните услуги, Design Thinking ги подобрува и внатрешните процеси. Hogan Lovells, адвокатска фирма од Лондон, користеше Design Thinking во нивната фирма за да го подобри процесот на преглед на перформансите и да обезбеди поефикасен развој и ангажман на вработените.

Секоја година, соработниците на фирмата добиваа редовни повратни информации, за недостатоците, суштината и насоки за подобрување. Тие првично започнаа со идентификување на очекувањата на соработниците од нивниот увид на перформансите и повратните информации за тековниот процес. Следниот чекор од процесот на Design Thinking беше да се утврди она што Hogan Lovells, како фирма, се обиде да го постигне од прегледите на перформансите и она што го очекуваат од вработените.

Откако ги сослушаа двете страни, тие дојдоа до концепт на картички за забелешки кои вклучуваат конкретни прашања за секој соработник за да олеснат 10-минутен разговор помеѓу соработниците и нивните претпоставени. Со помош на насочени прашања, сесијата за повратни информации стана поатрактивна и формализирана.

  1. Создава подобри работни перформанси

Дури и правните фирми од мал обем и трговците поединци можат да го применат Design Thinking за да ги одржат профитните маржи, да ги оптимизираат перформансите  како и да задржат и стекнат нови клиенти за да ги одржат своите бизниси. Но, едно нешто што треба да се забележи овде е дека имплементацијата на Design Thinking за иновации се разликува од фирма до фирма во зависност од нивните посебните барања. На пример, поединци можат да користат Design Thinking за да ја уредат нивната канцеларија да делува помалку застрашувачка за клиентите. Покрај тоа, Design Thinking може да го подобри искуството на клиентот и да изгради подобри односи адвокат-клиент и добра волја со клиентот, што е од најголема важност за помал бизнис.

Иднината на Design Thinking во правото

Напоменавме за тоа како Design Thinking може да обезбеди уникатни можности за адвокатските компании. Но, сега се поставува прашањето: Што носи иднината?

Во сегашното сценарио, клиентите бараат правно знаење и правни услуги од нивната фирма, поради што, Design Thinking продолжува да добива на интензитет во правната професија. Од подобрување на пристапот во борбата за правда до подобрување на организациските процеси и промовирање на правни услуги. Design Thinking секаде може да си го најде своето место и да придонесе до иновации,а воедно може да биде составен дел од правните професии.

Една од основните рамки на Design Thinking за адвокатите е да им се овозможи на нив и на адвокатските фирми да ги постават потребите на клиентите како централен фокус за давање услуги без да ги загубат деловните размислувања (како што покажаа горните примери). Првенствено, процесот на Design Thinking негува култура на иновации што помага во правење подобри клиенти и градење засегнати страни во правниот екосистем. Со помош на Design Thinking, адвокатите можат повторно да го креираат стилот за испорака на услуги. Тие обично го започнуваат процесот со кориснички податоци што обезбедуваат рамка за тестирање на прототипи и лансирање решенија со вистинските корисници.

Прифаќање на нови алатки, методологии за иновации во секојдневната правна практика може да донесе ветувачки резултати. Кој вели дека адвокатите не се иновативни и креативни 😉

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Virtuelen Design Thinking team buidling

Моќта на Виртуелниот Design Thinking тим билдинг води до ефикасни и сплотени тимови

Многумина од нас се се уште дел од тимовите кои се моментално одвоени, можеби само локациски, но можеби и со различни временски зони. Без оглед каде е вашиот тим, градењето…
Прочитај
4 pricini za uspesno vodenje na biznisot so Design Thinking

4 начини за успешно водење на Вашиот бизнис применувајќи го Design Thinking процесот

  Водењето на бизнис е доста комплексно. Од постојано менување на деловната динамика, управување со повеќе чинители, задоволување на растечките потреби на клиентите, сè до справување со непозната иднина; сопствениците…
Прочитај

4 причини зошто Design Thinking е моќна алатка за справување со промени

Промените се неизбежни, особено во бизнис светот каде организациите треба континуирано да се подобруваат и адаптираат според потребите на пазарот. За да ја одржат компетитивната предност, тие мора да се…
Прочитај

Што знаете за новата ера на туризмот?

Во свет кој постојано се развива, големи се и очекувањата на патниците. Помина времето кога едноставна хотелска соба или буџетски лет би биле доволни. Денешните авантуристи бараат нешто подлабоко, значајно…
Прочитај