Преку квалитетни истражувања до подобри резултати во Вашата компанија

Total
12
Shares

Донесувањето на одлуки е секојдневна, но тешка задача на секоја компанија.  Носењето на правилни одлуки се смета дека е резултат на обученоста, искуството, личните предиспозиции и карактеристики на поединецот кој одлучува. Во позадината на сево ова, за донесување на правилни одлуки за успех на компанијата важни се сознанијата и разбирањето на пазарот, моменталните трендови но и идните движења на пазарот кои ќе покажат во која насока треба да се развива една компанија. 

Маркетиншките истражувања се неопходни за развојот на компанијата, за влегување на нови пазари, за лансирање на нови продукти и услуги. Една компанија секојдневно генерира идеи, но која од тие идеи има потенцијал да се спроведе? Кои се корисниците на тоа идејно решение? Дали реализацијата на тоа решение ќе биде успешна?

Истражи го пазарот

Истражувањето на корисниците за кои компанијата создава е почетна точка. Многу често се тврди дека корисниците се веќе познати, и нема што понатаму да се истражува. Design Thinking го тврди спротивното- запознавањето на корисникот е темел на успешната стратегија. Корисникот е архетип на повеќе компании или индивидуи кои имаат сличности, приближно исти потреби и интереси. За да откриеме што треба да им понудиме на тие корисници, треба да размислуваме пошироко, а да разбереме што се крие под површинските очигледни барања. Оние кои сметаат дека истражувањата се неважни ја потенцираат изјавата на Стив Џобс, основачот на Епл која вели дека “корисниците не знаат што сакаат додека не им го покажете тоа”. Друг пример е изјавата “Да ги прашав луѓето што сакаат, тие ќе речеа- побрз коњ” на Хенри Форд. 

Всушност, овие изјави ја потврдуваат потребата од подлабоко истражување на корисниците, или потребата од истражување со помош на Design Thinking. На крајот на денот, главната причина за неуспех на повеќе од половина стартапи е непостоење на побарувачка за производот или услугата.

Истражување на конкуренцијата

Анализата на конкуренцијата е првиот важен чекор кон секоја маркетинг кампања, со која истражувате и осознавате кои се вашите конкуренти и зошто се истите добро рангирани. Замислете дека конкуренцијата ви е учител, од која ја учите добрата и лошата страна на работата, ги запознавате нивните техники на работа, учите од нивните грешки и се инспирирате од нивните идеи. Истражувањето на конкуренцијата е одличен метод за напредок на компанијата. Интересно е дека компаниите најчесто не ја истражуваат конкуренцијата од овој аспект, туку само од аспектот на ценовната конкурентност.

Истражување во рамки на компанијата

Истражувањето во областа на човековите ресурси е недоволно застапено дури и занемарено.

Освен истражувањето на пазарот за труд на потенцијалните вработени, важни области во кои може да се спроведат истражувања се: организацијата на работата внатре во компанијата, комуникацијата и тимската работа, задоволството на вработените со работното место, менаџирањето со промените, лојалноста, продуктивноста, итн. Јакнењето на компанијата и тимскиот дух исклучително зависи од овие истражувања и сознанија.

 Добрата вест е што сите ние истражуваме секојдневно, намерно или случајно, со помош на интернетот. Сепак, професионалните и планираните истражувања се неопходна основа за било каков бизнис подвиг и значително ја намалуваат неизвесноста на ионака турбулентната деловна активност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Што е Design Thinking?

Во последно време терминот Design Thinking стана доста популарен во бизнис светот. Но, што е Design Thinking? Од каде потекнува и, каде се користи? И, како може да ни помогне…
Прочитај

3 Design Thinking алатки за тимски успех

Design Thinking методологијата е од отворена природа, односно најдобро функционира кога се користат мноштво идеи и гледишта. Секојдневните состаноци и работилници можете да ги освежите со некоја од Design Thinking…
Прочитај

Како да го креираш твојот идеален корисник?

Персоната ни помага да одговориме на единственото и најважно прашање: „За кого креираме?“ Профилот на персона за нашиот клиент или корисник е впрочем архетип или полуфиктивен лик создаден од етнографското…
Прочитај

Мали точки за моќни тимски одлуки

Гласањето со точки (Dot voting) е едноставен, но ефективен начин да се обезбеди визуелен преглед на актуелни или релевантни идеи за одреден проект или на работилница. Оваа активност помага при…
Прочитај