Иако навидум изгледа дека методологијата на Design Thinking е популарна кај дигиталните технологии, сепак нејзината моќ и ефикасност е препознаена кај претприемачите и бизнис круговите.
Претприемачите имаат бенефит од примената на Design Thinking при поттикнувањето на создавање смели идеи. Тим Браун, автор на Change by Design и извршен директор на IDEO, ги истакнува следниве три точки од процесот на Design Thinking:
- Инспирација: Опсервација на корисниците во сопствената околина со цел да се идентификуваат латентните потреби.
Мотив: Погледнете го светот поинаку со цел да ги искористите потребите што Вашата конкуренција не одвоила време да ги препознае.
- Идеја: Развој на нови идеи засновани врз опсервациите за да се одговори на потребите.
Мотив: Не зависете од Вашите клиенти за големите идеи. - Имплементација: Тестирање на претпоставки за нови идеи за континуирано обликување во остварливи можности.
Мотив: Не избрзувајте и не ја убивајтe идејата, туку направете ja подобра.
Дизајнот кој е строго насочен во насока на човекот вклучува различна почетна точка во процесот на создавање. Во типични сценарија каде се проверуваат нови идеи, честопати сме во брзање за да одговориме на две прашања:
Дали може да се направи/изведе тоа? Дали ќе се заработат пари? Пристапот на Design Thinking Ве присилува да одговорите на едно сосема различно прашање на почетокот, додека не се осврнувате на изводливоста и економската одржливост.
Основното прашање е: Што им треба на луѓето? Ова не е маркетинг каде треба да разговарате со клиентите и да ги прашате што им е потребно. Сепак, ова е антропологија каде ги набљудуваме луѓето заедно со нивната околина за да ги разбереме нивните животи, да развиваме емпатија и да им ги откриеме потребите.
Тоа се оние потреби што ги имаме, а да речеме дека не сме ни свесни за нив. Тие мируваат, се додека не се појави нешто што би ги поттикнало да излезат на површина. Сетете се само на iPad. Орентираноста кон човекот е она што го издвојува Design Thinking од другите методологии за иновации. Тој има можност да произведе радикални иновации наместо постепена иновација.
Единственоста и убавината на Design Thinking е дека функционира најдобро во услови на неизвесност – кога навистина не знаете од каде да започнете. Тоа е методологија која е многу неуредна во практиката, но дозволува систематски пристап кон создавање нови можности. Според приврзаниците на оваа методологија, секој претприемач е дизајнер.