3 Design Thinking алатки за тимски успех

Total
0
Shares

Design Thinking методологијата е од отворена природа, односно најдобро функционира кога се користат мноштво идеи и гледишта. Секојдневните состаноци и работилници можете да ги освежите со некоја од Design Thinking вежбите. 

Следните 3 активности можете да ги применувате како мотивација и креативна инспирација со вашите тимови и клиенти за решавање на предизвиците или пак при креирање на стратегии и проекти.

Алатка #1: Што ми се допаѓа / Што посакувам? / Што ако…?

Оваа Design Thinking алатка  е дизајнирана да собира повратни информации брзо и лесно. Со охрабрување на учесниците да ги споделат своите мислења на овој начин, негативната критика ја превртува во позитивен конструктивен совет.

Се препорачува да се примени на крајот од проект, работилница, состанок или дури и маркетинг концепт или дизајн. Оваа активност не бара посебна подготовка, освен на голем лист или на табла да се напишат сите 3 наслови. Потоа дајте им на членовите од тимот 5-10 минути да додадат до пет лепливи белешки под секој наслов. Откако сите ќе завршат (дајте им 10 минути) започнете го делот за дискусија и реакции кои со сигурност ќе доведат до нови идеи или предлози.

Во зависност од од поатамошната планирана агенда, можете идеите и предлозите да се користат за внатрешна употреба и секако имплементација.

Алатка #2: Роза / Трн / Пупка

Роза, трн, пупка е исклучително разиграна алатка. Креирана е да идентификува што функционира(Роза), што не (Трн) и што може да се подобри (Пупка), така што може да се користи од тимовите за самостојно размислување за тековните проекти, предизвици од секојдневниот живот или целокупните процеси. Се очекува да  помогне во поттикнување идеи за создавање позитивни промени.

1. Започнете со розите. Целта е да се идентификуваат областите на извонредност. Можете да поставувате прашања како што се:

  • Кој позитивен момент би го издвоиле денес?
  • Во што сте успешни?
  • На што најмногу се гордеете?

2. Потоа преминувате кон трнот. Овде ќе ги идентификувате предизвиците за да можеме да работиме како да ги надминеме. Прашајте го вашиот тим:

  • Што беше најстресно?
  • Кои се причините за овие тешкотии?
  • Што го отежнуваше успехот?

3. На крајот, следи идентификување на пупките. Тоа се областите на раст, новите можности и идните можности. Прашајте го вашиот тим:

  • На што се радувате?
  • Опишете ги успесите кои ве мотивираат?
  • Зошто е потребен раст и развој?

Алатка #3: Што имате на вашата мета?

Во стандардната сесија за бура на идеи, ужасните идеи може да ги засенат брилијантните идеи доколку се поставени до нив. Алатката „Што имате на вашaтa мета?“ е креирана истовремено да собира многу идеи и да ги рангира според важноста. Нејзиниот кружен дизајн на пикадо ги става најважните идеи во центарот, а помалку важните идеи се префрлени во надворешните кругови. Таблата потоа е поделена на четири концептуални квадрати, кои може да се означат онака како што му одговара на вашиот тим (на пример: по приоритет, важност, преференции и сл).

Оваа Design Thinking корисна алатка се применува и како олеснувач на почетокот на состанокот или работилницата. Дозволете им на сите по 10-15 минути да ги запишат своите идеи на самолепливи ливчиња и потоа да ги залепат на таблата. Потоа побарајте од сите да ја објаснат својата идеја и зошто е поставена во конкретниот круг.

Можете и сами да заклучите, дека Design Thinking методологијата е лесна за имплементација и може да се примени во низа ситуации кои бараат решавање на проблеми или да поттикнат креативност и инспирација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Што е Design Thinking?

Во последно време терминот Design Thinking стана доста популарен во бизнис светот. Но, што е Design Thinking? Од каде потекнува и, каде се користи? И, како може да ни помогне…
Прочитај

Како да го креираш твојот идеален корисник?

Персоната ни помага да одговориме на единственото и најважно прашање: „За кого креираме?“ Профилот на персона за нашиот клиент или корисник е впрочем архетип или полуфиктивен лик создаден од етнографското…
Прочитај

Мали точки за моќни тимски одлуки

Гласањето со точки (Dot voting) е едноставен, но ефективен начин да се обезбеди визуелен преглед на актуелни или релевантни идеи за одреден проект или на работилница. Оваа активност помага при…
Прочитај