7 алатки за поттикнување на креативноста

Total
8
Shares
Издвоените алатки можат да Ви помогнат како за егзекуција на можностите за раст, така и за имплементација на иновативност. 

1. Визуелизација – Се однесува на користење слики. Не станува збор за цртање, станува збор за визуелно размислување. Тоа нè турка подалеку од употреба само на зборови и говор. Претставува начин на отклучување на различен дел од нашиот мозок што ни овозможува да размислуваме невербално, што и не е така вообичаено при секојдневното работење и решавање на предизвиците. 

2. Journey mapping (или мапирање искуство) е етнографски истражувачки метод кој се фокусира на следење на „патувањето“ на клиентот. Ова е процес кој се случува додека компанијата е во процес на добивање услуга, со посебно внимание на емоциите а истовремено е во комуникација со самиот клиент. Мапирањето на искуството се користи со цел да се идентификуваат потребите што клиентите често не можат да ги артикулираат. 

3. Value chain analysis – Оваа анализа испитува како организацијата комуницира со партнерите за да произведува, пласира и дистрибуира нови понуди. Таа нуди начини да се создаде подобра вредност за клиентите долж ланецот и открива важни индиции за можностите и намерите на партнерите. 

4. Mind mapping – Оваа алатка се користи за генерирање, визуелизирање, структурирање и класифицирање на идеи за да се бараат модели и согледувања кои обезбедуваат клучни критериуми за креирање на проектите. 

5. Прототип – Техниките на прототипирање ни овозможуваат да ги направиме апстрактните идеи опипливи за потенцијалните партнери и клиенти. Тие вклучуваат скица со приказни, сценарија за корисници, Customer Journey и илустрации за деловните концепти – сите охрабруваат вклучување од засегнатите страни за да се добијат повратни информации.  

6. Тестирањето на претпоставки – Тука се фокусираме на идентификување на претпоставките кои се основаат на привлечноста на новата деловна идеја и користење на достапните податоци за да се процени веројатноста дека овие претпоставки ќе се покажат како вистинити. Овие претпоставки потоа се тестираат преку експерименти, проследени на терен, кои поднесуваат нови концепти на четири теста: создавање вредност, извршување, приспособливост и заштита. 

7. Ко-креација – Вклучувањето на корисниците во проектите е техника која овозможува процес на генерирање и развој на нови деловни идеи од заеднички интерес. Ова е еден од приодите за раст и иновации кои ја зголемуваат вредноста и ги намалуваат ризиците. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Што е Design Thinking?

Во последно време терминот Design Thinking стана доста популарен во бизнис светот. Но, што е Design Thinking? Од каде потекнува и, каде се користи? И, како може да ни помогне…
Прочитај

3 Design Thinking алатки за тимски успех

Design Thinking методологијата е од отворена природа, односно најдобро функционира кога се користат мноштво идеи и гледишта. Секојдневните состаноци и работилници можете да ги освежите со некоја од Design Thinking…
Прочитај

Како да го креираш твојот идеален корисник?

Персоната ни помага да одговориме на единственото и најважно прашање: „За кого креираме?“ Профилот на персона за нашиот клиент или корисник е впрочем архетип или полуфиктивен лик создаден од етнографското…
Прочитај