Развијте го вашиот бизнис: Од каде треба да започнете?

Total
2
Shares

Секој што сака да започне бизнис се соочува со многу прашања и изговори:

“Имам многу идеи, сите се одлични, не знам на што да се фокусирам.”

“Идеите се супер, ама немам капитал за да започнам бизнис.”

Оние кои што ја избрале идејата за бизнис и имаат капитал, се соочуваат со милион прашања и сценарија околу негативните и позитивните страни на водењето бизнис.

За започнување на еден успешен бизнис, клучни се: идејата, мотивацијата и конзистентноста.

Која е тајната на успешните бизниси?

Ричард Бренсон вели дека “сите големи бизниси тргнуваат со мали чекори”. Или, започнуваат од мала искра на љубопитност која се претвора во профитабилна бизнис идеја.

Од многуте успешни бизнис приказни, можеме да дознаеме дека:

–   Успешните бизнисмени се фокусирале најпрво на сопствените желби и пасии, што е она што ги мотивира и движи напред,

–   Успешните бизниси имале многу тешки почетоци, но со истрајноста успеале да опстојат и да доминираат;

–   Успешните бизнисмени постојано се навраќаат на првичната мотивација за започнување на бизнисот;

–   Профитот не е мерило за успешноста или долгорочноста на бизнисот, доколку бизнисот не подлежи на промени и усовршување;

 Бизнисот кој го започнуваме можеме да го гледаме како уште еден проект во нашиот живот. Слично како и студиите, привремената работа, моменталните ситуации,  секој проект (а и бизнис) има свој почеток и некаков крај. Почетокот на бизнисот ќе се смета за моментот на појавување на бизнис идејата.

Како се генерираат идеите?

Истражувањето на пазарот може да генерира идеи за моменталните празнини на пазарот. Она што не се нуди моментално на пазарот- е она што ви е потребно да го разработите. Идеите ги имаме и самите ние, како и блиските луѓе до нас. Сите имаме потреба од некој продукт или услуга кој сеуште не се нуди на пазарот, или се тешко достапни. Клучно е да знаеме да препознаеме што можеме ние да понудиме како продукт и услуга за да им излеземе во пресрет на тие потреби на корисниците. Кога ќе ја најдеме идејата која на некој начин е потребна и уникатна, а ние ги имаме потребните знаења, ресурси и план за реализација, тогаш имаме бизнис идеја.

Од идеја до бизнис реализација

Бизнис идејата треба да прерасне во реалност, а за тоа е потребен бизнис моделот. Business model canvas е алатка која помага сликовито да се развијат клучните детали за бизнис идејата. Потоа, се подготвува бизнис планот, кој ги содржи сите важни компоненти на идниот бизнис. Јасната визија за тоа каде води бизнисот мора да биде почетна точка за креирање на бизнис моделот и за подготовка на бизнис планот. 

До лансирањето на бизнисот има уште многу чекори. Споменати се само најмалите почетни чекори кои се многу важни за трасирање на иднината на еден бизнис. Креативноста е неопходна компонента за да се дојде до идеја и до реализација на еден бизнис, покрај мотивацијата и упорноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Како Design Thinking ги менува трендовите, а воедно и вашиот бренд?

Беа потребни многу студии и истражувања за научниците во светот да заклучат дека „дизајнот“ навистина бил и е наука. Уште во 1978 година, Дејвид Кели ја формирал својата фирма за…
Прочитај

Како изгледа Design Thinking процесот претставен со реален пример

Design Thinking е неспорно моќна алатка за компаниите, но како изгледа тоа во пракса? Како организациите го примениле овој пристап и како функционира? Познати компании како AirBnB и UberEats го…
Прочитај

Зошто позитивните критики се важни за работната атмосфера

Позитивното критикување е всушност фидбек за одредена активност, ситуација или однесување кој не зависи од реалниот исход туку се фокусира само на позитивниот дел. На пример, во спортот по изгубениот…
Прочитај

Дознајте како корисниците го гледаат Вашиот продукт

Секоја компанија се труди да навлезе во “чевлите” на клиентот, бидејќи перспективата на клиентот е круцијален фактор за успех на одреден продукт. За што служи вашиот продукт? Како клиентот ќе…
Прочитај