Зошто е важно да внесувате иновации во секојдневниот живот?

Total
1
Shares

Првото нешто што ни паѓа на памет кога ќе го прочитаме зборот иновација, мислиме на револуционерни откритија, технолошки достигнувања, нешто што го менува светот. Несомнено, електричната сијалица или паметниот телефон се иновации, но и пицата своевремено се сметала за иновација во сиромашниот Неапол. Според Design Thinking, иновациите се “кријат” во купчето на неодговорени потреби на луѓето. Па така, паметниот телефон ги задоволува потребите на луѓето да бидат во постојана комуникација, поврзани на интернет со светот во секое време, и тоа преку гаџет кој е доволно компактен за да го носите во џебот. Електричната сијалица е измислена после многу неуспешни обиди, по што станува неопходна во секојдневното живеење. Пицата пак била брза и ефтина храна наменета за посиромашните Неаполци, достапна на секоја улична тезга. 

Иновативните идеи не настанале преку ноќ, туку се резултат на  љубопитност, упорност и длабоко запознавање на потребите на луѓето. Иноваторите не се луѓе со натчовечки особини, туку обични луѓе кои дошле до брилијантна идеја. 

Едноставно, за да бидеме поиновативни, треба секојдневно да ја поттикнуваме нашата љубопитност, креативност и да создаваме нови навики и идеи.

Променета ја околината. Сменете нешто во својот ентериер, соба, канцеларија. Најдете го проблемот со кој се соочувате секојдневно (на пример: се соочувате со недостаток на светлина на работната маса) и направете 10-минутен бреинсторминг за тоа како да го решите овој проблем. Веројатно ќе дојдете до десетина идеи и решенија, од кои ќе ги изберете најекономичните и најреалистичните. Ова е полесен начин да навлезете во проблемите кои ве опкружуваат и да станете свесни за нив, преку сопствено искуство. Потоа, наместо да се откажете, најдете решение за проблемот кој сте го воочиле. Човечкиот мозок бргу се адаптира на нови шеми, па така воочувањето на проблеми и нивно решавање во брзи чекори ќе стане навика. А што е иновација ако не ефикасно решавање на проблемите на луѓето?

Воведувајте новитети секојдневно. Прочитајте нова книга, списание, погледајте нов документарен филм. Најдете нови рецепти за доручек на Youtube. Или, едноставно секој ден одете по различна патека кон работа. Зошто е ова важно? Наместо да се движиме низ животот по “автопилот”, рутински и без размислување, особено е важно да го поттикнеме мозокот и телото да се снаоѓа во нови, непознати ситуации. Да научи нешто ново, да стекне нова вештина, или едноставно да се биде присутен во моментот. Рутинските навики на работното место, исто така, не се пожелни. Освен посветената работа, барем на неколку дена, сменете го кафето или распоредот на бирото.

 Зошто се важни иновациите? Секојдневната потрага по нови идеи и начини на живеење и работење ја зголемуваат креативноста и способноста за решавање на проблеми. Во бизнисот, иновациите се неизбежни за да се справиме со секојдневните предизвици во работењето. 

За поголема креативност и инспирација, ви препорачуваме 2 две книги: Thinkertoys: A Handbook of Creative Thinking Techniques | Michael Michalko и The Designful Company: How to build a culture of nonstop innovation | Marty Neumeier

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
design thinking приказни

5 успешни Design Thinking приказни

Сигурно се прашувате како и дали воопшто design thinking функицонира? Како се применува и имлементира оваа популарна алатка во различни различни индустрии и бизнис сектори? Примерите кои ги одвоивме ќе…
Прочитај

Како преку Design Thinking до иновации во компанијата?

Во денешно време брзината е пресудна за успехот, особено кога се работи за лансирање на нови продукти. Компаниите кои се истакнуваат како најуспешни, и воедно, кои опстојуваат, се фокусираат на…
Прочитај

10 примери како светските бизнис лидери иновираат

Design Thinking e методологија која се користи за решавање на комплексни проблеми и смислување на иновативни продукти и услуги. Налик на една универзална мапа која со конкретни чекори го покажува…
Прочитај

Како тандемот Tesla и Design Thinking направи чуда за клиентите?

Tesla Motors е едно од најистакнатите имиња во автомобилската индустрија. Илон Маск, извршниот директор на Tesla Motors, замисли дека компанијата ќе биде технолошко чудо и независен производител на автомобили. Тој…
Прочитај

3 иновативни продукти кои го менуваат светот

Додека со нетрпение очекуваме да се случи колонизацијата на Марс и првите all inclusive патувања во вселената во иднина, на Земјата се поактуелни се помалку бомбастичните, но еднакво важни иновации…
Прочитај