Со смеење до иновација!
Здраво иноватори и љубители на шегата! Дали некогаш сте помислиле дека раскажувањето шеги може да биде одлична Design Thinking вежба? Oва не е шега 😉 Сега ќе истражиме како хуморот може да ја ослободи креативноста, да поттикне емпатија и да доведе до неверојатни идеи.
Има луѓе кои велат „Eee не можам да кажам шега баш сега“. Дел од причината е тоа што дел од луѓето навистина се плашат од раскажување шеги. Тие се предострожни од фактот како ќе биде нивната смешна приказна прифатена, дали ќе биде доволна интересна или пак премногу досадна. Но, тука е Design Thinking кој ни дава одлични упатства за пишување и кажување шеги, а воедно ќе помогне на некои од нас да се подобрат, а некои пак да стекнат самодоверба.
Да почнеме со елементите на Design Thinking (поделбата е приспособена кон темата на блогот):
Запознај се: Проценете ја вашата публика.
Истражувај. Што сака вашата публика да слушне? Што ја прави насмеана?
Нафрлај идеи: Запиши ги сите твои предлози, од најлуди до најсмешни;
Прототип: Биди магичен автор, напиши ги најсмешните приказни, вицеви, стории…
Тестирај: Поклони се и почни пред твојата омилена публока
- Емпатија: Влезете во умот на комичарот!
Првиот Design Thinking чекор е да се сочуствуваш, па кој би бил друг подобар начин да го направите тоа освен со хумор? Како и комичарот, треба вистински да ја разберете вашата публика. Успехот на шегата зависи од информацијата што ги тера луѓето да се насмеат и да се поврзат. Така, следниот пат кога ќе работите на нов проект, започнете со прашањето: „Што би ја насмеало мојата публика?“
Забавна вежба: Започнете ги вашите работни состаноци со една брза, лесна шега приспособена за вашата публика. Тоа ја разбива атмосферата и ја поставува основата за отворени, креативни дискусии.
- Истражи и подготови се темелно
Токму како што би дефинирале проблемска изјава во Design Thinking, шегата бара јасна подготовка. Тука воспоставувате контекст – концизен проблем што вашата поента ќе го реши.
Пример за шега: Зошто дизајнерот останал без пари? (Продолжете со читањето за поентата!)
Во проектите, важи истото начело. Јасно пренесете го проблемот за да го насочите фокусот и енергијата кон иновативни решенија.
- Вашите идеи во дивиот, чуден свет на можности
Тука Design Thinking и раскажувањето вицови тријумфираат. Како што комичарите пишуваат десетици вицови за да го најдат совршениот, генерирањето идеи бара изобилие од предлози. Колку е посмешно, толку подобро – разиграната мисла може да открие неочекувани патеки.
Креативен предизвик: За да поттикнете креативност, одржете „виц џем“ каде што секој придонесува со малку хумор поврзан со проектот. Тоа не само што го олеснува расположението, туку често доведува до тие „аха!“ моменти.
- Прототип: Поентирајте!
Уметноста на раскажување вицови вклучува тестирање на различни верзии за да се види која најдобро функционира. Кај Design Thinking, прототипитe се вашите „нацрти на шегата“. Експериментирајте со различни агли и методи на содржина и презентирање додека не стигнете до посакуваниот финален концепт.
- Тест: Смеење и аплауз
Поентата – ја подготвивте, испробавте верзии, сега доаѓа смеењето! „Зошто дизајнерот останал без пари? Затоа што не можел да го најде својот уникатен стил!“
При тестирање, токму како раскажување на оваа поента, забележете ги реакциите. Дали вашето решение ја предизвика саканата реакција? Соберете повратни информации и подобрете и го вашиот „финален прозивод”.
Со применување на принципите на Design Thinking, споделувањето на шеги може да биде поинаков и уникатен начин за стимулирање на креативноста, иновацијата и тимската соработка. Смеењето може да биде клучот за успешни комуникации и инспирација за нови идеи. Успешност на вашите шеги може да биде поголема од што очекувате, бидејќи хуморот е универзален јазик што помага во напредокот и создавањето на подобар и позитивен за работната околина.