Зошто лидерите треба да ги запознаат членовите на тимот

Total
21
Shares

Сакате да бидете ефективен лидер? Сакате членовите на Вашиот тим да Ви веруваат. Желбата на секој директор и менаџер е да создаде компанија што ќе се гради врз доверба и меѓусебно почитување. Тие сакаат членовите на тимот да доаѓаат кај нив со своите проблеми и да се чувствуваат пријатно додека ги споделуваат. Сепак, и покрај нивната цел да го создадат овој тимски пристап, поради некоја причина, постои блок помеѓу нив и вработениот.

Во вакви ситуации, се препорачува често да поставувате прашања:

„Колку добро ги познавате Вашите вработени?“ 

Ова прашање може да предизвика голем број на различни одговори: „Ги знам нивните имиња и нивните работни позиции. Што повеќе треба да знам? “ или пак:  „Леле, никогаш не сум размислувал на тој начин, јас навистина не ги познавам“.

Иако овој принцип може да изгледа едноставен, лидерите честопати забораваат на запознавањето со членовите на тимот на персонално ниво, бидејќи тие продолжуваат со својота брза деловена комуникација.

Колку добро ги познавате членовите на Вашиот тим?

Одвојте неколку минути да ги размислите одговорите на следниве прашања:
  1. Кој во Вашиот тим има роденден овој месец?
  2. Дали некој се соочувал со семејна криза или со личен проблем што може да ја попречува нивната работа?
  3. Колку членови на тимот се во брак? Колку од нив имаат деца? Дали се баби и дедовци?
  4. Кој во Вашиот тим е креативец? Кој е повеќе аналитичар? Дали уживаат да придонесуваат при користење на овие вештини?
  5. Дали можете да именувате едно хоби или омилена активност на секој од членовите на Вашиот тим?
  6. Дали знаете што е најважно за членовите на Вашиот тим во нивната работа? Дали тоа е да учат и да се развиваат, да чувствуваат дека даваат придонес, да чувствуваат дека нивната улога е значајна во создавањето промени во компанијата?

Дали успеавте да дадете одговори на поставенте прашања? Каде наидовте на пречки?

Можеби ќе се запрашате: „Зошто да одвојам време за да ги запознаам моите вработени повеќе на приватно поле?“ Одговорот е само еден збор – ДОВЕРБА. Запознавањето на она што е важно за членовите од тимот покажува дека верувате дека тие се вредни, а тоа е корисно да се знае. Кога лидерот одвојува време за членовите на тимот на приватно поле, тоа покажува дека се грижи и за тоа кои се неговите вработени, а не само за активностите околу работата.

Штом лидерот еднаш ќе успее да изгради доверба кај вработените, тоа е почеток на искрена и отворена комуникација и создава работна околина во која секој ќе се чувствува поддржан и ќе верува дека има да понуди нешто важно. Таму атмосферата е секогаш на завидно ниво, а тимовите се продуктивни и задоволни од резултатите кои ги даваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Virtuelen Design Thinking team buidling

Моќта на Виртуелниот Design Thinking тим билдинг води до ефикасни и сплотени тимови

Многумина од нас се се уште дел од тимовите кои се моментално одвоени, можеби само локациски, но можеби и со различни временски зони. Без оглед каде е вашиот тим, градењето…
Прочитај
4 pricini za uspesno vodenje na biznisot so Design Thinking

4 начини за успешно водење на Вашиот бизнис применувајќи го Design Thinking процесот

  Водењето на бизнис е доста комплексно. Од постојано менување на деловната динамика, управување со повеќе чинители, задоволување на растечките потреби на клиентите, сè до справување со непозната иднина; сопствениците…
Прочитај

Емпатија: Зошто Ви е потребна да бидете успешни во бизнисот?

Емпатијата е човечка карактеристика која може да го промени светот. Треба да знаеме како да се поставиме во туѓи чевли, и да ги погледнеме работите од туѓа перспектива. – Барак…
Прочитај

4 причини зошто Design Thinking е моќна алатка за справување со промени

Промените се неизбежни, особено во бизнис светот каде организациите треба континуирано да се подобруваат и адаптираат според потребите на пазарот. За да ја одржат компетитивната предност, тие мора да се…
Прочитај

Што знаете за новата ера на туризмот?

Во свет кој постојано се развива, големи се и очекувањата на патниците. Помина времето кога едноставна хотелска соба или буџетски лет би биле доволни. Денешните авантуристи бараат нешто подлабоко, значајно…
Прочитај