Зошто позитивните критики се важни за работната атмосфера

Total
12
Shares

Позитивното критикување е всушност фидбек за одредена активност, ситуација или однесување кој не зависи од реалниот исход туку се фокусира само на позитивниот дел. На пример, во спортот по изгубениот натпревар (реален исход) тренерот може да ги истакне сите негативности и пропусти кај играчите кои довеле до загубениот меч. Или пак да даде позитивна критика и да истакне што би можело реално да се подобри за да се победи на наредниот натпревар.

Позитивната критика на работното место е секогаш поделотворна отколку негативната. На пример, доколку некој постојано доцни на работа, сосема е непродуктивно да дадеме негативна забелешка која е очигледна.

На пример: Ти секогаш доцниш! Наместо тоа, може да се даде критика со позитивна аконотација и тон. Целта е да се поттикне вработениот да не доцни на важни состаноци.

Позитивниот критицизам е важна вештина на лидерите, кои го користат за мотивација и влијание на останатите.

Лидерите сакаат да им помогнат на другите да се развиваат, да учат и да напредуваат. Но, тоа не би било можно со негативни коментари и фокусирање на недостатоците наместо на позитивните страни кај луѓето.

Во работната атмосфера во која владее позитивна култура, позитивните критики се постулат на успешноста на компанијата. Вработените чувствуваат поголема одговорност кон компанијата која им овозможува да растат и напредуваат врз основа на позитивните критики кои им даваат насока за подобрување. Негативниот критицизам пак, делува сосема спротивно на компанијата. Вработените би биле постојано под притисок од негативните коментари упатени кон нив. Со текот на времето, наместо да се фокусираат на позитивен развој на своите вештини и на компанијата, ќе бидат сосредоточени само на негативните особини кои ги поседуваат без идеја да ги променат.

Давањето на позитивни критики не е вродена вештина, па еве, неколку совети за позитивно критизирање:

  1. Фокусирајте се на активноста, не на личноста. Критиката ја упатувате кон одредена активност, а не кон личноста која ја извршила таа активност. Заземете објективен пристап, за да не ја доведете личноста да се почувствува некомпетентна и неодговорна.
  2. Давајте фидбек на приватен состанок. Секоја критика упатена кон некого јавно, било да е позитивна или негативна, ќе биде разбрана негативно.
  3. Сендвич- методот е многу ефикасен за да се одржи позитивната нота на критиката. Започнете со позитивните аспекти на ситуацијата или активноста која ја адресирате. Потоа навлезете во критиката која сакате да ја упатите, за на крајот повторно да наведете позитивна забелешка која спротивната страна ќе може да ја реализира.

Како и сите други вештини, давањето и соочувањето со позитивни критики се вежба и усовршува доколку се практицира секојдневно.

Започнете денес! И веднаш ќе ги забележите позитивните промени, како во приватниот така и во професионалниот живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Како Design Thinking ги менува трендовите, а воедно и вашиот бренд?

Беа потребни многу студии и истражувања за научниците во светот да заклучат дека „дизајнот“ навистина бил и е наука. Уште во 1978 година, Дејвид Кели ја формирал својата фирма за…
Прочитај

Како изгледа Design Thinking процесот претставен со реален пример

Design Thinking е неспорно моќна алатка за компаниите, но како изгледа тоа во пракса? Како организациите го примениле овој пристап и како функционира? Познати компании како AirBnB и UberEats го…
Прочитај

Дознајте како корисниците го гледаат Вашиот продукт

Секоја компанија се труди да навлезе во “чевлите” на клиентот, бидејќи перспективата на клиентот е круцијален фактор за успех на одреден продукт. За што служи вашиот продукт? Како клиентот ќе…
Прочитај

Зошто лидерите треба да ги запознаат членовите на тимот

Сакате да бидете ефективен лидер? Сакате членовите на Вашиот тим да Ви веруваат. Желбата на секој директор и менаџер е да создаде компанија што ќе се гради врз доверба и…
Прочитај