Како на едноставен и брз начин да ги приоритизирате сопствените задачи или тимската работа и во исто време да ја постигнете целта што ја имате?
Постојат повеќе начини и активности за приотиризирање на работните задачи и поттикнување на ефективни тимови. Ние подготвивме една алатка со чија примена би ви го олесниле овој процес:
- Нацртајте стрелка или линија и напишете знак плус горе и минус надолу;
- Да претпоставиме дека сакате да го поддржите вашиот тим да даде приоритет на неколку неделните задачи за брзо време. Можете да ставите „неопходно“ и „корисно“ нагоре и надолу по стрелката во овој случај. Во зависност од вашиот случај, секако можете да ги менувате термините за да одговараат на вашите потреби.
- Напишете ги сите тимски задачи на лепливи ливчиња за бележење или на која било хартија што ја имате. Побарајте од вашиот тим да размислува за крајната цел и подредувајте ги забелешките по приоритет (можете да почнете и од доле и од горе);
- Одвојте неколку минути за дискусија, одредени ставови и идеи можете да ги појасните и проширите, а секако и да ве поттикнат и на некоја друга насока и таа мисла да ја запишете и додадете;
Тоа е тоа! Многу едноставно, а продуктивно ! Оваа активност можете да ја реализирате онлајн или во канцеларија, одзема толку помалку време, а е толку ефикасна.
Постојат различни начини како да се одредат приоритетите и тоа може да се користи во многу ситуации во зависност од вашите потреби.
Најчесто, за секоја приоритизација важно е да се има на ум крајната цел која сакаме да се достигне и да не се оди во друга насока.
Визуелизирањето на работата ни дава можност да ги видиме работите, да се поврземе едни со други и вистински да разбереме што е контекстот. На овој начин лесно се прави приоритизација која води до полесно креирање на успешна стартетигија.