4 причини зошто Design Thinking е моќна алатка за справување со промени

Total
1
Shares

Промените се неизбежни, особено во бизнис светот каде организациите треба континуирано да се подобруваат и адаптираат според потребите на пазарот. За да ја одржат компетитивната предност, тие мора да се фокусираат на зголемување на ефикасноста и креирање на иновативни продукти и услуги. Но, постигнувањето на оваа цел не е едноставно и лесно, и компаниите се соочуваат со голем број на пречки во процесот.

Најчестиот проблем со кој се соочуваат компаниите при процесот на иновирање е реализацијата на самите идеи. Ова се случува затоа што вработените, токму оние кои треба да ги имплементираат промените, не се подготвени, покажуваат отпор, или се соочуваат со пречки при проследувањето на назначените задачи. Вработените се катализаторот на сите иновации и промени, и поради тоа сите организации треба да инвестираат во нив.

Прочитајте 4 причини зошто Design Thinking методологијата е алатката која им е потребна на вработените во вашето претпријатие, со цел се справуват со промените на едноставен и ефективен начин.

1. Вклучување на сите засегнати страни

Тајната што ја знаат сите успешни лидери е дека вклучувањето во процесот на креирање, создава чувство на сопственост, пасија и верба во идејата. Веројатноста да се дојде до ситуација на отпор е многу помала доколку сите засегнати страни се директно вклучени во самиот процес на иновација.

Design Thinking методологијата се заснова на тимска работа и ја потенцира значајноста на вклучување на идеите и мислењата на што е можно повеќе индивидуи. Покрај тоа, преку поврзување на засегнатите страни, се зголемува чувството на одговорност и емпатија. Тоа значи дека и во ситуација каде дел од вработените ќе се соочат со промени кои повикуваат на отпор, шансите да ја прифатат промената, и да ја поддржат, се поголеми ако се почуствуваат како дел од заедницата.

2. Дејствување со емпатија

Компаниите често се соочуваат со проблеми при имплементација на едноставни но многу значајни промени во секојдневните процеси. За пример можеме да го земеме навременото извршување на задачите – нешто со кое компаниите од нашиот регион се соочуваат секојдневно. Традиционалниот начин на справување со проблемите од овој тип се опомени и казни, но реалноста е дека тие не се многу ефективно решение.

Design Thinking методологијата се фокусира на размислување со емпатија. Со неа секој проблем се сведува на: Како може да им помогнеме на луѓето? Преку намалување на пречките кои им претставуваат проблем на вработените, навистина може да влијаеме на квалитетот и брзината на реализирањето на задачите.

3. Тестирање и докажување

Многу често при дискутирање на идеи и иновации, преовладува скептицизам и отпор од страна на мнозинството. Без докази за вистинскиот потенцијал на идеите многу е тешко да се убедат засегнатите страни за вистинскиот потенцијал на идеите.

Тестирањето на идеите е клучен дел од Design Thinking методологијата. Покрај намалување на ризикот при инвестирање во идеите, се зголемува и вербата кај сите вклучени во процесот на реализација на истите, што воедно и ги зголемува шансите истите да бидат успешни.

4. Откривање и фокус на интересите

Доколку не ги знаете интересите на сите засегнати страни, нема да можете да ги мотивирате да вложат во реализацијата на идеите. Препознавање на тоа што ги мотивира вашите вработени, инвеститори, како и потрошувачи е клучно за придобивање на нивната поддршка и лојалност.

Design Thinking методологијата го олеснува целиот процес на имплементирање на иновативните промени. Со помош на нејзините принципи и тактики, се намалува отпрот од страна на оние кои се клучни за реализација на истите.

Следете го примерот на многубројните компании во светот кои веќе долги години се служат со Design Thinking методологијата и дозволете таа да го осветли патот кон успехот и за вашето претпријатие.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Virtuelen Design Thinking team buidling

Моќта на Виртуелниот Design Thinking тим билдинг води до ефикасни и сплотени тимови

Многумина од нас се се уште дел од тимовите кои се моментално одвоени, можеби само локациски, но можеби и со различни временски зони. Без оглед каде е вашиот тим, градењето…
Прочитај
4 pricini za uspesno vodenje na biznisot so Design Thinking

4 начини за успешно водење на Вашиот бизнис применувајќи го Design Thinking процесот

  Водењето на бизнис е доста комплексно. Од постојано менување на деловната динамика, управување со повеќе чинители, задоволување на растечките потреби на клиентите, сè до справување со непозната иднина; сопствениците…
Прочитај

Емпатија: Зошто Ви е потребна да бидете успешни во бизнисот?

Емпатијата е човечка карактеристика која може да го промени светот. Треба да знаеме како да се поставиме во туѓи чевли, и да ги погледнеме работите од туѓа перспектива. – Барак…
Прочитај

Што знаете за новата ера на туризмот?

Во свет кој постојано се развива, големи се и очекувањата на патниците. Помина времето кога едноставна хотелска соба или буџетски лет би биле доволни. Денешните авантуристи бараат нешто подлабоко, значајно…
Прочитај

Како ефективната комуникација на работното место може да ја зголеми продуктивноста?

Дали некогаш сте се запрашале зошто скоро сите огласи за работа во која било област бараат добри комуникациски вештини? Ефективната комуникација е од клучно значење, бидејќи без неа компаниите нема…
Прочитај