3 алатки кои точно ќе ве насочат кон разоткривање и дефинирање на проблемот

Total
17
Shares

Design thinking пристапот се одвива во неколку фази, од кои можеби најважната е дефинирање на проблемот или предизвикот за кој се бара решение. Правилната дефиниција на проблемот ќе биде водич на тимот кон креирање на решенија и ќе го задржи фокусот на новооткриените специфични потреби. Истовремено, е одлична основа за бреинсторминг и собирање на мноштво идеи кои ќе доведат до решенија. Според начелата на design thinking, дефиницијата на проблемот треба да биде:

    Фокусирана на човекот, не само на корисникот;
    Доволно широка за да овозможи креативна слобода;
    Доволно ограничена за да го задржи фокусот.

Постојат повеќе алатки со кои можеме да бидеме сигурни дека сме го дефинирале проблемот правилно, а за да видиме како функционираат, ќе го претставиме процесот на дефинирање на проблемот со практичен пример.

  1. A Point of View (POV) е алатка за дефинирање на проблемот која води кон практични чекори за решавање на истиот. Алатката е всушност фраза која треба да ја дополниме со податоци од направеното истражување на корисниците и гласи вака:

(корисникот) (опис),  има потреба од       (глагол), бидејќи      (увид, сознание)

На пример: Маја, 28 години, вработена во софтверска компанија, работи 12 часа на ден, патува до работното место 1 час. Маја сака да се храни здраво и има потреба од ефикасен начин (режим) за здрава исхрана бидејќи правилната, здрава исхрана е многу важна.

  1. Втората практична алатка е наречена The Four Ws, или Кој, Што, Каде и Зошто. Прашувајте ги овие прашања континуирано за да дознаете: Кој се соочува со проблемот кој сте го откриле, односно кој е вашиот корисник?, во Што се состои проблемот? односно со кои предизвици се соочува тој корисник при вршењето на некое дејствие, Каде се појавува проблемот? во физички услови или во дигиталната сфера, кој е контекстот и слично, и Зошто е важно да се реши овој проблем, каква вредност или предности ќе донесе решението на определениот корисник.

Преку имплементација на алатката 4 Ws, гледаме дека:

    (Кој?) Нашиот корисник е Маја, 28, вработена во софтверска компанија
    (Што?) Маја не се храни здраво секојдневно
    (Каде?) Маја не се храни здраво на работното место
   (Зошто?) Здравата исхрана е важна за одржување на здравјето, продуктивноста, итн.

  1. На крајот, за да проникнеме длабоко во суштината на проблемот, може да се послужиме со алатката или техниката наречена The 5 Whys. Оваа техника овозможува да се стигне до главната причина заради која проблемот настанува.

На пример:
    Зошто Маја не се храни здраво? – Секојдневно нарачува брза храна
    Зошто нарачува секојдневно брза храна?- Бидејќи нема намирници за да подготви здрав оброк на работното место
    Зошто нема намирници на работното место?- Бидејќи не набавила намирници веќе цела недела
    Зошто не набавила намирници?- Бидејќи нема време да оди во супермаркет
    Зошто нема време? – Бидејќи нејзиниот работниот ден е долг и со многу обврски, а потоа патува дома по 1 час.

Со користењето на овие алатки, можеме да го дефинираме проблемот на следниов начин: Маја не се храни здраво бидејќи нема време да подготвува здрави оброци, па така, за да дојдеме до решение ќе се фокусираме кон наоѓање на едноставен, брз и ефикасен начин (решение) за здрава и правилна исхрана.

Понудените универзални алатки можете да ги користите во секојдневниот живот, како и во бизнисот за решавање на комплексни проблеми, бидејќи само со правилно дефинирање на проблемот можете да стигнете до правилни, одржливи решенија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Што е Design Thinking?

Во последно време терминот Design Thinking стана доста популарен во бизнис светот. Но, што е Design Thinking? Од каде потекнува и, каде се користи? И, како може да ни помогне…
Прочитај

3 Design Thinking алатки за тимски успех

Design Thinking методологијата е од отворена природа, односно најдобро функционира кога се користат мноштво идеи и гледишта. Секојдневните состаноци и работилници можете да ги освежите со некоја од Design Thinking…
Прочитај

Како да го креираш твојот идеален корисник?

Персоната ни помага да одговориме на единственото и најважно прашање: „За кого креираме?“ Профилот на персона за нашиот клиент или корисник е впрочем архетип или полуфиктивен лик создаден од етнографското…
Прочитај

Мали точки за моќни тимски одлуки

Гласањето со точки (Dot voting) е едноставен, но ефективен начин да се обезбеди визуелен преглед на актуелни или релевантни идеи за одреден проект или на работилница. Оваа активност помага при…
Прочитај