Кој тип на иноватор сте?

Total
0
Shares

Со вистинските луѓе и примена на модерни технологии во вашиот бизнис, вие сте на  вистинската позиција да започнатете со иновирации. Но,имате дилема и предизвик од каде да започнете? Што сакате да постигнете? Како ќе изгледа иднината за вашата компанија? Бидете храбри и верувајте им на можностите од современото доба.

Познати се четири различни „типови“ на иновации и иноватори. Според вашите стратегии и цели за иднината може да видите кој начин за имплементрање иновации е најдобар за вас, вашата компанија и вработени.

Насочувањето кон иновации е клучно за преживување и успешно опстојување во современиот бизнис. Откривањето на вашиот иновативен потенцијал не е само предизвик, туку и неверојатна можност за раст и развој. Сепак, пред да ги примените новите технологии и стратегии, важно е да одредите кој тип на иноватор сте и како да го интегрирате тоа во вашиот бизнис.

ПОСТЕПЕНА ИНОВАЦИЈА 

Овој тип на иновирање ви овозможува да го подобрите вашиот постоечки производ или услуга. Со континуираното искачување нагоре на стапките кон подобрување, создавате поголема вредност за вашиот пазар. Препорачуваме стартување со детална анализа на вашите производи и услуги, а потоа размислете за креативни начини како да ги подобрите.

АРХИТЕКТОНСКА ИНОВАЦИЈА 

Вториот тип, вклучува трансформација на вашиот бизнис кон нов пазар. Користејќи ги постоечките процеси и технологии, менување на дизајнот и понудата, вие имате можност да привлечете нова публика. Размислете за начини како да ги адаптирате вашиот продукт или услуга и да го претставите на различни клиенти или пазари.

ОСПОРЕНА ИНОВАЦИЈА

Тука се фокусирате на креирање на нови производи и услуги за постоечкиот пазар. Истражете ги потребите на клиентите и анализирајте ги производите и услугите што се веќе достапни на пазарот, со цел да создадете алтернативи кои ќе допринесат кон нов извор на приходи.

РАДИКАЛНA ИНОВАЦИЈА 

Последниот тип на иновација,  вклучува примена на комплетно нова технологија за создавање сосема нов производ или услуга кон нов пазар. За да го постигнете ова, потребно е да се насочите кон иновативни релации и да бидете отворени кон нови идеи и технологии.

Заклучокот е дека изборот на тип на иновација зависи од вашите стратегии и цели. Бидете храбри и верувајте во можностите што ви ги нуди современиот бизнис. Внимавајте на потребите на пазарот, препознајте ги можностите за подобрување, трансформација и креирање на нешто сосема ново. Само така, вашата компанија може да напредува и да се вклучи во врвот на иновативните лидери во вашиот сектор.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
design thinking приказни

5 успешни Design Thinking приказни

Сигурно се прашувате како и дали воопшто design thinking функицонира? Како се применува и имлементира оваа популарна алатка во различни различни индустрии и бизнис сектори? Примерите кои ги одвоивме ќе…
Прочитај

Како преку Design Thinking до иновации во компанијата?

Во денешно време брзината е пресудна за успехот, особено кога се работи за лансирање на нови продукти. Компаниите кои се истакнуваат како најуспешни, и воедно, кои опстојуваат, се фокусираат на…
Прочитај

10 примери како светските бизнис лидери иновираат

Design Thinking e методологија која се користи за решавање на комплексни проблеми и смислување на иновативни продукти и услуги. Налик на една универзална мапа која со конкретни чекори го покажува…
Прочитај

Како вештачката интелигенција може да ја зголеми мотивацијата на вработените?

Во модерните работни средини, вештачката интелигенција може да се искористи на повеќе начини за зголемување на ангажманот и мотивацијата на вработените.  Во продолжение неколку едноставни, но корисни примени на вештачката…
Прочитај

Кои се 7те иновации од прехранбената индустрија?

Храната претставува важен аспект од животот на луѓето. Покрај основната функција за обезбедување енергија, таа служи и како причина за социјализацја. Денешниот човек сè повеќе внимава за квалитетот на храната…
Прочитај