Како преку Design Thinking до иновации во компанијата?

Total
26
Shares

Во денешно време брзината е пресудна за успехот, особено кога се работи за лансирање на нови продукти. Компаниите кои се истакнуваат како најуспешни, и воедно, кои опстојуваат, се фокусираат на константни иновации и намалување на времето потребно од идеја до реализација.

Сепак, најуспешните продукти не се секогаш првите. Многу познат пример за ова е глобално познатиот бренд Apple. Покрај тоа што секогаш се служел со веќе постоечка технологија, постигнува енормен успех благодарение на посветенотa кон задоволувањето на потребите на крајниот корисник. Apple е само еден од многубројните примери на компанија која веќе долго време ја применува Design Thinking методологијата. Истата методологија може да се имплементира и во вашата компанија. Методологијата може да придонесе до значително унапредување и убрзување на процесите на иновација, реализација и имплементација.

Што е Design Thinking?

Design Thinking методологијата е создадена со цел да го подобри процесот на решавање на проблеми преку практични техники на размислување и конкретни алатки за развивање на идеите. Таа се употребува ширум светот во помали бизниси и корпорации од различни индустрии. Исто така е имплементирана и во образовниот процес. Ефноставно кажано, Design Thinking e процес на размислување кој на побрз начин води до подобри решенија.

Како Design Thinking методологијата води до иновации?

Успехот на една компанија зависи од луѓето: оние кои работат во неа и оние чии потреби таа пробува да ги задоволи. Една од главните предности за Design Thinking процесот е тоа што се базира на емпатија Додека главниот фокус е креирање за човекот и неговите навики и потреби.

Design Thinking процесот, пред се, поттикнува прашување на точните прашања. Потоа преку инволвирање на различните преспективи и мислења на сите членови во тимот овозможува истата да биде темелно разгледана и развиена. Откако ќе се дефинира проблемот, преку истражување и размислување со емпатија и различни техники на идеација се пристигнува до предлог решение. Следните чекори се правење и тестирање на прототипот. На тој начин се доаѓа до клучни информации кои го дефинираат процесот понатаму. Овој начин на работење и размислување води до значително зголемување на иновативниот потенцијал на решението.

Кој може да применува Design Thinking?

Успешни приказни со употреба на design thinking методологијата имаат многубројни организации ширум светот. Гиганти како Apple, Procter & Gamble, Bank of America и Uber, но и многубројни помали организации и образовни институации, па дури и држави, работат по принципите на Design Thinking. Расте свесноста дека промените се неизбежни и иновацијата е потребна. Иновации имаме при креирање на продукти како и при подобрување на интерните процеси. А за иновации се потребни интеракција, дебата и кооперација.

Процесот е нешто што може секој да го научи и да го применува во секојневните дејности. Но, најдобро функционира на ниво на тим како една мултидисциплинарна група на луѓе кои имаат заедничка цел.

Design Thinking е следниот логичен чекор во корпоративниот развој како на светско ниво така и на локално. Компанијата ја прават оние кои работат во неа. А тоа како тие размислуваат и дејствуваат го дефинира нејзиниот напредок и воедно, опстанок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
design thinking приказни

5 успешни Design Thinking приказни

Сигурно се прашувате како и дали воопшто design thinking функицонира? Како се применува и имлементира оваа популарна алатка во различни различни индустрии и бизнис сектори? Примерите кои ги одвоивме ќе…
Прочитај

10 примери како светските бизнис лидери иновираат

Design Thinking e методологија која се користи за решавање на комплексни проблеми и смислување на иновативни продукти и услуги. Налик на една универзална мапа која со конкретни чекори го покажува…
Прочитај

Кој тип на иноватор сте?

Со вистинските луѓе и примена на модерни технологии во вашиот бизнис, вие сте на  вистинската позиција да започнатете со иновирации. Но,имате дилема и предизвик од каде да започнете? Што сакате…
Прочитај

Како вештачката интелигенција може да ја зголеми мотивацијата на вработените?

Во модерните работни средини, вештачката интелигенција може да се искористи на повеќе начини за зголемување на ангажманот и мотивацијата на вработените.  Во продолжение неколку едноставни, но корисни примени на вештачката…
Прочитај

Кои се 7те иновации од прехранбената индустрија?

Храната претставува важен аспект од животот на луѓето. Покрај основната функција за обезбедување енергија, таа служи и како причина за социјализацја. Денешниот човек сè повеќе внимава за квалитетот на храната…
Прочитај