Зошто претприемачите треба да се запознаат со Design Thinking методологијата?

Total
2
Shares

Иако навидум изгледа дека методологијата на Design Thinking е популарна кај дигиталните технологии, сепак нејзината моќ и ефикасност е препознаена кај претприемачите и бизнис круговите.

Претприемачите имаат бенефит од примената на Design Thinking при поттикнувањето на создавање смели идеи. Тим Браун, автор на Change by Design и извршен директор на IDEO, ги истакнува следниве три точки од процесот на Design Thinking: 

  1. Инспирација: Опсервација на корисниците во сопствената околина со цел да се идентификуваат латентните потреби.
    Мотив: Погледнете го светот поинаку со цел да ги искористите потребите што Вашата конкуренција не одвоила време да ги препознае.
  1. Идеја: Развој на нови идеи засновани врз опсервациите за да се одговори на потребите.
    Мотив: Не зависете од Вашите клиенти за големите идеи.

  2. Имплементација: Тестирање на претпоставки за нови идеи за континуирано обликување во остварливи можности.
    Мотив: Не избрзувајте и не ја убивајтe идејата, туку направете ja подобра.

Дизајнот кој е строго насочен во насока на човекот вклучува различна почетна точка во процесот на создавање. Во типични сценарија каде се проверуваат нови идеи, честопати сме во брзање за да одговориме на две прашања:
Дали може да се направи/изведе тоа? Дали ќе се заработат пари? Пристапот на Design Thinking Ве присилува да одговорите на едно сосема различно прашање на почетокот, додека не се осврнувате на изводливоста и економската одржливост.  

Основното прашање е: Што им треба на луѓето? Ова не е маркетинг каде треба да разговарате со клиентите и да ги прашате што им е потребно. Сепак, ова е антропологија каде ги набљудуваме луѓето заедно со нивната околина за да ги разбереме нивните животи, да развиваме емпатија и да им ги откриеме потребите.

Тоа се оние потреби што ги имаме, а да речеме дека не сме ни свесни за нив. Тие мируваат, се додека не се појави нешто што би ги поттикнало да излезат на површина. Сетете се само на iPad. Орентираноста кон човекот  е она што го издвојува Design Thinking од другите методологии за иновации. Тој има можност да произведе радикални иновации наместо постепена иновација. 

Единственоста и убавината на Design Thinking е дека функционира најдобро во услови на неизвесност – кога навистина не знаете од каде да започнете. Тоа е методологија која е многу неуредна во практиката, но дозволува систематски пристап кон создавање нови можности. Според приврзаниците на оваа методологија, секој претприемач е дизајнер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Како Design Thinking ги менува трендовите, а воедно и вашиот бренд?

Беа потребни многу студии и истражувања за научниците во светот да заклучат дека „дизајнот“ навистина бил и е наука. Уште во 1978 година, Дејвид Кели ја формирал својата фирма за…
Прочитај

Како изгледа Design Thinking процесот претставен со реален пример

Design Thinking е неспорно моќна алатка за компаниите, но како изгледа тоа во пракса? Како организациите го примениле овој пристап и како функционира? Познати компании како AirBnB и UberEats го…
Прочитај

Зошто позитивните критики се важни за работната атмосфера

Позитивното критикување е всушност фидбек за одредена активност, ситуација или однесување кој не зависи од реалниот исход туку се фокусира само на позитивниот дел. На пример, во спортот по изгубениот…
Прочитај

Дознајте како корисниците го гледаат Вашиот продукт

Секоја компанија се труди да навлезе во “чевлите” на клиентот, бидејќи перспективата на клиентот е круцијален фактор за успех на одреден продукт. За што служи вашиот продукт? Како клиентот ќе…
Прочитај