Како изгледа Design Thinking процесот претставен со реален пример

Total
10
Shares

Design Thinking е неспорно моќна алатка за компаниите, но како изгледа тоа во пракса? Како организациите го примениле овој пристап и како функционира?

Познати компании како AirBnB и UberEats го примениле Design Thinking во нивното работење, но една помалку позната приказна за design thinking во пракса е проектот на Банкомер, големата мексиканска банка и ИДЕО- агенцијата за Design Thinking, со цел да направат одредено поместување во банкарското портфолио и да привлечат нови клиенти. Подолу, фаза по фаза, е претставен процесот на Design Thinking, преку примерот на Банкомер & ИДЕО.

Поставување на тимски цели и очекувани резултати

Банкомер го ангажира ИДЕО со цел заеднички да создадат продукт за штедење кој ќе одговори на потребите на Мексиканците со пониски примања. Банката сакала да привлече нови корисници нудејќи производи што ќе бидат посакувани помеѓу корисниците со пониски приходи.

Одвојувањето на време за истражување и усогласување, ќе бидете сигурни дека вашиот тим и засегнатите страни работат кон истата визија за успех. Во тој процес, ќе ги откриете очекувањата за подолгорочната промена која сакате да настапи, како и за непосредните резултати што придонесуваат за таа промена. Често, непосредните резултати или помалите поместувања во однесувањето ќе станат фокус на вашиот дизајн- предизвик.

Истражување

Дваесет и два милиони домаќинства во Мексико имаат среден или низок приход, а само половина од нив имаат сметка во банка. Пристапот кон банкарските услуги им бил овозможен и лесен, но високите провизии ги демотивирале да продолжат да ги користат услугите на банката. За да повторно се вратат како корисници на банкарските услуги, била потребна стратегија и продукт кој ќе им донесе вредност на корисниците  за повторно да се “ре-банкаризираат”.

Дефинирање на предизвикот

 Штедењето “под перница” било вообичаен начин на штедење на оваа таргет група. Нивната одбивност кон банкарските системи и негативните искуства со банките ја намалувале шансата банката воопшто да стигне до нив како корисници. Корисниците исто така, на креативни начини (преку членовите во семејството, пријателите, и други социјални врски) ги користеле банкарските услуги. Предизвикот бил потежок отколку што изгледало на почеток, имајќи ги во предвид овие особини и перцепции на оваа таргет група корисници.

Емпатија и разбирање

Преку разни истражувања, групни и индивидуални интервјуа во домовите на корисниците, ИДЕО открива дека повеќето од нив штедат на класичните начини: ги чуваат парите во касички, тегли, или ги кријат низ куќата, за да се ограничат во трошењето на тие средства. Тие наоѓале неформални начини да позајмуваат и да штедат, без да ја вклучат банката во тие процеси. Одговорот бил едноставен- тие не ја гледале вредноста која банката ја дава, освен што ја обезбедува сигурноста на парите. Која би била услугата и вредноста која една банка би им ја понудила на овие корисници?

Со помош на Design thinking техниките, се откриваат подлабоките барања и желби на корисниците. Па така, во текот на теренското истражување, се открило дека корисниците со пониски примања не штедат за својата иднина, туку штедат за одредени активности или проекти, на пример- за реновирање на домот или за школарина за своето дете. Со ова важно сознание, банката веќе можела да започне со идеација на продуктите кои ќе ги понуди.

Идеација

Во фазата на идеација, се осмислуваат решенија кои одговараат на потребите на корисниците, а се истовремено профитабилни за компанијата. Во текот на оваа фаза, пожелни се и луди идеи кои ќе воведат иновации во работењето, но и попрактични и лесно изводливи решенија кои ќе се имплементираат веднаш.

Прототип и валидација

Најдобрата идеја од валидацијата е онаа за која ќе се креира прототип. Прототипот е еден вид на пробна верзија на планираната услуга или продукт кој компанијата сака да го воведе. Зошто е оваа фаза важна? Бидејќи им овозможува на компаниите веднаш да го тестираат своето решение пред да потрошат време и ресурси на градење на финален продукт. Доколку решението е позитивно прифатено, т.е. валидирано од корисниците и другите засегнати страни, тогаш може да се премине во градење на постојана услуга или продукт кој ќе влезе во продажба.

 Во приказната погоре, епилогот на проектот во Мексико е прототип- решението кое добило име Штедна книшка за моите проекти. Дали проектот успеал или не, не е толку важно, колку што е важен трудот и вредноста на Design thinking методологијата. Без оваа методологија, не би се дознала причината за откажување од банкарските услуги и не би се откриле реалните мислења и потреби на корисниците. Design thinking е итеративен процес, кој доколку не успее- може да се повтори се додека не се постигне посакуваниот резултат и успех.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Како Design Thinking ги менува трендовите, а воедно и вашиот бренд?

Беа потребни многу студии и истражувања за научниците во светот да заклучат дека „дизајнот“ навистина бил и е наука. Уште во 1978 година, Дејвид Кели ја формирал својата фирма за…
Прочитај

Зошто позитивните критики се важни за работната атмосфера

Позитивното критикување е всушност фидбек за одредена активност, ситуација или однесување кој не зависи од реалниот исход туку се фокусира само на позитивниот дел. На пример, во спортот по изгубениот…
Прочитај

Дознајте како корисниците го гледаат Вашиот продукт

Секоја компанија се труди да навлезе во “чевлите” на клиентот, бидејќи перспективата на клиентот е круцијален фактор за успех на одреден продукт. За што служи вашиот продукт? Како клиентот ќе…
Прочитај