Како да ја надминете креативната бариера?

Total
20
Shares

Замислете дека возите и наидувате на пешачки премин кој наместо линии има исцртано кругови. Веднаш можете да донесете заклучок дека нешто е невообичаено, бидејќи објектот не е во формата со која 1000 пати претходно сте се сретнале.

Ваквата тенденција за начинот на размислување кај луѓето се нарекува функционална фиксност  и се базира на претходни искуства и навики. Таа е вродена во нас за да може работите да даваат смисла. Но, овој начин на гледање на работите претставува креативна бариера што ги спречува луѓето да ги воочат сите можности и начини на кои што може да се искористи даден објект и влијаее врз способноста на смислување нови решенија на проблемите.

На пример, обидете се да најдете што не припаѓа од наведеното:

1) 17

2) 13

3) 15 

Најверојатно избравте некој од трите броја: 17,13 или 15. Сега обидете се да го погледнете проблемот со поинакви очи, вклучувајќи ги и броевите од лева страна: 1,2 и 3. Се забележува дека решение на загатката претставува бројот 2, како единствен парен број. 

Што ги превентира луѓето да го забележат решението? 

Потсвесно врежаните познавања нè лимитираат да ги вклучиме броевите пред заградите бидејќи сме навикнати на еден начин на функционирање на дадената структура. 

Функционалната фиксност мора да постои за да може лесно да се повикаме на изгледот на предмети, појави и сè што не опркужува, како и за одредување на нивната првична примена. 

Но, кога станува збор за креативноста, потребно е да се отстранат сите бариери и лимитирачки познавања. За таа цел постои методологија – Систематско инвентивно размислување кое опфаќа 5 техники со чија помош се развиваат нови гледишта. 

  1. Одземање 
  2. Мултиплицирање 
  3. Делење
  4. Унифицирање на функции
  5. Комбинирање

Одземање – вклучува земање на суштински дел од прозиводот и давајќи му нов живот на него. На ваков начин е генерирана идејата за првиот преносен стерео касетофон – Walkman на Sony, преку одземање на функцијата за гласовно снимање и воведување на  стерео засилувач

Мултиплицирање – кај оваа техника, важно e да се забележи дека не станува збор за додавање нов елемент туку мултиплицирање на веќе постоечки. Гигантската компанија Apple Inc., воочувајќи колкава вредност нивните купувачи придаваат од квалитетот на камерата, направи еден чекор понапред при лансирање на моделот iPhone 11 Pro со не една, туку 3 камери, издвојувајќи се од конкуренцијата. 

Дали има некој елемент кој што можете да го мултиплицирате? 

Делење – преку делба на проблемот или продуктот, на помали елементи, може да ги реорганизирате за да најдете решение или да формирате нов производ.
Поделбата на лаптопот на помали елементи и извлекувањето на екранот резултира во таблет. Можеби сакате да ја задржите тастатурата, но да ја одвоите од екранот – тоа го направи Microsoft со Surface. Поделбата на храната на нутривните елементи што ги содржи ги дава суплементите. 

Унифицирање на функции – претставува доделување на нова или дополнителна функција на веќе постоечки елемент, трансформирајќи го во повеќе-наменски. Пример, USB кабелот служи за пренос на податоци, но истовремено и го напојува уредот. Паметните звучници можат да пуштат звук и да регистрираат гласовни команди. 

Дали елементот може да се употреби и на друг начин, освен зададениот? 

Комбинирање – техника која вклучува разделување,поврзување или создавање нови конекции меѓу карактеристиките на производот. Како резолуцијата на дисплејот што зависи од бројот на пиксели кој го содржи, така скоро во секој производ постојат зависности меѓу неговите карактеристики. Свесната измена во овие конекции, придонесува во иновирање на нови продукти.

Водоотпорните сматфони се резултат на кршење на зависноста меѓу телефоните и водата која претходно ги уништуваше. Пример за создавање зависност, се бришачите на автомобилите кои ја менуваат брзината согласно со големината на интензитетот на дождот. 

Следен пат кога ќе наидете на креативна бариера, предизвикајте се да ги прекршите знаењата за светот онака како што досега сте го познавале. Притоа оставете на креативноста да направи конекции надвор од границите на логиката. 

Запомнете: 

“Единствениот лимит на успехот е сопствената имагинација“ – Shonda Rhimes

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Што е Design Thinking?

Во последно време терминот Design Thinking стана доста популарен во бизнис светот. Но, што е Design Thinking? Од каде потекнува и, каде се користи? И, како може да ни помогне…
Прочитај

3 Design Thinking алатки за тимски успех

Design Thinking методологијата е од отворена природа, односно најдобро функционира кога се користат мноштво идеи и гледишта. Секојдневните состаноци и работилници можете да ги освежите со некоја од Design Thinking…
Прочитај

Како да го креираш твојот идеален корисник?

Персоната ни помага да одговориме на единственото и најважно прашање: „За кого креираме?“ Профилот на персона за нашиот клиент или корисник е впрочем архетип или полуфиктивен лик создаден од етнографското…
Прочитај

Мали точки за моќни тимски одлуки

Гласањето со точки (Dot voting) е едноставен, но ефективен начин да се обезбеди визуелен преглед на актуелни или релевантни идеи за одреден проект или на работилница. Оваа активност помага при…
Прочитај