Со Design Thinking од идеја до продукт

Total
1
Shares

Примената на Design Thinking нè охрабрува повторно да размислиме како ја носиме идејата од концептот, преку процесот на развој до лансирање. Фокусирајќи се на емпатијата кон корисниците, а не на истражувањето за корисниците, Design Thinking нè носи веднаш до поврзувањето со клиентите и нè потсетува дека креираме производи што луѓето ги сакаат.

Што сакаме да постигнеме?

Сè започнува со прашањето: Зошто и зџа кого креираме продукти? Без разлика дали се работи за софтвер, хардвер, услуги или кампањи, сите ние споделуваме заедничка цел – сакаме да поттикнеме промени кај нашите корисници. Кога создаваме нови производи, тоа го правиме за да ги поттикнеме нашите клиенти да го променат своето однесување (на пр. колку често се поврзуваат со нас или колку често купуваат) или нивните перцепции (како на пример како ја гледаат нашата компанија).

Најпрвин поврзете се прво, а прашувајте подоцна!

Доколку навлезете во разликата помеѓу корисничкото истражување и емпатијата на корисниците, охрабрете се да направите пауза при поставувањето прашања за вашиот производ или идеја. Прво бидете длабоко ематични и поврзете се со вашите клиенти и за да дознаете повеќе за нивните животи. За да изградите производ кој ќе успее да поттикне промени, треба темелно да го разберете секојдневниот живот на корисниците – што ги фрустрира, што ги возбудува, што е значајно за нив.

Создадете повеќе избори,но не давајте брзи заклучоци и одлуки!

Концептите на дивергентно и конвергентно размислување ни помагаат да ја разбереме вредноста на моделот за Design Thinking. Тој нè охрабрува кон побогат процес на развој на идеи со тоа што нè охрабрува да се откажеме од целта да ја најдеме вистинската идеја во корист на создавање на поголем број можни избори. Ова го враќа апстрактното размислување во процесот на развој на идеи и овозможува простор за учење.

Кои се придобивките?

Design Thinking може да помогне со споделување на некои вредни лични приказни. Доколку се дознаат некои лоши и проблематчни искуства, побргу може да се креира или догради конкретниот производ. 

Емпатијата, флексибилноста, отвореноста и иновативното размислување креираат одлични кориснички искуства.

Отстапување од производот и враќањето на емпатијата (како се чувствувал клиентот и што сакал да постигне во својот секојдневен живот) води до нови идеи, пошироки избори и на крајот до производи кои успеале да поттикнат промени.

За успех е потребно само да си го поставиме прашањето: Каква промена сакаме да направиме и како можеме да изградиме производ што е сакан, а не само остварлив?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Како Design Thinking ги менува трендовите, а воедно и вашиот бренд?

Беа потребни многу студии и истражувања за научниците во светот да заклучат дека „дизајнот“ навистина бил и е наука. Уште во 1978 година, Дејвид Кели ја формирал својата фирма за…
Прочитај

Како изгледа Design Thinking процесот претставен со реален пример

Design Thinking е неспорно моќна алатка за компаниите, но како изгледа тоа во пракса? Како организациите го примениле овој пристап и како функционира? Познати компании како AirBnB и UberEats го…
Прочитај

Зошто позитивните критики се важни за работната атмосфера

Позитивното критикување е всушност фидбек за одредена активност, ситуација или однесување кој не зависи од реалниот исход туку се фокусира само на позитивниот дел. На пример, во спортот по изгубениот…
Прочитај

Дознајте како корисниците го гледаат Вашиот продукт

Секоја компанија се труди да навлезе во “чевлите” на клиентот, бидејќи перспективата на клиентот е круцијален фактор за успех на одреден продукт. За што служи вашиот продукт? Како клиентот ќе…
Прочитај