5 успешни Design Thinking приказни

Total
1
Shares
design thinking приказни

Сигурно се прашувате како и дали воопшто design thinking функицонира? Како се применува и имлементира оваа популарна алатка во различни различни индустрии и бизнис сектори?

Примерите кои ги одвоивме ќе ви докажат како некои од најпознатите светски брендови со помош на DT методологијата одговориле на предизвиците со кои соочиле.

 

1. Мала бела магична кутија

design thinking приказни

Предизвик: Пред лансирањето на Wii, главни конзументи во индустрија за видео игри беа гејмерите и тоа претежно млади момчиња. Постојните напори за задржување на нивното внимание беа насочени кон визуелно / графичко / аудио подобрување.

Продукт:  Во 2005, Nintendo го создаде Wii, конзола за видео игри која им овозможува на играчите интеракција со движење на телото. Овој продукт веднаш стана хит, каде гејмерското искуства стана попривлечно за целото семејство. Освен предноста да биде вклучено целото семејство на заедничка активност и  можноста за физичка активност, Nintendo за овој продукт понуди и поволна цена, која е пониска од Xbox и PS3.

Имплементација: Позната како Малата бела кутија (‘Little White Box’ ) на Nintendo, претставува најуспешна домашна конзола до ден денес. Со продадени над 100 милиони примероци ширум светот, се вбројува во најпродаваните системи за видео игри досега, заземајќи ја 5-та позиција. Исто Wii е еден од најбрзо продаваните продукти некогаш, а одреден период бил најпрпознатлив бренд во светот.

2. Disneyland

“ If you can dream it, you can do it”-Walt Disney

design thinking приказни

Предизвик Единствената желба на Волт Дизни била да создаде места каде што атмосферата и случувањата ќе останат забележени во сеќавањата на секој поединец, како кај децата така и кај возрасните.  

Продукт Волт Дизни го креирал Disney Park со цел секому да создаде незаборавни моменти. Според него најбитни се деталите. Тие ја прават целината и искуството да биде комплетно и единствено. Обрнал внимание на секој елемент и ќоше, на отсјајот од секој сончев зрак, на сите звуци…Постојаното и постепено подобрување на деталите е неговиот клуч за успех.   

Дизни успеал да спои две работи во едно: филмската индустрија и забавен парк. 

Освен што е татко на најпознатиот забавен парк, Дизни вовел иновации во филмската индустрија, ја креирал multi-plane камерата.

Имплементација – Тематските паркови на Дизни ја продолжуваат својата доминација, со околу над 140 милиони посетители на годишно ниво. Најдобрите 11 тематски паркови достигнуваат приход од околу 50 милијарди американски долари и годишна добивка од 10 милијарди американски долари.

3. Топла прегратка за новороденчиња

Предизвик: Да се создаде економичен инкубатор за новороденчиња. Потребата доаѓа од статистиките кои покажале дека секоја година има над 1 милион починати предвремено родени бебиња, најчесто во првите 24 часа. Најголемата причина за тое е хипотермијата.

Продукт: По спроведеното истражување, се дошло до сознание дека многу од инкубаторите на болниците останувале неискористени бидејќи бебињата на кои им биле најпотребни се родени по селата и тоа со голема одалеченост (1-5 часа просечно) од клиниките. Современети инкубатори ги имаат идеалните услови, но сепак потребата во овие услови се покажала поинаква. Потребно било да се пополни просторт додека мајките се наоѓале сеуште во домовите во исчекување да бидат префрлени до градовите каде клиниките имаат оддел за неонатологија (наука за новороденчиња и предвремено родени бебиња). Тоа се миговите каде се води најголемата битка. 

Решенито било да се направи мала парафинска торба за спиење, која што кога еднаш ќе се загрее, може да ја одржува температурата до 4 часа. Наjголемата предност е тоа што може да се користи дома, за време на патувањето – и буквално насекаде!

Имплементација Топлачот за новороденчиња е лесен за употрба и чини 99% помалку од традиционалниот инкбатор за бебиња. Тој има потенцијал да спаси милиони новороденчиња во земјите во развој. (веќе има спасено повеќе од илјадници бебиња).

4. Дигитална музичка револиција

design thinking приказни

Предизвик: Всушност,  не постоел некој поголем проблем до 2001 година. Sony поседувал 50% од пазарот, сите имаа Walkman и го обожаваа. Луѓето сè уште не бараа активно да имаат нов производ. Единствен проблем се наметнуваше пренесувањето на музика, кој за сите беше досаден процес.

Продукт: Пренесувањето музика на преносен плеер деновитe пред iPod не беше толку страшен процес. Но, со пристигнувањето на iPod започна и совестувањето. Со iPod, за 10 минути имате неколку CDa во вашиот џеб – тоа беше интеграција на едно сосема ново ниво. Можноста автоматски да ја синхронизирате вашата музичка библиотека само со вклучување на iPod, тешко дека некој можеше да ја замисли неколку години наназад. Оваа радикална промена наметна нови позитивни навики на глобно ниво.

Имплементација: Интересно е тоа што кога Стив Џобс го лансирал првиот iPod, технолошката индустрија се смееше нарекувајќи го преценет уред, кој најверојатно нема да успее. По неколку генерации и бројни надградувања на неговиот дизајн и музички можности за складирање, iPod брзо стана најпопуларен и најуспешен MP3 плеер во светот. 

5. Сам свој дизајнер

design thinking приказни

Предизвик:  Oваа индустрија има многу можности за директно подобрување на искуството на клиентите, од дизајн на продавници за малопродажба до управување со синџирот на снабдување и испорака.

Продукт: IKEA созаде стратегија која се заснова на голем број фактори, како испорака на производот според потрошувачот, квалитет и функционалност по ниска цена и стратегија за одржливост од друга страна. 

Имплементација: IKEА е пионер за многу идеи како што се дистрибуиција, персонализирани кампањи, можноста сам дизајнираш и склопуваш дома. Тие ја редефинираа својата компанија и влијаеја на конкурекнтите преку нивниот иновативен пристап и дизајн. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Како преку Design Thinking до иновации во компанијата?

Во денешно време брзината е пресудна за успехот, особено кога се работи за лансирање на нови продукти. Компаниите кои се истакнуваат како најуспешни, и воедно, кои опстојуваат, се фокусираат на…
Прочитај

10 примери како светските бизнис лидери иновираат

Design Thinking e методологија која се користи за решавање на комплексни проблеми и смислување на иновативни продукти и услуги. Налик на една универзална мапа која со конкретни чекори го покажува…
Прочитај

Како тандемот Tesla и Design Thinking направи чуда за клиентите?

Tesla Motors е едно од најистакнатите имиња во автомобилската индустрија. Илон Маск, извршниот директор на Tesla Motors, замисли дека компанијата ќе биде технолошко чудо и независен производител на автомобили. Тој…
Прочитај

Зошто е важно да внесувате иновации во секојдневниот живот?

Првото нешто што ни паѓа на памет кога ќе го прочитаме зборот иновација, мислиме на револуционерни откритија, технолошки достигнувања, нешто што го менува светот. Несомнено, електричната сијалица или паметниот телефон…
Прочитај