Познатите шарени самолеплви ливчиња, некогаш и денес

Total
0
Shares
Post it Notes
Post it notes
По добро познатите иновативни продукти како спојувалки и хефталки, како значајни канцелариски материјали, се појавуваат и Post-it самолепливите ливчиња. Тие трајно го менуваат начинот на работа, откако влегле во секојдневна употреба пред повеќе од 40 години.

Тајната за успехот на шарените хартиени ливчиња е фактот  дека се мали и симпатични, но само колку што се потребни, не премногу. Затоа се омилени и сите ги сакаат. Тие се присутни насекаде, на работа, во домовите, училиштата, а денес со новонастанатата ситуација во светот и на нашите мобилни телефони и компјутери во форма на апликација.

Post-It ливчињата се изум на Art Fry, хемиски инжењер во познатата компанија 3М (Minnesota Mining and Manufacturing Company). Тој го усовршувал претходниот изум на Spencеr Silver, негов колега.
Silver произвел во 1960-тите години, висококвалитетно лепило. Но, постоел еден проблеm.Тоа се состоело од микрокугли, па затоа ималo слаба сврзувачка моќ со површината. Лепилото, на ист начин можело да се користи непрестано. Но, никој подолго не можел да најде практична примена, па ни самиот Silver.
Art Fry случајно дошол до идеја 20 години подоцна. Тој пеел во црковен хор и користел ливчиња на кои ги обележувал песните и често му испаѓале за време на мисите. Art се досетил на нешто и реши да проба, доколку на ливчињата им стави малку од лепилото на Silver, тие би се задржале, а сепак нема да останат трајно залепени на страниците. Компанијата 3М на своите  вработени им дозволува 15% од своето работно време да го користат на проекти по сопствен избор.

Па така Art решил да поработи на својот проблем и набавил малку од лепилото на Silver и започнал да експериментира со самолепливите ливчиња. Но, се појавил друг проблем, кога ливчето ќе се тргнело двете странци од книгата се лепеле една со друга. Следел период на размислување како би се решила и оваа пречка. Пробал да стави прво заштитен слој, а потоа лепило и проблемот бил совладан.

Со задоволство го покажал својот продукт на колегите, со цел да споделат искуство од практичната примена на лепливите мемо ливчиња. Импресиите биле далеку од очекуваното, сите сакале и го молеле да им донесе уште ливчиња. Во почетокот менаџментот на неговата компанија не го поддржила, па затоа тој во подрумот од сопствената куќа работел на својот прототип. Подоцна комапнијата 3М го сменила своето мислење и застанала позади Art Fry. 

Првата маркетинг кампања иако се одвивала истовремено во четири градови, Денвер, Ричмонд, Тампи и Тулси, не успеала да поттикне интерес. Менаџментот на 3М се согласил на уште еден обид и го одбрал Бојси, главен град на сојузната држава Ајдахо.

За време на кампањата (позната како “Boise Blitz”), бесплатно биле поделени над илјада примероци по канцелариите, болниците, адвокатурите и секаде каде што сметале дека може да има потенцијални кандидати. Масовната маркетинг кампања во Бојси пружила успех. 

Компанијата 3М решава дека самолепливите ливчиња треба да добијат кусо, но звучно име и така официјално настануваат Post-It Notes. 

Во 1980 година производот се појавува на дело од Соединетите Американски Држави, за  отприлика помалку од година дена (наместо предвиените 5 години), да започне да носи профит.

Од тогаш па наваму тие се неизбежен дел во секојдневието на децата и возрасните, на вработените и домаќинствата, во компаниите и училиштата… Создаваат креативна и продуктивна атмосфера, едноставни се, а организаторски многу  моќни.

Но, по 40 години, новиот начин на живот наметна и трансформација на познатите Post-It Notes. Тие од неодамна се достапни и како апликација, сето тоа наметнато од потребата за организирање на виртуелни состаноци, настава, работилници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
design thinking приказни

5 успешни Design Thinking приказни

Сигурно се прашувате како и дали воопшто design thinking функицонира? Како се применува и имлементира оваа популарна алатка во различни различни индустрии и бизнис сектори? Примерите кои ги одвоивме ќе…
Прочитај

Како преку Design Thinking до иновации во компанијата?

Во денешно време брзината е пресудна за успехот, особено кога се работи за лансирање на нови продукти. Компаниите кои се истакнуваат како најуспешни, и воедно, кои опстојуваат, се фокусираат на…
Прочитај

10 примери како светските бизнис лидери иновираат

Design Thinking e методологија која се користи за решавање на комплексни проблеми и смислување на иновативни продукти и услуги. Налик на една универзална мапа која со конкретни чекори го покажува…
Прочитај

Како Design Thinking ја менува банкарската индустрија?

Финансиските институции одамна го открија кориснички- ориентираниот пристап за создавање на нови банкарски продукти и услуги кои го олеснуваат секојдневното живеење. Во последните години, со се поголемата дигитализација, банкарската индустрија…
Прочитај

Kaкo Design Thinking може да ја крене општествената одговорност?

Секојдневно наидуваме на проблеми во нашето општество – проблеми со суштински конфликти на вредности кои имаат различни перспективи и потреби. Design Thinking  овозможува нови начини за справување со долгите социјални…
Прочитај