Кои се 7те иновации од прехранбената индустрија?

Total
5
Shares

Храната претставува важен аспект од животот на луѓето. Покрај основната функција за обезбедување енергија, таа служи и како причина за социјализацја.

Денешниот човек сè повеќе внимава за квалитетот на храната што ја внесува, нејзините нутривни вредности, потеклото како и влијанието што го има кон животната средина (при процесот на производство, но и загрозувањето на животните).

Во обид да ги задоволи сите потреби на потрошувачите, прехрамбената индустрија се соочува со големи предизвици. Нејзиниот напредок се гледа низ призмата на иновативноста. 

Иако фокусот е постојано на достигнувањата во технологијата, визуализацијата на летачки коли, како и холограми, роботи и слично но, дали сте се запрашале како ќе изгледа прехранбената индустрија во иднина?

Во продолжение имате можност да дознаете 7 неверојатни пренхрабрени иновативни продукти:

1. Вертикално земјоделство

Вертикалното земјоделство вклучува одгледување на растенија поставени вертикално, во затворени простории како што се складишта, напуштени рудници и слично под строго контролирани услови. Ваквиот начин на земјоделство се смета за високо ефикасен и одржлив начин на производство на храна. 

Nordic Harvest – најголемата вертикална фарма во Европа која се наоѓа во перифериите на Копенхаген, Данска ,за производство на исто количество жетва ѝ е потребно 250 пати помалку вода и 250 пати помал простор. 

2. Реупотреба на хранливи состојки 

При процесот на производство на храна, поголемиот дел од употребените состојки можат да се пренасочат за производство на нов вид на продукти искористувајќи го до максимум нивниот потенцијал. Реупотребата на хранливите состојки не само што значи помалку отпад, туку и нов начин на заработка за компаниите.

Воочувајќи ја оваа прилика, компанијата Nestle во 2021та година го лансира својот продукт  NESCAFÉ NATIV Cascara – ладен пијалок екстратиран од лушпи од зрна од кафе.

Уште еден пример е стартапот ReGrained. Лансирајќи во 2020та, различни житни производи од веќе употребени жита во производство на пиво.

Со развојот на технологијата и проширудвање на знаењата се очекуваат повеќе изуми од овој тип. 

Дали би ги употребувале овие производи? 

3. Роботска услуга 

Како ви звучи да имате персонален батлер кој ве следи носејќи ви постојано ладно пиво?

Вештачката интелегенција завзема се поголем замав во нашите животи, што не е ни чудо да е присутна низ нашето секојдневие. Добро познатата компанија Heineken го измисли роботот В.О.Т (beer outdoor transporter) – транспортер за пиво способен да ги носи тешките ладилници полни со пиво следејќи ги вашите чекори. 

Ова претставува само еден пример за тоа како роботите ќе го променат начинот на приготвување и сервирање храна и пијалоци. 

4. Алтернативни пакувања

Во 1860те пластиката претставува иновација без која сегашноста не можеме ни да си ја замислиме. Масовната употреба на пластика резултира во неразградлив одпад кој има главна улога во загадувањето на животната средина и претставува еден од поголемите проблеми со кои се соочуваме денес. 

Evoware e стартап од Индонезија кој користи еколошки и сурови материјали како алги, ориз, обвивките од шеќерна репка и други, за изработка на паковања за храна кои може да се јадат. При поизводството на овие паковања не само што нема потреба од фертилизатор, туку и при растење на материјалите се апсорбира CO2. 

Дали откако ќе го испиете пијалокот би ја изеле чашата?

5. Лабораториски меса

Зголемениот број на ендемични животни, проширувањата на знаењата за потребите на основните нутриенти и нивното потекло, ги прошири вегетеријанството и веганството како алтернативени начини на исхрана. Растителните замени за месо се веќе подолго време присутни на пазарот, но месото важи за еден од главните извори на храна и е невозможно да не се употребува во целост. Се поставува прашањето: Како можеме да конзумираме месо без да ги загрозуваме животните?

Решението лежи во лабораторија каде со користење на примероци од клетки од животинско потекло, се расте месо, изоставувајќи ги животните од процесот на производство. 

Пример за ваков вид на продукт се колбасите на New Age Eats.

6. Стикери за свежо овошје

Сигурно, барем еднаш во животот сме се довеле во ситуација да го фрламе купеното овошје, заборавено на полиците во фрижидерот. Овој потег негативно влијае врз нашиот буџет и врз неискористувањето на хранливите ресурси. 

Иновативната лепенка на стартапот StixFresh ја продолжува свежината на овшјето до 50%. Принципот на работа се базира на креирање заштитен слој околу плодот преку употреба на пчелин восок и други состојки одобрени од GRAS (generally considered as safe), американската Администрација за храна и лекови.

7. Детектор на алергени

Појавата на алергиии и нетолеранција на храна е во пораст, а на намирниците и во рестораните тукушто започнуваат  да се внесуваат податоци за можни алергени кои може да ги содржат. 

Со преносниот детектор на алергени на Allergy Amulet, преку земање примерок од храната во само неколку секунди имате податок дали вашиот алерген е присутен или не. Идејата е да се намалат инцидентите предизвикани од алергиски реакции, како резултат на недоволна информираност за состојките во храната. 

Како ви се допаѓа во која насока се движи најегзистенцијалната и суштинска индустрија на планетава?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
design thinking приказни

5 успешни Design Thinking приказни

Сигурно се прашувате како и дали воопшто design thinking функицонира? Како се применува и имлементира оваа популарна алатка во различни различни индустрии и бизнис сектори? Примерите кои ги одвоивме ќе…
Прочитај

Како преку Design Thinking до иновации во компанијата?

Во денешно време брзината е пресудна за успехот, особено кога се работи за лансирање на нови продукти. Компаниите кои се истакнуваат како најуспешни, и воедно, кои опстојуваат, се фокусираат на…
Прочитај

10 примери како светските бизнис лидери иновираат

Design Thinking e методологија која се користи за решавање на комплексни проблеми и смислување на иновативни продукти и услуги. Налик на една универзална мапа која со конкретни чекори го покажува…
Прочитај

Кој тип на иноватор сте?

Со вистинските луѓе и примена на модерни технологии во вашиот бизнис, вие сте на  вистинската позиција да започнатете со иновирации. Но,имате дилема и предизвик од каде да започнете? Што сакате…
Прочитај

Како вештачката интелигенција може да ја зголеми мотивацијата на вработените?

Во модерните работни средини, вештачката интелигенција може да се искористи на повеќе начини за зголемување на ангажманот и мотивацијата на вработените.  Во продолжение неколку едноставни, но корисни примени на вештачката…
Прочитај