4 начини за успешно водење на Вашиот бизнис применувајќи го Design Thinking процесот

Total
1
Shares
4 pricini za uspesno vodenje na biznisot so Design Thinking

 

Водењето на бизнис е доста комплексно. Од постојано менување на деловната динамика, управување со повеќе чинители, задоволување на растечките потреби на клиентите, сè до справување со непозната иднина; сопствениците на компании секојдневно се соочуваат со различни предизвици. Design Thinking е ефикасна алатка која што лидерите можат да ја користат за да ги водат своите компании попродуктивно.

Најуспешните компании како AirBnB, Nike, Pepsi, Google и Apple го имаат прифатено и го применуваат Design Thinking процесот во своето секојдневие. Овие компании ја користат Design Thinking методологијата за охрбрување на креативноста, за фокусирање при планирање и за јасна комуникација помеѓу тимовите и клиентите. Многу од компаниите со помош на Design Thinking носат важни деловни одлуки.  

Во продолжение ќе дознаете неколку начини како Design Thinking мотодологијата може да помогне им на компаниите и да влијае кај различни аспекти на бизнисот.

 #1 Креирај план за иднината

Секојдневните пречки при работењето се незаобиколиви. Лидерите треба да внимаваат на иднината и да преземаат решителни чекори за да се движат во вистинската насока. Design Thinking е алатка која им овозможува на лидерите јасно да ги визуелизираат работите. Им помага да создадат план и да ја утврдат насоката за иднината на нивните компании. Визуелизацијата на иднината со едноставни и јасни примери е многу важна за брзото менување на денешното деловното опкружување.

#2 Дефинирај го точно проблемот

Design Thinking не е градење на производи или услуги, туку повеќе обезбедување на соодветни решенија и решавање на вистински проблеми. Овој процес се фокусира на идентификување на вистинските прашања и клучни проблеми што се важни за корисниците. Воедно вклучува интеракции со корисниците и длабоко разбирање на нивната околина. Главна карактеристика на Design Thinking методологијата е изнаоѓање на вистинскиотот проблем што треба да се реши за клиентот.

#3 Соживеј се со клиентите

Емпатијата кон клиентите е клучна за градење на соодветни решенија за нив. Најдобрите производи и услуги се создаваат со поставување на потребите на своите корисници во прв план. Акцентот е ставен на решавање проблеми за клиентите, а не само на создавање продукти за компаниите. Решенијата се градат со повратни информации и повторувања според потребите на корисниците. Крајните корисници имаат приоритет, за кои компаниите се должни да создатат атмосфера на доверба и лојалност.

#4 Лансирај производи и услуги

Лансирањето на производите / услугите најчесто е доста брзо доколку се користи Design Thinking процесот. Исто така ќе се соочите со помалку изненадувања на крајот. Повратните информации и итерации се веќе вклучени во самата фаза на развој, а со тоа се намалени изненадувањата во последен момент и ризиците. Производите и услугите исто така се испорачуваат во согласност со потребите на клиентот каде се очекува максимално прифаќање од нивна страна.

Компаниите кои го применуваат Design Thinking процесот според Design Management Institute, го надминале S&P индексот за 219% во текот на 10 години. Овие компмании бележат ваков завидлив успех пред сè, ставајќи ги своите клиенти/корисници на прво место. Лидерите и тимовите на компаниите кои ја прифатиле Design Thinking методологијата во секојдневното работење, градат решенија со детално разбирање кон клиентите, нивните цели, однесувања, интереси, мотивација, а со тоа носат продуктивни одлуки со голем успех.

Бизнисите кои се отворени на промени и сакаат да ги следат трендовите не треба да бидат скептични. Позитивните примери нека ве охрабрат да започнете со примена на  Design Thinking процесот за брзи и ефикасни резулати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Virtuelen Design Thinking team buidling

Моќта на Виртуелниот Design Thinking тим билдинг води до ефикасни и сплотени тимови

Многумина од нас се се уште дел од тимовите кои се моментално одвоени, можеби само локациски, но можеби и со различни временски зони. Без оглед каде е вашиот тим, градењето…
Прочитај

Емпатија: Зошто Ви е потребна да бидете успешни во бизнисот?

Емпатијата е човечка карактеристика која може да го промени светот. Треба да знаеме како да се поставиме во туѓи чевли, и да ги погледнеме работите од туѓа перспектива. – Барак…
Прочитај

4 причини зошто Design Thinking е моќна алатка за справување со промени

Промените се неизбежни, особено во бизнис светот каде организациите треба континуирано да се подобруваат и адаптираат според потребите на пазарот. За да ја одржат компетитивната предност, тие мора да се…
Прочитај

Што знаете за новата ера на туризмот?

Во свет кој постојано се развива, големи се и очекувањата на патниците. Помина времето кога едноставна хотелска соба или буџетски лет би биле доволни. Денешните авантуристи бараат нешто подлабоко, значајно…
Прочитај

Како ефективната комуникација на работното место може да ја зголеми продуктивноста?

Дали некогаш сте се запрашале зошто скоро сите огласи за работа во која било област бараат добри комуникациски вештини? Ефективната комуникација е од клучно значење, бидејќи без неа компаниите нема…
Прочитај