5 познати брендови кои покажуваат дека имплементацијата на Design Thinking вреди

Total
0
Shares

Супериорните искуства клиентите ги добиваат од податоците и увидите – што им се познати.

Исто така, познато е дека способноста на брендовите да се стават на местото на своите клиенти за да разберат што ги мотивира и зошто се однесуваат на начинот на кој се однесуваат, е голем дел од создавањето на најдобрите искуства и соработката со публиката.

Оттука, јасно е зошто компаниите го прифаќаат Design Thinking методот за иновации при искуството на клиентите. Покрај тоа што им помага да им пристапат на проблемите од перспектива на клиентот, Design Thinking ги насочува како да се развиваат уникатни и креативни решенија за потребите на луѓето.

Најважно, Design Thinking ги охрабрува брендовите да препознаваат и отстрануваат несвесна пристрасност при креирање искуствата на клиентите. Со директен преглед на тоа како луѓето од сите средини ги користат своите производи и услуги, компаниите можат да стекнат целосна слика за својата публика и поверојатно е да обезбедат инклузивни искуства што зборуваат за секој поединец на кој му служат.

Во продолжение се наведени пет брендови кои ги претворија своите стратегии (со помош на Design Thinking) во опипливи приноси, докажувајќи дека се исплати да се ставаaт на прво место потребите на луѓето.

Nike потсетува дека секој е спортист

Nike отсекогаш бил почитуван поради тоа што ги разбира спортистите, нивните потреби,страсти и емоции. Во 2017 година, гигантот за спортска облека го презентираше својот прв хиџаб. 

Наречен “Nike Pro Hijab”, шалот за глава е направен од темна, дишечка, но нетранспарентна полиестерска ткаенина и е дизајниран во консултација со муслимански спортисти кои се труделе да ја одржат традиционалната облека додека се натпреварувале или вежбале. На пример, според кревачката на тегови од Обединетите Арапски Емирати  Amna Al Haddad , најдобриот хиџаб што можела да го најде претходно бил претежок, се префрлал додека се движела, немала дишење и ѝ го нарушувал нејзиниот фокус. Имала само едден хиџаб за натпревари и морала рачно да го мие секоја вечер пред тренинзи.

Хиџабот беше дизајниран во партнерство со муслиманки, спортистки. Претходно брендовите за спортска облека не обрнуваа многу внимани на нив.

„Бев воодушевена и по малку емотивна кога дознав дека Nike прототипира хиџаб“, уметничката лизгачка Zahra Lari (Обединети Арапски Емирати) во изјава цитирана од неколку медиуми. “Пробав многу различни хиџаби во фазата на тестирање, но толку малку од нив навистина ми одговараат“.

Airbnb- ново искуство 

Oсновачите на Airbnb компанијата се Design Thinking пионери.  Тие беа на работ во 2009 година, едвај освојувајќи приход од само 200 американски долари неделно. Ситуацијата останала така сè додека коосновачот Joe Gebbia и неговиот тим одблизу не ја погледнаа страницата и сфатија дека е полна со фотографии од неквалитетни корисници. Гледајќи јасна празнина во нивниот првичен бизнис модел, најпрвин се обидувале сами да го кодираат проблемот, за на крајот сами да го посетат секој список од корисници и да започнат процес на замена со висококвалитетни фотографии. Останатото е историја.

Тие и денес продолжуваат со оваа етика, каде сите тимови мора да бидат најпрвин „пациенти“, за да градат подобри и подобри прозиводи.

Денес, етосот на Airbnb е дека дизајнерите мора да станат „пациент“ за да градат подобри производи.

Microsoft и Logitech- Решение за сите

Меѓу последните големи иновации на Мајкрософт е насочена кон игрите, тоа е адаптивниот џојстик на Xbox. Со поголемите копчиња и дополнителните приклучоци каде што корисниците можат да го вклучат својот џојстик, уредот ги направи игрите на Xbox достапни за луѓето со широк спектар на попреченост.

