Дали сте подготвени за Startup Weekend Social Innovation Skopje 2024?

Total
0
Shares

Дали сте подготвени за Startup Weekend Skopje 2024? 

Во Скопје од 1-ви до 3-ти ноември ќе се одржи 13-тото издание на Startup Weekend Skopje, поддржано од Google for Entrepreneurs и дел од глобалната мрежа на Techstars Startup Weekend, кој се организира во повеќе од 159 земји и низ кој поминале над 430,000 млади претприемачи. Procredit Banka Skopje заедно со MasterCard и оваа година се главните спонзори на Startup Weekend Skopje 2024.

Овогодишно издание е носител на темата „Social Innovation’ и ќе ги предизвика учесниците да размислуваат надвор од вообичаените рамки со цел да изнајдат иновативни решенија за најголемите социјални предизвици со кои се соочува нашето општество. За три дена, тимови од креативци, програмери, дизајнери и млади претприемачи ќе работат заедно, инспирирани од идејата дека нивното решение може да има директно влијание на општеството.

Социјалните иновации се современи практики кои имаат за цел да ги задоволат социјалните потреби на подобар начин од постојните решенија, произлезени на пример од работните услови, образованието, развојот на заедницата, здравството и сл. Овие идеи се создаваат со цел за проширување и зајакнување на граѓанското општество.

Со поддршка од искусни ментори и експерти, учесниците ќе истражуваат решенија од области како што се образование, здравство, животна средина и економска инклузија. Startup Weekend Skopje е настан кој ја поддржува способноста да се иновира со цел да се одговори на социјалните предизвици, верувајќи дека акциите на граѓанското општество се моќен начин за создавање на долгорочна промена. Целта е да се создадат проекти кои ќе бидат одржливи и кои ќе имаат директно влијание врз заедницата. Секако ќе се користат модерните технологии и вештачката интелигенција како алатки за побрза имплементација и развој.

Локацијата на одржување на Startup Weekend Skopje 2024 и оваа година е централната експозитура на ProCredit Banka Skopje, која е одговорна финансиска иниституција и секогаш поддржува настани и компании  кои се грижат за позитивен социјален импакт. Воедно, Procredit Banka Skopje заедно со MasterCard се главните спонзори кои ја шират истата страст и визија за подобра иднина со Startup Weekend Skopje 2024.

Покрај можноста за создавање на позитивен социјален импакт, Startup Weekend Skopje е одлична можност за младите професионалци и стартап ентузијасти да се вмрежат, да формираат тимови, да научат нови вештини и да се инспирираат од експертите и визионерите кои ќе го споделат своето искуство и знаење и ќе им помогнат во развивање иновативни бизнис идеи насочени кон решавање на социјални предизвици.

Не пропуштајте ја шансата да бидете дел од овој динамичен, инспиративен и влијателен настан. Картите за учество на Startup Weekend Skopje веќе се во продажба и може да ги набавите на следниот линк

За повеќе информации и детали, следете ги нашите официјални профили на Facebook и Instagram.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Позитивните страни од интеракцијата помеѓу АI трендовите

Во денешниот свет на брзо темпо, вештачката интелигенција (AI), маркетинг технологиите и одржливоста се длабоко меѓусебно поврзани, обликувајќи ја иднината на бизнисот и отворајќи го патот за иновативни решенија. Оваа…
Прочитај

10 тимови со 10 нови идеи за зелена иднина на Startup Weekend Sustainability Skopje 2023

Изминатиов викенд (од 27ми-29ти Октомври) над 60 учесници и 20 ментори се обединија во борбата за поодржлива иднина на 12тото издание на Startup Weekend Sustainability Skopje 2023. Со голем ентузијазам…
Прочитај

Bio Hack My World 2023 инкубаторската програма за сите вљубеници во науката

UNDP заедно со Град Скопје и UNICEF  ја отвараат првата  „Отворена градска лабораторија“ лоцирана во СУГС „Марија Кири – Склодовска“-Скопје, за биотрансформација со цел да ги вклучат заедниците во креирање…
Прочитај

Пријавете се за специјализирана FINTECH програма, DESIGN THINKING тренинг и награден ХАКАТОН

Фондацијата ПРЕДА плус го објави повикот за учество во првата наменски креирана програма која ќе отвори нова ера во финансиската индустрија кај нас. FINTECH START-UP програмата е наменета за сите…
Прочитај