Секојдневно наидуваме на проблеми во нашето општество – проблеми со суштински конфликти на вредности кои имаат различни перспективи и потреби. Design Thinking овозможува нови начини за справување со долгите социјални проблеми преку:
- Поттикнување на граѓаните
- Ангажирање на сите засегнати страни
- Ко-креирање на заедничка визија во процесот на трансформација
Бидејќи одржливоста станува составен дел од деловните субјекти и општествата, Design Thinking може да помогне во решавањето на човечките потреби на начини што се технолошки изводливи, финансиски, социјално и еколошки одржливи.
„За време на фазата на дизајнирање, собравме различни идеи и поканивме неколку деца од Програмата за инкубација на јуниорски игралишта за ко-дизајн“, споделува Хорман Чан, како главен менаџер за слободни активности на децата. „Исто така, посетивме различни училишта, вклучително и училишта за деца со посебни образовни потреби, за да собереме идеи од учениците. Освен простор за децата, откривме дека постои потреба за дел каде децата можат да играат и да се забавуваат заедно со своите родители“.
Ова е еден пример како преку набљудување и интервјуа, се доаѓа до решенија и подобрувања во секојдневниот живот.
Design Thinking пристапот е ориентиран кон човековите потреби и е многу прилагодлив и применлив за работата што ја работиме секој ден. Примената на Design Thinking е еден од водечките принципи на социјалните претприемачи.
Организациите од социјалниот сектор се предлага да користат методологии насочени кон човекот за да откријат кои се предизвиците и можностите во секојдневниот животот на клиентите.
За да се разберат околностите со кои се соочуваат луѓето треба длабоко да се нурне за да се дојде до основната причина за конкретниот проблем. Така, многу земји веќе активно ја применуваат Design Thinking методологијата за да го подобрат искуството во училницата за своите ученици бидејќи увиделе дека пружа завидливи резултати. Промените се потребни и насекаде особено онаму каде се забележува стагнација.
Користењето модели, симулации и прикази за развој на прототип или прв нацрт на предложените решенија на вашиот тим може да генерира повеќе идеи за тоа како да го подобрите вашиот финален производ. Еден пример доаѓа од Детроит, каде јавните установи го прифатиле Design Thinking процесот и решиле да се погрижат за најпогодените групи граѓани. Создале прототип на јакна за бездомници. Од нив само барале повратни информации за прототипите и на тој начин го подобриле првичниот производ со трансформација на јакна во вреќа за спиење. Компанијата на крајот еволуирала со тоа што да им дала го на бездомните лица она што навистина им треба – работни места – ангажирајќи ги да прават јакни. Ова се случи само затоа што процесот вклучувал повеќекратно барање повратни информации, што резултирало со промени во дизајнот што го подобруваа нивниот производ.
Сети овие примери ни укажуваат на тоа дека емпатијата сепак е најважен фактор во креирањето на подобри општествени услови и културата на живеење.