Од компанијата велат: „Повеќето производи се создадени да работат подеднакво исто за секого. Адаптивниот џојстик има за цел да работи поинаку за секого“.

Адаптивниот џојстик ја започна револуција на видео игрите. Самиот дизајн ветува дека ќе донесе цела низа инклузивни производи и искуства. На пример, Logitech ги здружи силите со Microsoft и создадоа целосно прилагодлива колекција на копчиња како додатоци што играчите можат да ги приклучат на нивниот џојстик  врз основа на нивните потреби. Во духот на Design Thinking, Logitech работеше заедно со терапевти за лица со посебни потреби. Токму од ова искуство, Logitech отиде со прилагодлив производ, наместо со едно решение за сите.

Oriflame-Дигитална трансформација

Oriflame има склучено повеќегодишен договор со IBM зa целосна дигитална трансформација. Нивната стратегија предвидува и нов фокус и цели. Сето тоа на услуга за лојалноста, новите потреби и навики  на нивните потрошувачи.

IBM ги имплементираше техниките на Design Thinking за да помогне во реализација на решенија што ќе овозможат подобро корисничко искуство преку дигиталната трансформација на деловните услуги на Oriflame со врвни алатки, вклучително и финансии и сметководствени услуги.

Electrolux- Иновативна програма за потрошувачите

Во 2003 година, Electrolux започна сорабоотка со тим на дизајнери, инженери, маркетинг и продажни лица за дизајнирање на производи погодни за потрошувачи. Развојниот процес кој претходно беше под влијание на инженерите, се претвори во тим со базиран пристап познат како „Програма за иновации на потрошувачите“.

Electrolux предхотно користеше метрички систем за да ги проучи неисполнетите потреби на потрошувачите и како се дизајнирани производите. Новата програма предвидува спроведување на истражувања на пазарот и посета на потрошувачите во нивните домови и набљудување на кој начин ги користат нивните апарати.

Овој пристап му помогна на Electrolux  да го обнови кукливиот бел изглед на нивните апарати за домаќинство во подобри дизајни и естетика. Истиот процес на размислување за дизајнот беше применет исто така и за редизајн на други постари производи,.

„Веќе не станува збор за чиста цена и перформанси, туку за задоволството што луѓето го добиваат од производите. Сега, луѓето сакаат нивните персони да ги рефлектираат нивните апарати “, Henrik Otto, шеф за дизајн на Electrolux. 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
design thinking приказни

5 успешни Design Thinking приказни

Сигурно се прашувате како и дали воопшто design thinking функицонира? Како се применува и имлементира оваа популарна алатка во различни различни индустрии и бизнис сектори? Примерите кои ги одвоивме ќе…
Прочитај

Како преку Design Thinking до иновации во компанијата?

Во денешно време брзината е пресудна за успехот, особено кога се работи за лансирање на нови продукти. Компаниите кои се истакнуваат како најуспешни, и воедно, кои опстојуваат, се фокусираат на…
Прочитај

10 примери како светските бизнис лидери иновираат

Design Thinking e методологија која се користи за решавање на комплексни проблеми и смислување на иновативни продукти и услуги. Налик на една универзална мапа која со конкретни чекори го покажува…
Прочитај

Како Design Thinking ја менува банкарската индустрија?

Финансиските институции одамна го открија кориснички- ориентираниот пристап за создавање на нови банкарски продукти и услуги кои го олеснуваат секојдневното живеење. Во последните години, со се поголемата дигитализација, банкарската индустрија…
Прочитај

Kaкo Design Thinking може да ја крене општествената одговорност?

Секојдневно наидуваме на проблеми во нашето општество – проблеми со суштински конфликти на вредности кои имаат различни перспективи и потреби. Design Thinking  овозможува нови начини за справување со долгите социјални…
Прочитај