Како вештачката интелигенција може да ја зголеми мотивацијата на вработените?

Total
0
Shares

Во модерните работни средини, вештачката интелигенција може да се искористи на повеќе начини за зголемување на ангажманот и мотивацијата на вработените. 

Во продолжение неколку едноставни, но корисни примени на вештачката интелигенција од работната средина:

Чет-ботови и виртуелни асистенти: 

Чет-ботовите и виртуелните асистенти се софтверски програми дизајнирани да комуницираат со луѓето користејќи природен јазик и машинско учење. Чет-ботовите и виртуелните асистенти нудат персонализирана помош, одговараат на често поставувани прашања и овозможуваат едноставно вработените да пристапат до информации за бенифициите, курсевите за обука, проценките на перформансите и слично.

Реален пример: Phia е чет-бот за вработените развиен од peopleHum кој може да упрости некои аспекти на ангажманот на вработените. Таа може да врши анкети, да ги ажурира задачите, да применува барања за одмор, да одговара на често поставувани прашања и да пристапува до податоци од различни извори — исто така има можност за интеграција со популарни платформи како Slack, Microsoft Teams и WhatsApp.

Персонализирана обука и развој:

Вештачката интелигенција може да помогне во прилагодувањето на можностите за обука и развој според конкретните потреби и предиспозиции на вработените. Анализирајќи ги податоци како профилите на вработените, проценките на перформансите, анкетите и историјата на учењето, вештачката интелигенција може да предложи персонализирани насоки за учење кои се креирани специфично за секој вработен.

Реален пример: IBM Watson Talent’s Framework може да им помогне на вработените да ги откријат пропустите во вештините и кариерните амбиции, да препорача персонализирани содржини за учење креирани специфично за исполнување на тие цели и интереси, да ги следи напредокот со тек на време и да нуди повратни информации. Освен тоа, оваа платформа користи технологија на вештачка интелигенција за следење на напредокот на вработените додека работат кон исполнување на своите цели и амбиции.

Извештаи за перформансите со помош на вештачката интелигенција:

Вештачката интелигенција може да обезбеди објективни податоци и информации кои можат да им помогнат на претпоставните во правењето на поефикасни одлуки за менаџирање на перформансите, заслугите и признанијата. Софтверот со вештачката интелигенција може да анализира анкети на вработените, проценки на перформансите и други извори за да открие карактеристики што обично би останале скриени за луѓето.

Реален случај: Microsoft Viva користи технологија на вештачката интелигенција за да им помогне на менаџерите да дознаат како нивните тимови соработуваат, нудејќи предлог начини за зголемување на продуктивноста, ангажманот и добробитот на вработените. Освен тоа, ова алатка помага и на менаџерите да ги идентификуваат најдобрите вработени, како и потенцијалните лидери или пак вработените кои се од ризик во една компанија.

Како да спроведете успешна имплементација на вештачката интелигенција?

Определете ги вашите цели: Пред користењето на решение за вештачка интелигенција, најважно е да ги дефинирате крајните цели од примената на вештачката интелигенција да бидат јасни. Каде постојат иницијативи за ангажман на вработените? Каде има критични точки или предизвици во вашата комапнија и што тие треба да се адресираат? Исто така, како ќе го мерите успехот на задачите?

Изберете решение за вештачката интелигенција: Откако ќе ги дефинирате вашите цели, следниот чекор треба да биде избор на решение за вештачката интелигенција што одговара на нив. Иако можеби постојат многу производи за вештачка интелигенција на пазарот денес, не сите од нив ќе одговараат точно на вашите потреби. При изборот на алатка, земете ги предвид карактеристиките, функционалноста, цената, барањата за интеграција и безбедноста како дел од процесот на одлучување.

Интегрирајте ги алатките за вештачка интелигенција во постоечките системи: Откако ќе изберете решение за вештачката интелигенција, следниот чекор треба да биде одредување на нивото на интеграција со сите постоечки системи за да се обезбеди консистентност на податоците меѓу платформите и да се олесни пристапот на вработените кои користат различни апликации или уреди истовремено.

Обучете ги вашите вработени: Откако ќе ги интегрирате алатките за вештачката интелигенција во постоечките системи, клучно е вработените да научат како да ги користат ефикасно. Објаснете им ја целта, предностите, ограничувањата и демонстрирајте ја примената, покажувајќи ги корисните аспекти како подобрување на работниот перформанс или искуството за вработените. Понудете ресурси како упатства, видеа или ментории, како би можеле да ги консултираат овие извори ако имаат прашања или проблеми.

Мерете ги вашите резултати: Конечно, важно е вашиот успех на имплементацијата на вештачката интелигенција да биде мерен и применет од вработените.

Вештачката интелигенција нуди огромен потенцијал како помош во ангажманот на вработените и сѐ повеќе компании се обидуваат постепено да ги воведат алатките за вештачката интелигенција. Сепак, важно е да се направи баланс помеѓу технологијата и човечките интеракции за да се обезбедат услови каде вработените се чувствуваат вреднувани и ценети. Вештачката интелигенција може да помогне во оптимизирање на административните задачи и да допринесе на дневните задачи, но мора да се внимава да не наштети на човечките односи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
design thinking приказни

5 успешни Design Thinking приказни

Сигурно се прашувате како и дали воопшто design thinking функицонира? Како се применува и имлементира оваа популарна алатка во различни различни индустрии и бизнис сектори? Примерите кои ги одвоивме ќе…
Прочитај

Како преку Design Thinking до иновации во компанијата?

Во денешно време брзината е пресудна за успехот, особено кога се работи за лансирање на нови продукти. Компаниите кои се истакнуваат како најуспешни, и воедно, кои опстојуваат, се фокусираат на…
Прочитај

10 примери како светските бизнис лидери иновираат

Design Thinking e методологија која се користи за решавање на комплексни проблеми и смислување на иновативни продукти и услуги. Налик на една универзална мапа која со конкретни чекори го покажува…
Прочитај

Кој тип на иноватор сте?

Со вистинските луѓе и примена на модерни технологии во вашиот бизнис, вие сте на  вистинската позиција да започнатете со иновирации. Но,имате дилема и предизвик од каде да започнете? Што сакате…
Прочитај

Кои се 7те иновации од прехранбената индустрија?

Храната претставува важен аспект од животот на луѓето. Покрај основната функција за обезбедување енергија, таа служи и како причина за социјализацја. Денешниот човек сè повеќе внимава за квалитетот на храната…
Прочитај