Дознајте како корисниците го гледаат Вашиот продукт

Total
2
Shares

Секоја компанија се труди да навлезе во “чевлите” на клиентот, бидејќи перспективата на клиентот е круцијален фактор за успех на одреден продукт.

За што служи вашиот продукт? Како клиентот ќе се одлучи дека треба да го поседува токму тој продукт?

Купувачот го купува продуктот кој вие го нудите, бидејќи смета дека тој продукт ќе реши некој негов проблем. Постои една популарна теорија која вели дека корисникот го “најмува” продуктот за да тој заврши одредена задача или работа. На пример, кафето не држи будни или полни со енергија, преносниот компјутер го најмуваме за да можеме да работиме од кафуле, на пат и слично. Но, апликацијата за продуктивност на работа ја најмуваме за да бидеме продуктивни и фокусирани.  Доколку корисникот смета дека вашиот продукт нема да ја заврши работата за која го најмил, малку е веројатно дека повторно ќе се врати на тој продукт или дека воопшто ќе го набави од првпат.

За да дознаете дали вашиот продукт навистина ја врши работата за која сте го креирале, стапете во акција на следниве начини:

Излезете на терен

За да дознаете што клиентите навистина мислат за нашиот продукт, излезете од вашата комфорна зона и дознајте. Познатото теренско истражување е широко прифатено во design thinking методологијата. Презентирајте го прототипот на вашиот продукт или самиот продукт на случајните посетители во најблиското кафуле, или на местата на кои може да најдете некој потенцијален клиент. Иако изгледа непотребно и непријатно како искуство, теренското истражување може да ви донесе многу интересни информации кои ќе ви помогнат да го подобрите продуктот.

Анкетирајте и интервјуирајте

Најдобриот начин да дознаете што мислат вашите клиенти за продуктот што го нудите е да ги вклучите во истражувањето. Составете прашалник, одржете состанок и поставете ги вистинските прашања за да ги дознаете клучните мислења. Трудете се да не го продавате вашиот продукт на анкетираните лица, туку навистина сочувствувајте со луѓето и дознајте како да го подобрите, унапредите продуктот, или едноставно дознајте која е најдобрата страна на продуктот од кориснички аспект.

Набљудувајте

Шпионирајте како луѓето го користат вашиот продукт. Набљудувајте ги нивните реакции, емоции кои несвесно ги покажуваат додека се во интеракција со вашиот продукт. Дали искуството им е позитивно или ви личи дека се мачат додека го користат продуктот?

Стравот од лошите критики, неконструктивните мислења и негативни коментари е најчестата блокада за истражувања од ваков тип. Сепак, најреалните одговори за вашиот продукт се кријат токму кај корисниците за кои е продуктот наменет.

Затоа, претворете ги корисниците во ваши партнери, соработници и генератори на идеи во процесот на креирање на успешни продукти и најдобри кориснички искуства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Како Design Thinking ги менува трендовите, а воедно и вашиот бренд?

Беа потребни многу студии и истражувања за научниците во светот да заклучат дека „дизајнот“ навистина бил и е наука. Уште во 1978 година, Дејвид Кели ја формирал својата фирма за…
Прочитај

Како изгледа Design Thinking процесот претставен со реален пример

Design Thinking е неспорно моќна алатка за компаниите, но како изгледа тоа во пракса? Како организациите го примениле овој пристап и како функционира? Познати компании како AirBnB и UberEats го…
Прочитај

Зошто позитивните критики се важни за работната атмосфера

Позитивното критикување е всушност фидбек за одредена активност, ситуација или однесување кој не зависи од реалниот исход туку се фокусира само на позитивниот дел. На пример, во спортот по изгубениот…
Прочитај