Како Design Thinking може да Ви помогне да најдете креативни решенија за Вашиот бизнис?

Total
3
Shares

Врвните светски брендови, како што се Google, Apple, General Electric и Samsung, го усвоија пристапот на Design Thinking. Овој револуционерен метод се учи на водечките светски универзитети, вклучувајќи ги и Stanford d.school, Harvard и МIТ. 

Што е Design Thinking и дали навистина вреди да се применува?

Потеклото на Design Thinking

Идејата за Design Thinking e формулирана од Херберт Симон во 1969 година во неговата книга „The Sciences of the Artificial!“. Подоцна е развиена од научници на Универзитетот Stanford и e основан Институтот за дизајн кој  ја промовира идејата за Design Thinking.

Овој феномен e неговите основачи и приврзаници најчесто го објаснуваат со следниве зборови:

Design Thinking е иновативен, нелинеарен, процес што може да им помогне на тимовите подобро да ги разберат потребите на своите корисници, да ги оспорат идеите, да ги дефинираат проблемите подетално и да излезат со решенија кои се „надвор од кутијата“. Ако сте се соочиле со проблем што е тешко да се дефинира, а сепак непознат, 5те фази на Design Thinking ќе ви помогнат да пронајдете излез. Тие 5 фази се познати како: Емпатија, дефинирање проблем, идеација, прототип и тестирање.

Главната цел на Design Thinking е да ги надмине постојните стереотипи и вообичаените начини за решавање на проблемот. Ова е точно она што го нарекувавме „размислување надвор од кутијата“.

Во кои области се применува Design Thinking?

Design Thinking е методологија помеѓу аналитичкото и интуитивното размислување. Својата примена ја пробаоѓа во речиси секоја област, на пример: планирска турнеја низ Европа, реновирање на станови, спорт, образование, истражување, бизнис, менаџмент и дизајн. Design Thinking е сестран и се користи од професионалци низ целиот свет.

Кои се фазите на Design Thinking?

Методот на Design Thinking опфаќа 5 фази: Емпатија, дефинирање на проблем, идеација, прототип и тестирање. Подетално за 5те фази на Design Thinking методологијата прочитајте во блогот: Петте чекoри на Design Thinking

Design Thinking е метод на барање начин за решавање проблеми, широко усвоен од врвните брендови и најдобрите светски универзитети. Design Thinking може да се примени во која било област и активност, од спорт до бизнис. Сега, кога сте свесни за 5те фази на оваа методологија, како и каде да ја користите, слободно можете да ја примените за продуктивни промени во вашата компанија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Virtuelen Design Thinking team buidling

Моќта на Виртуелниот Design Thinking тим билдинг води до ефикасни и сплотени тимови

Многумина од нас се се уште дел од тимовите кои се моментално одвоени, можеби само локациски, но можеби и со различни временски зони. Без оглед каде е вашиот тим, градењето…
Прочитај
4 pricini za uspesno vodenje na biznisot so Design Thinking

4 начини за успешно водење на Вашиот бизнис применувајќи го Design Thinking процесот

  Водењето на бизнис е доста комплексно. Од постојано менување на деловната динамика, управување со повеќе чинители, задоволување на растечките потреби на клиентите, сè до справување со непозната иднина; сопствениците…
Прочитај

4 причини зошто Design Thinking е моќна алатка за справување со промени

Промените се неизбежни, особено во бизнис светот каде организациите треба континуирано да се подобруваат и адаптираат според потребите на пазарот. За да ја одржат компетитивната предност, тие мора да се…
Прочитај

Што знаете за новата ера на туризмот?

Во свет кој постојано се развива, големи се и очекувањата на патниците. Помина времето кога едноставна хотелска соба или буџетски лет би биле доволни. Денешните авантуристи бараат нешто подлабоко, значајно…
Прочитај