Како фазата на тестирање го подобрува вашиот продукт?

Total
1
Shares

Искусните бизнисмени го гледаат тестирањето како финална фаза на развојот на продуктот. Но, според Design Thinking методологијата, тестирањето може (и треба) да се врши во неколку фази на дизајнот, производството и дистрибуцијата. На пример, тестирањето во рана фаза со најобичен прототип може да ве доведе до сосема нови сознанија и идеи за подобрување на продуктот. Одложувањето на тестирањето доведува до креирање на продукти кои можеби никому не му се потребни.

Зошто е потребно тестирање на продуктот?

  •   Како прво, производот треба да биде прифатлив за целната публика, без да спомнеме дека мора да ги исполни очекувањата за квалитет за да може воопшто да се продава. За да бидат вашите клиенти задоволни, продуктот треба да ја исполни својата цел и да ги исполни ветувањата.
  •   Заради мерење на перформансите на продуктот преку мерење на перцепцијата на потрошувачите за вредноста, квалитетот на продуктот и нивниот бенефит од продуктот. Ниту во животот ниту во бизнисот не сакаме да правиме претпоставки кои не водат кон погрешни чекори, па така тестирањето на продуктите помага да се направат бизнис одлуки базирани на факти.
  •   Во почетната фаза на прототипот, ако ви се потребни инвестиции за развој на продуктот, резултатите од тестирањето може да ви помогнат да ги заинтересирате инвеститорите доколку можете да докажете супериорен квалитет и функционалност на вашиот производ во споредба со сличните производи.

Како се тестира продуктот?

  • Истражување на пазарот

Додека ја формирате вашата  бизнис идеја, одвојте време да дознаете повеќе за пазарот на вашиот производ. Особено е важно да ги запознаете вашите клиенти. Кои се вашите клиенти?

Веројатно имате општа идеја за вашиот таргет пазар, но сепак е потребно да навлезете подлабоко, на пример, Гугл има многу расположиви ресурси за откривање на пазарите и клиентите кои ќе бидат корисници на еден продукт. Споредете ги трендовите во категориите за купување со обемот на пребарување, врвните брендови, интересот по локација и пребарувањата по уред.  Откријте кои клиенти се најрелевантни и највредни за вас и пронајдете информации поврзани со бизнис активностите и однесувањето на потрошувачите.

  • Тестирање на прототип

Откога ќе се осигурате дека имате одлична идјеа и завршивте со истражување на пазарот, подготвени сте за тестирање на прототипот на производот. Со собирање повратни информации од потенцијални клиенти, тестирањето на производот ќе ви овозможи да ја усовршите вашата идеја, да креирате различни верзии на вашиот продукт и да ја одберете најдобрата верзија.

Поканете ги луѓето и да го испробаат вашиот продукт. Бидете селективни кога ги бирате потенцијалните корисници за бета- тестирање. Идеално, оваа група треба да биде од вашата целна публика. Ако им се допаѓа вашиот продукт, тие ќе бидат ваши амбасадори и ќе го препорачуваат продуктот во иднина.

  • Анкетирање

Анкетите се исто така, корисна алатка за тестирање. Бидете прецизни и не заборавајте да ги прашате вашите тест- групи на корисници за нивните мислења за тоа како функционира продуктот, што мислат за дизајнот на продуктот  и каков е нивниот општ впечаток за продуктот.

Придобивки од тестирањето на продуктот

  • Намалено време за развој на продуктот. Тестирањето во текот на целиот циклус на развој на продуктот може да помогне да се намали времето за пласирање на пазарот така што рано ќе се отстранат недостатоците на продуктот
  • Зголемена доверба кај клиентите/ потрошувачите
  • Подобрен квалитет и сигурност
  • Намалени трошоци 
  • Зголемена профитабилност.
Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Што е Design Thinking?

Во последно време терминот Design Thinking стана доста популарен во бизнис светот. Но, што е Design Thinking? Од каде потекнува и, каде се користи? И, како може да ни помогне…
Прочитај

3 Design Thinking алатки за тимски успех

Design Thinking методологијата е од отворена природа, односно најдобро функционира кога се користат мноштво идеи и гледишта. Секојдневните состаноци и работилници можете да ги освежите со некоја од Design Thinking…
Прочитај

Како да го креираш твојот идеален корисник?

Персоната ни помага да одговориме на единственото и најважно прашање: „За кого креираме?“ Профилот на персона за нашиот клиент или корисник е впрочем архетип или полуфиктивен лик создаден од етнографското…
Прочитај