Што е Design Thinking?

Total
21
Shares

Во последно време терминот Design Thinking стана доста популарен во бизнис светот. Но, што е Design Thinking? Од каде потекнува и, каде се користи? И, како може да ни помогне да бидеме поуспешни во тоа што го правиме ние и нашиот бизнис?

Што е Design Thinking?

Design Thinking не е нов концепт. Наједноставно кажано, Design Thinking е начин на размислување кој датира уште од самите почетоци на нашта цивилизација, кога нашите предци ги решавале проблемите од секојдневието. Тие смислуваје нови, подобри начини, и правеле иновативни алати и направи.

Веројатно е дека веќе користите некои од принципите и процесите на Design Thinking. Тоа укажува колку оваа методологија е интуитивно хумана и зошто денес таа има толку универзална примена.

Главната цел на Design Thinking е да не води во процесот на смислување на подобро решение на некој проблем. Луѓето се решавачи на проблеми, но понекогаш ни е потребна помош во соочувањето со предизвиците.

За да смислиме добро решение на некој проблем, најпрво треба да ги разбереме луѓето кои се справуваат со него. Кога проблемот е наш, тоа е лесно, но кога пробуваме да му помогнеме на некој друг, или на поголема група на луѓе, тоа може да биде вистински предизвик. Затоа, еден од клучните принципи на Design Thinking е емпатијата, односно развивање на нашата способност да се ставиме во туѓи чевли.

Вториот главен принцип на Design Thinking e тимската работа. Неколку глави секогаш мислат подобро од една. Затоа, најдобриот начин да размислуваме иновативно и истото да го правиме колективно. Најдобрите решенија се резултат на спојување на повеќе идеи и гледање на ситуацијата од неколку различни перспективи.

Емпатијата не прави добри тимски играчи, но самата тимска работа не прави креативни и мотивирани да бидеме дел од нешто поголемо од нас.

Каде се користи Design Thinking?

Како што предлага самото име, Design Thinking методологијата се користи при дизајнирање на продукти, но и креирање услуги, и кампањи, апликации, па дури и во едукацијата на младите.

Таа е и еден вид на упатство кое се состои од 5 чекори, преку кои не води низ процесот на иновација. Design Thinking ни помага да подобро да размислуваме, да соработуваме, и да создадеме подобра иднина.

Како Design Thinking може да му помогне на вашиот бизнис?

Иновациите се резултат на нашето вечно трагање по подобар начин на правење на нештата. Луѓето ги сакаат иновациите, и иновирањето е еден од најдобрите начини за развивање на еден бизнис. Иновациите доаѓаат во најразлични форми, но суштински тие се нешто различно, и подобро од тоа што веќе постои. Успешните бизниси создаваат продукти и услуги кои се подобри од другите на пазарот, и на тој начин ги воодушевуваат своите корисници.

Една од компаниите која прва започнува да ја употребува Design Thinking методологијата е Apple. Лојалноста која Apple фановите ја имаат кон продуктите на брендот е навистина неверојатна. Таквата врска е резултат на комплетна посветеност на потребите на потрошувачите. Оваа приказна одлично го претставува тоа како Apple станува лидер на пазарот:

Пред времето на компјутерите – такви какви што ги знаеме денес, тие имале исклучиво индустриска примена. Apple го препознава потенцијалот на оваа технологија за луѓето како поединци, и го создаваат првиот персонален компјутер. Сега, на оваа машина може да пишуваме текст, да гледаме слики и да играме игри.

Тимот на Apple забележува дека има потреба корисникот да може слободно да го навигира просторот на екранот. Во време пред touch технологија, потребен бил уред кој ќе го симулира тоа искуство. Тогаш, со помош на Design Thinking методологијата, се раѓа првото компјутерско глувче.

што е design thinking

Дизајнот на компјутерското глувче се менува со годините, но сѐ уште е фундаментално ист. Ваквиот вид на иновација, е тоа што не прави лидери. И единствениот начин да бидете лидери на пазарот, е да размислувате како Apple. Не на тоа што прават другите, туку на тоа што им е потребно на вашите корисници и потрошувачи.

Како да предизвикате воодушевување кај вашите корисници?

Без разлика на тоа што правите, едно нешто е сигурно: вие имате конкуренција. Денес, конкуренцијата е глобална, а брзината е еден од пресудните фактори за успехот. Но, како да бидеме подобри, и побрзи од другите?

Единствено со Design Thinking, вистински ќе можете да ги воодушевите корисниците, и така да ги претворите во лојални потрошувачи и амбасадори за вашиот бренд.

Вашиот успех зависи од две групи на луѓе: потрошувачите, и вработените. Притоа, вторите се грижат за првите, и треба да ги разберат, и да сакаат да им помогнат.

Вистинската моќ на Design Thinking е во зголемување на продуктивноста на тимот, мотивацијата и креативноста, и најважно од сѐ, задоволството, и нивната лојалност. Без нив, никогаш нема да можете да ги постигнете целите, но со нив, сте непоразлива сила.

Почнете со тоа што ќе дознаете повеќе за 5-те чекори на Design Thinking и прочитајте која е Потребата од Design thinking во деловната комуникација. И секако, споделете го овој текст со членовите на вашиот тим, за да заедно започнете да создавате подобри продукти, услуги, процеси и кампањи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

3 Design Thinking алатки за тимски успех

Design Thinking методологијата е од отворена природа, односно најдобро функционира кога се користат мноштво идеи и гледишта. Секојдневните состаноци и работилници можете да ги освежите со некоја од Design Thinking…
Прочитај

Како да го креираш твојот идеален корисник?

Персоната ни помага да одговориме на единственото и најважно прашање: „За кого креираме?“ Профилот на персона за нашиот клиент или корисник е впрочем архетип или полуфиктивен лик создаден од етнографското…
Прочитај