DesignThinking.mk е првиот инспиративен медиум кој има за цел да го поттикне иновативното размислување. Ова е место каде секој ќе може да се едуцира и информира за најновите Design Thinking трендови.
Преку разновидната палета од интервјуа, блогови и алатки, DT медиумот овозможува што поголем број на луѓе да се запознаат со иновативната методологија и нејзините предности и да ја применат во своето секојдневие.
ШТО Е DESIGN THINKING?
Design Thinking претставува техника на рационално и интуитивно размислување. Метода со која компаниите и поединците на креативен начин можат да дојдат до решенија за одредени проблеми или пак да креираат иновативни продукти и услуги.
Design Thinking го спојува она што е потребно од аспект на корисникот со она што е технолошки изводливо и економски издржливо.
Design Thinking има моќ да го трансформира начинот на кој компаниите, тимовите и поединците да развиваат производи, услуги, процеси и стратегии.
ЗОШТО DESIGN THINKING?
Design Thinking настанал како потреба на компаниите да развијат подобри методи, процеси и алатки, кои би ја подобриле продуктивноста на тимовите да носат подобри стратешки одлуки и да креираат производи и услуги.
Интересно е дека подеднакво се користи во познатите светски компании, бројни стартапи како и во јавниот сектор.