Приштина е домаќин на Techstars Startup Weekend Western Balkans 2022

Total
6
Shares

Techstars Startup Weekend е креативен и колаборативен тридневен едукативен настан каде секој може да креира и развие нови стартап идеи. Станува збор за креирање бизнис модел, прототипирање, дизајнирање и валидација на пазарот, во пријателска тимска средина. Настанот трае 54 часа. Во текот на предвидените три дена исполнети со акција, ќе се сретнете со ментори, инвеститори, ко-основачи и спонзори кои ќе ви покажат како да завршите повеќе и побрзо – а можеби дури и да започнете свој бизнис од вашата идеја. Погледнете го ова ВИДЕО за повеќе информации.

Techstars Startup Weekend Western Balkans (Mobility Edition) ќе се одржи од 18-20 ноември во Приштина (Косово). TSW Balkans Mobility Edition се обидува да ги истакне и поттикне синергиите помеѓу луѓето и местата кои ја нудат својата експертиза, креативност и посветеност на подигање на свеста за одржлива мобилност и промовирање на промени во однесувањето во корист на активна мобилност, како и создавање врски помеѓу регионот и луѓе. Главен акцент е стваен на паметна и одржлива мобилност и подобра поврзаност. Во согласност со Европската недела на мобилност 2022 година, петте столбови на „Better Connections“ се: луѓе, места, пакети и планирање и политика.

Темата „Smart and sustainable mobility. Better connectivity“ се обидува да ги нагласи и поттикне синергиите меѓу луѓето, местата и околината. Со експертиза, креативност и посветеност на подигање на свеста и промовирање на промени во однесувањето во корист на одржлива и паметна мобилност, покрај тоа што ќе допрете и ќе воспоставите конекции меѓу регионот и луѓето.

Мисијата на Techstars Startup Weekend е да подучува и промовира претприемништво и да гради и да ги зајакнува заедниците преку искуствено учење. Учесниците на Startup Weekend од различни тимови, работат на нивните идеи и соработуваат со истомисленици, иновативатори и ентузијасти. Веруваме дека луѓето кои ќе дојдат на нашиот настан ќе бидат тие што ќе решат реални предизвици со кои се соочува нашиот свет. Ги ставаме луѓето на прво место и сме отворени за сите. Имајќи го тоа на ум, ги дефиниравме четирите вредности во основата на Techstars Startup Weekend. Techstars Startup Weekend е секогаш отворен за сите, без оглед на искуството, потеклото, вештините и способностите, како и тоа и дали учесникот има да понуди или не идеја.

На следниот ЛИНК може да дознаете повеќе информации за настанот, агендата и регистрацијата на билети.

На Techstars Startup Weekend Balkans 2022 (Mobility Edition) домаќин е Innovation Centre Kosovo (ICK) и коорганизиран од ICT HUB (Србија), Ofiçina Innovation Hub & Balkans Capital (Албанија), Solveo & Startup Macedonia (Северна Македонија) и Tehnopolis (Црна Гора). Поддржан е и од Општина Приштина, Амбасадата на Шведска во Приштина, Транспортната заедница и Coca-Cola HBC Косово.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Пријавете се за специјализирана FINTECH програма, DESIGN THINKING тренинг и награден ХАКАТОН

Фондацијата ПРЕДА плус го објави повикот за учество во првата наменски креирана програма која ќе отвори нова ера во финансиската индустрија кај нас. FINTECH START-UP програмата е наменета за сите…
Прочитај

Македонски иноватори освоија награда на балканскиот Techstars Startup Weekend во Тирана

Тимовите беа водени од 35 интернационални ментори, експерти во осум различни индустрии. Организатор на настанот беше Центарот за иновации Oficina од Тирана. Techstars Startup Weekend е 54 часовен настан кој…
Прочитај

Тирана го кани Балканот на регионален Стартап викенд од 19-21 ноември

Првото регионално издание на Текстарс стартап викенд ќе се одржи во Тирана каде претставници од 6 земји ќе работат на развојот на нови бизнис решенија преку решавање на локални предизвци.…
Прочитај