Канцеларија од иднината: Kакви работни услови не очекуваат во следните 5 години?

Total
14
Shares

Една позната изрека вели: “Kако што ги минуваме деновите, така ни поминува животот”. Статистиките покажуваат дека просечен човек минува 90,000 часови на работа во текот на работното доба. Знаејќи го влијанието на канцелариското работење врз квалитетот на животот на вработените, модерните компании почнаа да зборуваат за важноста на искуството на вработените во поглед на работниот простор. За да допреме до потребите на луѓето и вработените, можеме да го искористиме design thinking пристапот за креирање на канцеларијата на иднината и тоа во следниве аспекти:

Холистички аспект

Design thinking e пред се холистички пристап- ориентиран кон човекот и неговите потреби. Кога размислуваме за идеалниот иден работен простор или канцеларија, треба да размислиме какви активности врши компанијата и какви потреби имаат вработените. Во главно, еден деловен објект треба да овозможува: приватен дел-  за вршење на работните задачи, фокусирање и размислување, одржување на состаноци; како и отворен заеднички дел за комуникација помеѓу вработените, лаунџ простории за опуштање и пауза, и слично.

Во поново време, се поголемиот број на стартапи кои немаат потреба (ниту средства) од постојана работна локација, наложија да се популаризираат т.н. co- working простори. Предноста е на овие простории е што се секогаш достапни за состаноци и работилници, со одличен интернет пристап, а нивното изнајмување не го оптоварува буџетот на стартапите.

Дизајнерски аспект

Врвно дизајнираните канцеларии на Google во Цирих, или на помалку познатата архитектонска компанија Selgas Cano лоцирана во шума во близина на Мадрид имаат поглед кон природа, нудат простории за релаксирање и спортски реквизити. Овие канцеларии се дизајнирани “од луѓе за луѓе” – инаку како би се сетиле дека во канцелариите можеме да имаме еден метар квадратен “џунгла”со егзотични растенија, или да одржуваме (понекогаш здодевни) состаноци во гондоли? 

Иновативен аспект

Филип Тид, експертот за канцелариско планирање вели дека идните канцеларии мора да бидат подготвени за виртуелната реалност, односно за поврзување на физичкиот и дигиталниот свет. Тоа подразбира флексибилност во работењето и допуштање на вработените сами да ја изберат физичката локација на вршење на работните задачи, се додека се поврзани во дигиталната “канцеларија” со остатокот од тимот. Се претпоставува дека во иднината најголем дел од работата ќе ја вршиме на нашите мобилни телефони, а не на статични персонални компјутери.  Од архитектите, не само од компаниите, ќе се очекува дизајнирање на деловни објекти кои ќе бидат целосно модернизирани и во согласност со технолошките трендови (PropTech е неизбежен), а не само со надворешен футуристички изглед. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
design thinking приказни

5 успешни Design Thinking приказни

Сигурно се прашувате како и дали воопшто design thinking функицонира? Како се применува и имлементира оваа популарна алатка во различни различни индустрии и бизнис сектори? Примерите кои ги одвоивме ќе…
Прочитај

Како преку Design Thinking до иновации во компанијата?

Во денешно време брзината е пресудна за успехот, особено кога се работи за лансирање на нови продукти. Компаниите кои се истакнуваат како најуспешни, и воедно, кои опстојуваат, се фокусираат на…
Прочитај

10 примери како светските бизнис лидери иновираат

Design Thinking e методологија која се користи за решавање на комплексни проблеми и смислување на иновативни продукти и услуги. Налик на една универзална мапа која со конкретни чекори го покажува…
Прочитај

Како тандемот Tesla и Design Thinking направи чуда за клиентите?

Tesla Motors е едно од најистакнатите имиња во автомобилската индустрија. Илон Маск, извршниот директор на Tesla Motors, замисли дека компанијата ќе биде технолошко чудо и независен производител на автомобили. Тој…
Прочитај

Зошто е важно да внесувате иновации во секојдневниот живот?

Првото нешто што ни паѓа на памет кога ќе го прочитаме зборот иновација, мислиме на револуционерни откритија, технолошки достигнувања, нешто што го менува светот. Несомнено, електричната сијалица или паметниот телефон…
Прочитај