Персоната ни помага да одговориме на единственото и најважно прашање: „За кого креираме?“
Профилот на персона за нашиот клиент или корисник е впрочем архетип или полуфиктивен лик создаден од етнографското истражување. Таа ги претставува потребите на одреден клиент или група на клиенти.
Преку употреба на емпатија, тимовите може да користат персони за подобро да ги разберат очекувањата и мотивациите на клиентот или групата – што доведува до создавање на повеќе иновативни решенија и исклучителни искуства.
Кои се другите предности од користењето на персони како дел од процесот на креирање?
Дозволете им на тимовите од различни сектори кои се вклучени во одредено создавање на продукт/услуга да ги гледаат проблемите и потенцијалните решенија од друга перспектива (тука треба да се отстрани личната пристрасност).
Идентификувајте се и поврзете се со клиентот за кого создавате, гледајте ја персоната како вистинска личност, која може да го мотивира тимот да ги создаде најдобрите можни решенија.
Создадете заедничко разбирање за тоа кој е клиентот и какви се очекувањата, визуелизирајте ги мотивите, желбите и потребите на персоните за да дојдете до заедничка цел и да обезбедите насока за донесување одлуки.
Дизајнерите вообичаено создаваат профил на клиентите/корисниците за да помогнат при креирањето на производи или услуги со одредено корисничко размислување, помагајќи да се одговори на важното прашање „За кого креираме?“. Оваа тема е суштински концепт за примена на креативно решавање проблеми, притоа давајќи му на секој професионалец предност во својата индустрија или кариера.
Што е „Корисничка персона“?
Тоа е идеализирана полуфиктивна личност која го претставува идеалниот клиент/корисник за вашиот бренд (продукт/сервис/услуга). Преку детално истражување за вашите моментални клиенти или клиентите што се надевате дека ќе ги добиете на пазарот, можете да креирате идеален профил за нив.
Со креирање на фиктивните клиентити вие правите структура и контекст за маркетинг активностите што сакате да ги спроведете. Тоа ви помага да осознаете каков вид на пораки, содржина и јазик ќе резонираат со вашата публика и ќе изградите подобри врски со клиентите. Можно е и најверојатно да имате неколку профили на корисници, бидејќи секој од нив ќе претставува различен сегмент од публиката што има слични цели или намери со вашиот бренд.
Како да ја креирате потребната персона?
Градењето на потенцијалната персона клиент/корисник/купувач бара од вас да направите опширно истражување за луѓето кои ќе донесуваат одлуки за вашиот бренд/продукт/услуга. Без разлика дали тоа е крајниот потрошувач или носител на одлуки во компанија, треба да знаете кој има моќ да одлучува и која е личноста што треба да ја посочите во вашите пораки.
Персоната треба да биде целосно пополнет профил со демографски информации, карактерни особини и интереси, анализа на однесувањето и професионални цели.
Колку е покомплексен вашиот профил, толку подобро ќе можете да ги персонализирате маркетиншките пораки и кампањи за да таргетирате одредени болни точки или цели на вашата публика.
Видови на персони
Не постои ниту една совршена и единствена персона. Сепак може да се одделат неколку различни типови клиенти од иста публика, сите со умерено различни интереси.
Вообичаено, постојат три главни персони кои треба да се земат предвид за различни типови на луѓе кои се занимаваат со одреден бизнис:
Персона купувач на производ: Таа го претставува вашиот идеален таргет клиент за купување на вашиот производ или услуга. Бидејќи тие имаат најголема врска со вашите приходи, тие играат значајна улога во вашите маркетинг стратегии и продажната инка.
Персона корисник на услуга: Таа ги претставува корисниците или клиентите кои го користат вашиот производ или услуга. Овие персони ги користите за да ги водите карактеристиките и дизајнот на производот.
Персона корисник на интернет страница: Таа ги претставува сите посетители на кои вашата интернет страница е наменета да им служи. Тие помагаат во водење на дизајнот и вклучуваат постојани клиенти, потенцијални клиенти, инвеститори и партнери.
Овие три типа на профили ќе ви овозможат да визуелизирате во солидна насока. Со нив ќе можете да почнете да ги искористувате придобивките од креирањето на вашите сопствени персони.
Искористете ја алатката која е на блогот, модифицирајте ја според своите потреби и дојдете до вашиот идеален корисник. Среќно!