3 иновативни продукти кои го менуваат светот

Total
1
Shares

Додека со нетрпение очекуваме да се случи колонизацијата на Марс и првите all inclusive патувања во вселената во иднина, на Земјата се поактуелни се помалку бомбастичните, но еднакво важни иновации кои навестуваат огромни промени во секојдневниот живот. Освен виртуелната реалност и вештачката интелигенција, во последно време се актуелни неколку иновации за кои веќе светот е спремен:

 

  1. Криптовалути

Биткоинот, првата децентрализирана криптовалута, годинава вреди повеќе од 30.000 американски долари. Првите електронски пари датираат од 1983 година, поттикнувајќи промени во финансискиот сектор. Иако отсекогаш биле контроверзна тема и експертите не можат да предвидат како ќе еволуира технологијата во поглед на криптовалутите, денес тие сè повеќе се мејнстрим. Некои од најголемите хеџ- фондови се обложуваат на Биткоин, и најголемите светски компании (Тесла, Виза, Мастеркард) веќе дозволуваат плаќање со криптовалути – што е само почеток на револуцијата во криптовалутите.

 

  1. Автономни возила

Автономните возила ќе ни заштедат време поминато во сообраќајот и време потрошено во потрага на места за паркирање. Се смета дека автономните возила ќе ја зголемат продуктивноста, ефикасноста на горивото и ќе ја намалат густината на сообраќајот. Замислете само колку други работи можете да ги направите во автомобилот доколку не сте фокусирани на возењето! Градовите ќе претрпат промени, бидејќи овие автомобили ќе се движат со поголема прецизност па улиците може да бидат потесни, со повеќе простор за пешаците и велосипедистите. Истите технологии што се користат во овие возила ќе се аплицираат и кај комбињата и камионите – возила кои се доволно големи за да можат да се користат како подвижни канцеларии, продавници и слично.

 

  1. Гласовни и робот асистенти

Во наредните неколку години се очекува подем на уредите за гласовен асистент како „Amazon Echo“ или „Apple Homepod“. Благодарение на моќта на вештачката интелигенција, гласовните асистенти ќе станат сè покорисни. Со појавата на разни гаџети и направи со кои комуницираме со технологијата, се смета дека во иднина нормалниот начин на интеракција со технологијата ќе биде- гласот.

 

Компаниите како Бостон Динамикс на пример, веќе развија широк спектар на роботски асистенти што може да се користат во фабриките. Интелигентните роботи кои работат ефикасно во реалниот свет ќе го променат функционирањето на работното место, дури се смета и дека ќе заменат одредени работни позиции. Автоматизацијата на работата сепак ќе бара човечки надзор. Американската компанија Најстскоп изработува линија на роботски асистенти за безбедносни апликации, со камери кои може да препознаат 300 лиценцирани регистарски таблички во минута, а истовремено откриваат сомнителни мрежи и хакерски напади.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
design thinking приказни

5 успешни Design Thinking приказни

Сигурно се прашувате како и дали воопшто design thinking функицонира? Како се применува и имлементира оваа популарна алатка во различни различни индустрии и бизнис сектори? Примерите кои ги одвоивме ќе…
Прочитај

Како преку Design Thinking до иновации во компанијата?

Во денешно време брзината е пресудна за успехот, особено кога се работи за лансирање на нови продукти. Компаниите кои се истакнуваат како најуспешни, и воедно, кои опстојуваат, се фокусираат на…
Прочитај

10 примери како светските бизнис лидери иновираат

Design Thinking e методологија која се користи за решавање на комплексни проблеми и смислување на иновативни продукти и услуги. Налик на една универзална мапа која со конкретни чекори го покажува…
Прочитај

Кој тип на иноватор сте?

Со вистинските луѓе и примена на модерни технологии во вашиот бизнис, вие сте на  вистинската позиција да започнатете со иновирации. Но,имате дилема и предизвик од каде да започнете? Што сакате…
Прочитај

Како вештачката интелигенција може да ја зголеми мотивацијата на вработените?

Во модерните работни средини, вештачката интелигенција може да се искористи на повеќе начини за зголемување на ангажманот и мотивацијата на вработените.  Во продолжение неколку едноставни, но корисни примени на вештачката…
Прочитај