Како Design Thinking ја менува банкарската индустрија?

Total
1
Shares

Финансиските институции одамна го открија кориснички- ориентираниот пристап за создавање на нови банкарски продукти и услуги кои го олеснуваат секојдневното живеење. Во последните години, со се поголемата дигитализација, банкарската индустрија е веќе целосно ориентирана на дигиталното корисничко искуство и подобрување на истото.

Design Thinking се смета за новата ДНК на финансискиот сектор. Банките го забрзуваат развојот со помош на овој кориснички ориентиран пристап.

Еден пример за успешна примена на Design Thinking во банкарството е соработката на Bank of America со креативната агенција за дизајн IDEO, со цел зголемување на бројот на корисници со трансакциски сметки во банката. Нивната таргет група биле жени родени во 60тите години со деца. Со помош на Design Thinking и опсежните истражувања, дознаваат дека во многуте семејства мајките се одговорни за финансиите. Тие се одговорни за планирањето на трошоците и за штедењето. Дознале дека многу од нив имале проблеми со штедењето, односно немале доволно приходи за да заштедат или пак купувале импулсивно. Оттука дошла идејата за услугата на банката наречена Задржи го кусурот или Keep the change, со која системот автоматски заокружува одредена сума по плаќањето со дебитна картичка и ја префрла на штедната книшка на клиентот. Услугата била широко прифатена од корисниците на банката и постигнала огромен успех- привлекла повеќе од 2 милиони корисници за помалку од една година кои заштедиле повеќе од 2 милијарди долари вкупно.

Успехот на оваа банкарска услуга се должи на длабоката анализа на потребите на таргет групата корисници спроведена со Design Thinking пристапот. Корисниците не би знаеле да ја побараат таквата услуга, бидејќи не би се сетиле на такво нешто. Истражувањата покажале дека треба да се пронајде начин за незабележливо штедење, па затоа услугата била широко прифатена од корисниците.

Друг пример е 200-годишната State Street Bank во САД, која преку фидбекот на корисниците и истражувања на потребите на корисниците ги подобрила функционалностите на наградуваната платформа за тргување со акции Ирис. Австралиската национална банка ги искористила предностите на Design Thinking со цел да одговори на барањата на корисниците, малите бизниси, за полесно и побрзо подигнување на кредит.

Брет Кинг, австралискиот автор, футурист и ко-основач на стартапот за мобилно банкарство Мовен, ќе каже дека “во 2030, веројатно повеќе од две милијарди луѓе ќе користат секојдневно банкарски услуги кои се независни од самите банки.”

Промените кои доаѓаат во финансиските системи не може да се избегнат. На пример, финтек, израз- кованица составен од изразите финансии и технологија, е индустријата која користи технологија за да ги подобри или автоматизира финансиските услуги и процеси. Оваа брзо растечка индустрија се потпира на корисничкото искуство и на Design Thinking пристапот. Голем број на светски банки отвораат свои инкубатори или акцелератори и соработуваат со финтек стартапи со цел да бидат блиску до иновациите во 21 век.

Банкарската индустрија може да го примени Design Thinking не само за дисруптивни иновации во секторот кој е впрочем, отпорен на големи промени и иновации, туку да ги подобри постоечките услуги и продукти во согласност со потребите на модерните корисници. 

Традиционалните институции во оваа индустрија со помош на Design Thinking ќе останат компетитивни во дигиталната ера, а истовремено ќе стекнат нови, задоволни корисници на банкарските услуги.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
design thinking приказни

5 успешни Design Thinking приказни

Сигурно се прашувате како и дали воопшто design thinking функицонира? Како се применува и имлементира оваа популарна алатка во различни различни индустрии и бизнис сектори? Примерите кои ги одвоивме ќе…
Прочитај

Како преку Design Thinking до иновации во компанијата?

Во денешно време брзината е пресудна за успехот, особено кога се работи за лансирање на нови продукти. Компаниите кои се истакнуваат како најуспешни, и воедно, кои опстојуваат, се фокусираат на…
Прочитај

10 примери како светските бизнис лидери иновираат

Design Thinking e методологија која се користи за решавање на комплексни проблеми и смислување на иновативни продукти и услуги. Налик на една универзална мапа која со конкретни чекори го покажува…
Прочитај

Кој тип на иноватор сте?

Со вистинските луѓе и примена на модерни технологии во вашиот бизнис, вие сте на  вистинската позиција да започнатете со иновирации. Но,имате дилема и предизвик од каде да започнете? Што сакате…
Прочитај

Како вештачката интелигенција може да ја зголеми мотивацијата на вработените?

Во модерните работни средини, вештачката интелигенција може да се искористи на повеќе начини за зголемување на ангажманот и мотивацијата на вработените.  Во продолжение неколку едноставни, но корисни примени на вештачката…
Прочитај