По добро познатите иновативни продукти како спојувалки и хефталки, како значајни канцелариски материјали, се појавуваат и Post-it самолепливите ливчиња. Тие трајно го менуваат начинот на работа, откако влегле во секојдневна употреба пред повеќе од 40 години.
Тајната за успехот на шарените хартиени ливчиња е фактот дека се мали и симпатични и доста корисни. Затоа се омилени и сите ги сакаат. Тие се присутни насекаде, на работа, во домовите, училиштата, а денес со новонастанатата ситуација во светот и на нашите мобилни телефони и компјутери во форма на апликација.
Post-It ливчињата се изум на Art Fry, хемиски инжењер во познатата компанија 3М (Minnesota Mining and Manufacturing Company). Тој го усовршувал претходниот изум на Spencеr Silver, негов колега.
Па така Art решил да поработи на својот проблем и набавил малку од лепилото на Silver и започнал да експериментира со самолепливите ливчиња. Но, се појавил друг проблем, кога ливчето ќе се тргнело двете странци од книгата се лепеле една со друга. Следел период на размислување како би се решила и оваа пречка. Пробал да стави прво заштитен слој, а потоа лепило и проблемот бил совладан.
Со задоволство го покажал својот продукт на колегите, со цел да споделат искуство од практичната примена на лепливите мемо ливчиња. Импресиите биле далеку од очекуваното, сите сакале и го молеле да им донесе уште ливчиња. Во почетокот менаџментот на неговата компанија не го поддржила, па затоа тој во подрумот од сопствената куќа работел на својот прототип. Подоцна комапнијата 3М го сменила своето мислење и застанала позади Art Fry.
Првата маркетинг кампања иако се одвивала истовремено во четири градови, Денвер, Ричмонд, Тампи и Тулси, не успеала да поттикне интерес. Менаџментот на 3М се согласил на уште еден обид и го одбрал Бојси, главен град на сојузната држава Ајдахо.
За време на кампањата (позната како “Boise Blitz”), бесплатно биле поделени над илјада примероци по канцелариите, болниците, адвокатурите и секаде каде што сметале дека може да има потенцијални кандидати. Масовната маркетинг кампања во Бојси пружила успех.
Компанијата 3М решава дека самолепливите ливчиња треба да добијат кусо, но звучно име и така официјално настануваат Post-It Notes.
Во 1980 година производот се појавува насекаде низ Соединетите Американски Држави, каде за отприлика помалку од година дена (наместо предвиените 5 години) започнува да носи профит.
Од тогаш па наваму тие се неизбежен дел во секојдневието на децата и возрасните, на вработените и домаќинствата, во компаниите и училиштата… Создаваат креативна и продуктивна атмосфера, едноставни се, а организаторски многу моќни.
Но, по 40 години, новиот начин на живот наметна и трансформација на познатите Post-It Notes. Тие од неодамна се достапни и како апликација, сето тоа наметнато од потребата за организирање на виртуелни состаноци, настава, работилници.