Придружете се на првиот регионален фестивал на иновации Innovate.X

Total
0
Shares

На 28 и 29 мај, Скопје ќе го привлече вниманието како домаќин на Innovate.X 2024, првиот регионален фестивал за иновации. Innovate.X e дводневен корпоративен настан, но воедно и работилница за развој на иновации и креативни решенија. Локацијата на настанот е Хотел Мериот, Скопје. 

Продуктивната работилница ќе биде фасилитирана и модерирана од над 10 Design Thinking тренери. Тие ќе работат со тимовите со цел да креираат иновативни решенија за 3 клучни теми:

  • Sustainable Futures
  • AI-Powered Innovation
  • Marketing Technologies

Покрај работилницата, на Innovate.X ќе имате можност да слушнете инспиративни говори и панел дискусии од професионалци на дадените теми, каде ќе стекнете увид за глобалните иновациски трендови и стратегии за одржливост.
Настанот се очекува да го посетат 20 до 30 компании од Македонија и регионот, а вкупно 150 учесници

Учество на настанот Innovate.X обезбедува неколку значајни придобивки:

– Позиционирање за лидери во иновации, што ги поставува учесниците во преден план во својата индустрија;
– Поттикнување на професионален развој преку учество во работилниците и дискусиите со истакнати експерти;
– Креирање на иновативни решенија, продукти и сервиси преку колаборацијата и идентификацијата на нови начини за решавање на предизвиците;
– Следење на глобалните трендови преку претставувањата и дискусии со експерти од регионот;
– Зајакнување на тимовите за развој на бизнисите и соработка со колеги од различни компании.

Крајно и најважно, со учество на Innovate.X обезбедувате и вмрежување со водечки професионалци и компании, креирајќи важни врски и можности за идни деловни соработки.

Early Bird влезниците за Innovate.X 2024 се веќе достапни и можете да се регистрирате на ОВОЈ ЛИНК.

Солвео е организаторот на Innovate.X 2024 и е компанија која ги обединува врвните иноватори при обликувањето на одржлива и инклузивна иднина преку алатки потпомогнати со вештачка интелигенција и Design Thinking методологијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Позитивните страни од интеракцијата помеѓу АI трендовите

Во денешниот свет на брзо темпо, вештачката интелигенција (AI), маркетинг технологиите и одржливоста се длабоко меѓусебно поврзани, обликувајќи ја иднината на бизнисот и отворајќи го патот за иновативни решенија. Оваа…
Прочитај

10 тимови со 10 нови идеи за зелена иднина на Startup Weekend Sustainability Skopje 2023

Изминатиов викенд (од 27ми-29ти Октомври) над 60 учесници и 20 ментори се обединија во борбата за поодржлива иднина на 12тото издание на Startup Weekend Sustainability Skopje 2023. Со голем ентузијазам…
Прочитај

Bio Hack My World 2023 инкубаторската програма за сите вљубеници во науката

UNDP заедно со Град Скопје и UNICEF  ја отвараат првата  „Отворена градска лабораторија“ лоцирана во СУГС „Марија Кири – Склодовска“-Скопје, за биотрансформација со цел да ги вклучат заедниците во креирање…
Прочитај

Пријавете се за специјализирана FINTECH програма, DESIGN THINKING тренинг и награден ХАКАТОН

Фондацијата ПРЕДА плус го објави повикот за учество во првата наменски креирана програма која ќе отвори нова ера во финансиската индустрија кај нас. FINTECH START-UP програмата е наменета за сите…
Прочитај

Приштина е домаќин на Techstars Startup Weekend Western Balkans 2022

Techstars Startup Weekend е креативен и колаборативен тридневен едукативен настан каде секој може да креира и развие нови стартап идеи. Станува збор за креирање бизнис модел, прототипирање, дизајнирање и валидација…
Прочитај