Прирачник за иновации според Design Thinking

Total
22
Shares
Priracnik za inovacii
Priracnik za inovacii spored Design Thinking

Што е заедничко за познатите светски компании како Епл, Пепси, Најк, Кока Кола и ИБМ?

Освен што се гигантски компании, заедничко за нив е тоа што се комплетно ориентирани кон Design Thinking пристапот и на тој начин креираат врвни бизнис резултати и компетитивна предност преку иновации. 

Дали е иновацијата привилегија само на компаниите гиганти или секоја мала, средна компанија може да биде иновативна?
Секако дека може, и тоа со примена на истиот пристап- design thinking како основно гориво за иновации.
Design thinking пристапот се фокусира на потребите на корисникот, а ги осознава истите преку емпатија. Тоа е почетната фаза и основата на design thinking, кој потоа продолжува во фазите: идеација, креирање на прототип и валидација.

За да видиме како design thinking поттикнува иновации, ќе ги поделиме иновациите во 4 категории, поткрепени со примери.

  • Под делумна иновација се подразбира подобрување, надградување или симплификација на технологијата/ производот/ услугата. Пример е кампањата Сподели Кока- Кола со…. на Кока- Кола во која пакувањата се персонализирани со имиња. Кампањата е производ на design thinking пристапот, според кој корисникот е на прво место, па така персонализацијата на продуктите се смета за успешна тактика која довела до зголемување на продажбата за 7%.
  • Дисруптивната иновација претставува пробив на нешто сосема ново на пазарот, кое влијае на тоа како еден пазар или индустрија функционираат.  Пример за таква иновација е Нетфликс, модернизирана верзија на видеотеките, која со помош на design thinking од сервис за достава на ДВД филмови станува онлајн стриминг сервис  кој ги исполнува потребите на корисниците за постојана достапност на филмови и ТВ серии. Користејќи го истиот пристап, компанијата е во постојан иновативен циклус- заради публиката која бара свежи и провокативни содржини, Нетфликс основа своја продукција на филмски и ТВ содржини кои генерираат милиони нови корисници.
  • Архитектурна иновација е пренос на искуства и знаења од една област и пренесување на истите на друг пазар. На пример, мемориската пена постигна голем успех ширум светот во домаќинствата, а е дизајнирана од Ејмс Истражувачкиот центар на НАСА за да се подобри квалитетот на перниците кои ги користат авионските патници.
  •  Радикалната иновација иако најретка, е токму тоа што го подразбираме под самиот поим иновација- раѓање на нови индустрии и револуционерни производи. Еден пример за радикална иновација е iPhone- телефон со екран на допир, продуктот со кој се отвори нов пазар на паметни телефони. Стив Џобс за да го создаде паметниот телефон користел design thinking така што се фокусирал на: потребите на луѓето, корисничкото искуство и едноставноста и минималистичкиот дизајн.

Евидентно од дадените примери, со имплементација на design thinking во процесот на иновирање, степенот на успех на иновациите драматично расте, токму поради неприкосновениот фокус кон корисниците и нивните потреби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
design thinking приказни

5 успешни Design Thinking приказни

Сигурно се прашувате како и дали воопшто design thinking функицонира? Како се применува и имлементира оваа популарна алатка во различни различни индустрии и бизнис сектори? Примерите кои ги одвоивме ќе…
Прочитај

Како преку Design Thinking до иновации во компанијата?

Во денешно време брзината е пресудна за успехот, особено кога се работи за лансирање на нови продукти. Компаниите кои се истакнуваат како најуспешни, и воедно, кои опстојуваат, се фокусираат на…
Прочитај

10 примери како светските бизнис лидери иновираат

Design Thinking e методологија која се користи за решавање на комплексни проблеми и смислување на иновативни продукти и услуги. Налик на една универзална мапа која со конкретни чекори го покажува…
Прочитај

Како тандемот Tesla и Design Thinking направи чуда за клиентите?

Tesla Motors е едно од најистакнатите имиња во автомобилската индустрија. Илон Маск, извршниот директор на Tesla Motors, замисли дека компанијата ќе биде технолошко чудо и независен производител на автомобили. Тој…
Прочитај

Зошто е важно да внесувате иновации во секојдневниот живот?

Првото нешто што ни паѓа на памет кога ќе го прочитаме зборот иновација, мислиме на револуционерни откритија, технолошки достигнувања, нешто што го менува светот. Несомнено, електричната сијалица или паметниот телефон…
Прочитај