3 примери како со Design Thinking обуките стекнувате подобри вештини

Total
1
Shares

Изборот за едукативни програми, обуки и тренинзи за Вашите вработени може да биде доста исцрпувачки. Често се јавуваат дилеми од типот, дали постои опасност од пренатрупаност на вработените со дополнителни активности, дали избраната обука ќе наиде на интерес и на крајот дали сите ќе бидат задоволни. Но, постои сигурно решение: Design Thinking.  Design Thinking може да овозможи учење и развој, а истовремено да ја подобри и поттикне среќата и продуктивноста.

Ајде да разгледаме неколку примери:

Сè започнува со Вас!

Замислете дека работите во салон на телекомуникациска компанија, каде што менаџментот не сака да троши многу време на новите вработувања. Добивате еден тон информации и упатства за работењето, усогласеноста и визијата на компанијата. „Ве молиме, прочитајте во слободно време и бидете подготвени за следната тренинг сесија за 3 месеци!“. И нормално не знаете од каде да почнете.

Една слична австралиска компанија увидела како двајца од тројца вработени во салонот заминуваат во текот на првите два месеци од работното место. Тие брзо сфатиле дека нешто мора да се промени. Информациите кои ги добивале нововработените  едноставно биле премногу, неспецифични и безлични.

По набљудувањето на членовите од персоналот во првите неколку месеци на работа, создале така наречен „патоказ“. На овој начин, потребните информации и релевантните вештини се мапирале и утврдиле со одредено време. Потоа, е создадена апликација што овозможува  еден нов вработен да не се соочува со огромна количина на нови информации, но сепак да нуди нови информации и вежби во моментот кога на вработените им им се потребни. Сето ова е направено да изгледа како природен проток. 

Оваа иновативна имплементација ги направила традиционалните форми на обука лице в лице, излишни. А најбитното е: Новите вработени останаа!

Развивајте се!

Обучувачите можат да ви помогнат низ процесот, да ве насочат да ги воочите промените кои можете да ги имплементирате на ефикасен начин. Design thinking методологијата ќе ви помогне да креирате средина во која овој начин на учење ќе стане возможен. 

Со конструирање на циклус за создавање и размислување, обука и рефлексија, се зајакнува еден цел сет на вештини кај вработените. Design thinking се фокусира на искуствата на вработените. Ова значи дека на вработените им се даваат решенија што одговараат на ситуации со кои тие редовно се справуваат.

Менаџерите од Deloitte всушност ги користат овие согледувања за своја полза: Опремени само со насоки на нивниот мобилен телефон или таблет, тие се способни да тренираат и совладаат меки вештини за краток период, a исто така да се консултираат токму тогаш кога најмногу им е потребно. 

Прилагодете се и редете успеси!

Deloitte ,објавија извештај за „новата организација“ во 2016 година. Во тој извештај тие споменуваат дека компаниите што растат со стапка од над 10% на годишно ниво, се три до четири пати поподготвени да спроведат Design Thinking отколку нивните побавно растечки конкуренти.

Ова не значи дека е само резултат од примената на Design Thinking. Тоа  укажува на следново: за да бидете успешни, да ги направите  луѓето продуктивни, потребна ви е иновација на врвот на вашата приоритетна листа и пред сè: волја за подобрување . Исто како што компаниите се стремат кон подобро искуство со клиентите, менаџментот треба да  размислува на ист начин за искуството на своите вработени. 

Продолжете да пробувате нови работи! Спроведувајте нови прототипи брзо и подобрувајте се врз основа на експерименти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Што е Design Thinking?

Во последно време терминот Design Thinking стана доста популарен во бизнис светот. Но, што е Design Thinking? Од каде потекнува и, каде се користи? И, како може да ни помогне…
Прочитај

3 Design Thinking алатки за тимски успех

Design Thinking методологијата е од отворена природа, односно најдобро функционира кога се користат мноштво идеи и гледишта. Секојдневните состаноци и работилници можете да ги освежите со некоја од Design Thinking…
Прочитај

Како да го креираш твојот идеален корисник?

Персоната ни помага да одговориме на единственото и најважно прашање: „За кого креираме?“ Профилот на персона за нашиот клиент или корисник е впрочем архетип или полуфиктивен лик создаден од етнографското…
Прочитај