Како преку Design Thinking до иновации во компанијата?

Total
3
Shares

Во денешно време брзината е пресудна за успехот, особено кога се работи за лансирање на нови продукти. Компаниите кои се истакнуваат како најуспешни, и воедно, кои опстојуваат, се фокусираат на константни иновации и намалување на времето потребно од идеја до реализација.

Сепак, најуспешните продукти не се секогаш првите. Многу познат пример за ова е сведски познатиот бренд Apple. Покрај тоа што секогаш се служел со веќе постоечка технологија, постигнува енормен успех благодарение на посветенотa кон задоволувањето на потребите на крајниот корисник. Apple е само еден од многубројните примери на компанија која веќе долго време се служи со Design Thinking методологијата. Истата методологија може да се имплементира и во вашата компанија. Методологијата може да придонесе до значително унапредување и убрзување на процесите на иновација, реализација и имплементација.

Што е Design Thinking?

Design Thinking методологијата е создадена со цел да го подобри процесот на решавање на проблеми преку практични техники на размислување и конкретни алатки за развивање на идеите. Таа се употребува ширум светот во помали бизниси и корпорации од различни индустрии. Исто така е имплементирана и во образовниот процес. Ефноставно кажано, Design Thinking e процес на размислување кој на побрз начин води до подобри решенија.

Како Design Thinking методологијата води до иновации?

Успехот на една компанија зависи од луѓето: оние кои работат во неа и оние чии потреби таа пробува да ги задоволи. Една од главните предности за Design Thinking процесот е тоа што се базира на емпатија Додека главниот фокус е креирање за човекот и неговите навики и потреби.

Design Thinking процесот, пред се, поттикнува прашување на точните прашања. Потоа преку инволвирање на различните преспективи и мислења на сите членови во тимот овозможува истата да биде темелно разгледана и развиена. Откако ќе се дефинира проблемот, преку истражување и размислување со емпатија, и различни техники на идеизација се пристигнува до предлог решение. Следните чекори се правење и тестирање на прототипот. На тој начин се доаѓа до клучни информации кои го дефинираат процесот понатаму. Овој начин на работење и размислување води до значително зголемување на иновативниот потенцијал на решението.

Кој може да применува Design Thinking?

Успешни приказни со употреба на design thinking методологијата имаат многубројни организации ширум светот. Гиганти како Apple, Procter & Gamble, Bank of America и Uber, но и многубројни помали организации и образовни институации, па дури и држави, работат по принципите на Design Thinking. Расте свесноста дека промените се неизбежни и иновацијата е потребна. Иновации имаме при креирање на продукти како и при подобрување на интерните процеси. А за иновации се потребни интеракција, дебата и кооперација.

Процесот е нешто што може секој да го научи и да го применува во секојневните дејности. Но, најдобро функционира на ниво на тим како една група на луѓе кои се различни еден од друг но имаат заедничка цел. Design Thinking е следниот логичен чекор во корпоративниот развој како на сведско ниво така и на локално. Компанијата ја прават оние кои работат во неа. А тоа како тие размислуваат и дејствуваат го дефинира нејзиниот напредок и воедно, опстанок.

Innothink e првата програма во Македонија за поттикнување на иновативност во секојдневното работење преку користење на Design Thinking методологијата. Целта на оваа програма е да им овозможи на македонските компании да бидат во чекор со најновите трендови на пазарот. И секако истите да ги применат во својата компанија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
design thinking приказни

5 успешни Design Thinking приказни

Сигурно се прашувате како и дали воопшто design thinking функицонира? Како се применува и имлементира оваа популарна алатка во различни различни индустрии и бизнис сектори? Примерите кои ги одвоивме ќе…
Прочитај

10 примери како светските бизнис лидери иновираат

Design Thinking e методологија која се користи за решавање на комплексни проблеми и смислување на иновативни продукти и услуги. Налик на една универзална мапа која со конкретни чекори го покажува…
Прочитај

Како Design Thinking ја менува банкарската индустрија?

Финансиските институции одамна го открија кориснички- ориентираниот пристап за создавање на нови банкарски продукти и услуги кои го олеснуваат секојдневното живеење. Во последните години, со се поголемата дигитализација, банкарската индустрија…
Прочитај

Kaкo Design Thinking може да ја крене општествената одговорност?

Секојдневно наидуваме на проблеми во нашето општество – проблеми со суштински конфликти на вредности кои имаат различни перспективи и потреби. Design Thinking  овозможува нови начини за справување со долгите социјални…
Прочитај

5 познати брендови кои покажуваат дека имплементацијата на Design Thinking вреди

Супериорните искуства клиентите ги добиваат од податоците и увидите – што им се познати. Исто така, познато е дека способноста на брендовите да се стават на местото на своите клиенти…
Прочитај