Врвните светски брендови, како што се Google, Apple, General Electric и Samsung, го усвоија пристапот на Design Thinking. Овој револуционерен метод се учи на водечките светски универзитети, вклучувајќи ги и Stanford d.school, Harvard и МIТ.
Што е Design Thinking и дали навистина вреди да се применува?
Потеклото на Design Thinking
Идејата за Design Thinking e формулирана од Херберт Симон во 1969 година во неговата книга „The Sciences of the Artificial!“. Подоцна е развиена од научници на Универзитетот Stanford и e основан Институтот за дизајн кој ја промовира идејата за Design Thinking.
Овој феномен e неговите основачи и приврзаници најчесто го објаснуваат со следниве зборови:
Design Thinking е иновативен, нелинеарен, процес што може да им помогне на тимовите подобро да ги разберат потребите на своите корисници, да ги оспорат идеите, да ги дефинираат проблемите подетално и да излезат со решенија кои се „надвор од кутијата“. Ако сте се соочиле со проблем што е тешко да се дефинира, а сепак непознат, 5те фази на Design Thinking ќе ви помогнат да пронајдете излез. Тие 5 фази се познати како: Емпатија, дефинирање проблем, идеација, прототип и тестирање.
Главната цел на Design Thinking е да ги надмине постојните стереотипи и вообичаените начини за решавање на проблемот. Ова е точно она што го нарекувавме „размислување надвор од кутијата“.
Во кои области се применува Design Thinking?
Design Thinking е методологија помеѓу аналитичкото и интуитивното размислување. Својата примена ја пробаоѓа во речиси секоја област, на пример: планирска турнеја низ Европа, реновирање на станови, спорт, образование, истражување, бизнис, менаџмент и дизајн. Design Thinking е сестран и се користи од професионалци низ целиот свет.
Кои се фазите на Design Thinking?
Методот на Design Thinking опфаќа 5 фази: Емпатија, дефинирање на проблем, идеација, прототип и тестирање. Подетално за 5те фази на Design Thinking методологијата прочитајте во блогот: Петте чекoри на Design Thinking
Design Thinking е метод на барање начин за решавање проблеми, широко усвоен од врвните брендови и најдобрите светски универзитети. Design Thinking може да се примени во која било област и активност, од спорт до бизнис. Сега, кога сте свесни за 5те фази на оваа методологија, како и каде да ја користите, слободно можете да ја примените за продуктивни промени во вашата компанија.