Нашата омилена алатка за приоритизација на работните задачи

Total
0
Shares

Како на едноставен и брз начин да ги приоритизирате сопствените задачи или тимската работа и во исто време да ја постигнете целта што ја имате?

Постојат повеќе начини и активности за приотиризирање на работните задачи и поттикнување на ефективни тимови. Ние подготвивме една алатка со чија примена би ви го олесниле овој процес:

  •  Нацртајте стрелка или линија и напишете знак плус горе и минус надолу;
  • Да претпоставиме дека сакате да го поддржите вашиот тим да даде приоритет на неколку неделните задачи за брзо време. Можете да ставите „неопходно“ и „корисно“ нагоре и надолу по стрелката во овој случај. Во зависност од вашиот случај, секако можете да ги менувате термините за да одговараат на вашите потреби.
  •  Напишете ги сите тимски задачи на лепливи ливчиња за бележење или на која било хартија што ја имате. Побарајте од вашиот тим да размислува за крајната цел и подредувајте ги забелешките по приоритет (можете да почнете и од доле и од горе);
  • Одвојте неколку минути за дискусија, одредени ставови и идеи можете да ги појасните и проширите, а секако и да ве поттикнат и на некоја друга насока и таа мисла да ја запишете и додадете;

Тоа е тоа! Многу едноставно, а продуктивно ! Оваа активност можете да ја реализирате онлајн или во канцеларија, одзема толку помалку време, а е толку ефикасна.

Постојат различни начини како да се одредат приоритетите и тоа може да се користи во многу ситуации во зависност од вашите потреби.

Најчесто, за секоја приоритизација важно е да се има на ум крајната цел која сакаме да се достигне и да не се оди во друга насока.

Визуелизирањето на работата ни дава можност да ги видиме работите, да се поврземе едни со други и вистински да разбереме што е контекстот. На овој начин лесно се прави приоритизација која води до полесно креирање на успешна стартетигија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Што е Design Thinking?

Во последно време терминот Design Thinking стана доста популарен во бизнис светот. Но, што е Design Thinking? Од каде потекнува и, каде се користи? И, како може да ни помогне…
Прочитај

Како да го креираш твојот идеален корисник?

Персоната ни помага да одговориме на единственото и најважно прашање: „За кого креираме?“ Профилот на персона за нашиот клиент или корисник е впрочем архетип или полуфиктивен лик создаден од етнографското…
Прочитај

Мали точки за моќни тимски одлуки

Гласањето со точки (Dot voting) е едноставен, но ефективен начин да се обезбеди визуелен преглед на актуелни или релевантни идеи за одреден проект или на работилница. Оваа активност помага при…
Прочитај

​​Кои се 5те главни елементи на креативното размислување?

Американскиот психолог Хауард Гарднер, во своето дело Петте умови на иднината, ги објаснува видовите на умствени карактеристики потребни за иднината. Секој од нас треба да развива аспекти од овие нови…
Прочитај