Мали точки за моќни тимски одлуки

Total
1
Shares

Гласањето со точки (Dot voting) е едноставен, но ефективен начин да се обезбеди визуелен преглед на актуелни или релевантни идеи за одреден проект или на работилница. Оваа активност помага при структурирање на процесот во донесување одлуки и им овозможува на тимовите или менаџерите брзо да се одлучат помеѓу повеќе опции без да се навлегува во длабока дискусија.

Потеклото на оваа активност за гласање со точки е неодредено. Се забележува дека тимовите започнуваат да ја користат од 1980-тите.

Гласањето со точки сега е раширено се применува за донесување брзи заеднички одлуки од страна на тимовите кои прифаќаат агилни и креативни методологии. На пример, тоа е еден од методите одобрени од агенцијата за дигитални услуги 18F на управата за општи услуги на Соединетите Држави и е дел од Design Sprint методологијата.

Како да ја реализирате оваа активност за гласање со помош точки, заедно со вашиот тим?  Еве рецепт за успешен тек:

🔵 Гласањето со точки претежно доаѓа по некоја претходна вежба, каде произлегле дузина идеи и констатации. Во овој дел започнува стеснувањето на изборот со цел за побргу дефинирање на предизвикот.

🔵 Објаснете дека секој член од тимот ќе добие само неколку самолепливи точки (најчесто 3 точки) и тие мора да бидат селективни. Ова помага да се фокусира вниманието на учесниците на изборот на ставки со највисок приоритет.

🔵 Следно, наглесете дека гласањето ќе се одвива тивко и без дискусија. Секој учесник треба да ги прочита сите лепливи ливчиња (sticky notes) со забелешките внимателно и да ги залепи своите точки на идеите за кои верува дека треба да бидат избрани понатаму.

🔵 Погрижете се да споменете дека е во ред учесниците да гласаат дури и за нивните идеи. И на крај, во зависност од вашата состано/работилница, може да им дозволите на учесниците да гласаат повеќе пати на истата идеја доколку се фасцинирани и цврсто се залагаат за неа.

🔵 Откако ќе ја објасните вежбата, поделете ги самолепливите точки на учесниците. Ако имате некој кој што е одлучувач во просторијата за време на работилницата, дајте му нему уште неколку точки за да назначите поголемо влијание врз исходот.

🔵 Следно, поставете тајмер од 2-5 минути за да и дадете доволно време на целата група да ги прочита сите белешки, да размисли и конечно да одлучи.

🔵 На крајот, кога сите ќе завршат со гласањето, ќе го намалите бројот на лепливи белешки и лесно ќе можете да се фокусирате на оние со најмногу гласови. Понатаму ќе ја продолжите работолницата со следната фаза и вашата следна планирана активност, каде постепено ќе започнете да ги конкретизирате целите.

Во зависност од целта на гласањето, можеби ќе треба да одржите уште една сесија за гласање. На пример, ако го искористивте првото гласање за да намалите голема листа на опции, можете да одржите второ гласање за да ја одредите најдобрата (или претпочитаната) опција од вашата потесна листа.

Дополнителни варијанти со кои можете да експериментирате:

  • користете различни точки во боја за означување на различни вредности, на пр. зелено за „ми се допаѓа“ и црвено за „не ми се допаѓа“;
  • користете различни точки во боја за различни типови учесници на пр. сина за маркетинг и црвена за финансии;
  • гласајте со негативни точки (гласови кои се против) за да дојдете до најприфатената идеја за тимот.

Гласањето со точки е одличен начин брзо да ги научите преференциите на вашиот тим и да дојдете до консензус за приоритетите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Што е Design Thinking?

Во последно време терминот Design Thinking стана доста популарен во бизнис светот. Но, што е Design Thinking? Од каде потекнува и, каде се користи? И, како може да ни помогне…
Прочитај

​​Кои се 5те главни елементи на креативното размислување?

Американскиот психолог Хауард Гарднер, во своето дело Петте умови на иднината, ги објаснува видовите на умствени карактеристики потребни за иднината. Секој од нас треба да развива аспекти од овие нови…
Прочитај

Како фазата на тестирање го подобрува вашиот продукт?

Искусните бизнисмени го гледаат тестирањето како финална фаза на развојот на продуктот. Но, според Design Thinking методологијата, тестирањето може (и треба) да се врши во неколку фази на дизајнот, производството…
Прочитај