Како Design Thinking ја подобрува продажбата?

Total
1
Shares

Design thinking“, кој стекнува популарност во деловниот сектор, се однесува на тоа да му се дозволи дури и на најтрадиционалниот мислител да создаде свежи, инвентивни решенија за деловните предизвици преку примена на организирана рамка што произлегува од самиот процес на креирање.

Design thinking во продажбата е метод и платформа која е создадена за решавање на прашањата за раст на (новиот) бизнис. Во продажбата тоа е стратегија за одбрана на вредноста пред цената. Се разгледува напредокот постигнат во минатото и каков е сегашниот статус за да се започне во даден момент со нови идеи.

Зошто Design Thinking?

Design Thinking се покажува како ефикасен пристап кај различни индустрии. Емпатијата, ориентираноста кон клиентот и љубопитноста се белегот на Design Thinking методологијата, која има единствена цел: да го разбере и реши проблемот на корисникот.

Овој процес е сеопфатен, продлабочен сет на принципи во целост. Само најрелевантните и најкорисните принципи се извлекуваат и се користат кога се справуваме со тешкотиите на компанијата. Кога станува збор особено за процесот на продажба, идеите за Design Thinking може да имаат најголемо влијание во истражувачката фаза. 

Какви промени носи Design Thinking во продажбата?

Во продажбата, Design Thinking подразбира поставување прашања и разбирање на перспективата од клиентот. Пред да размислите да дадете решение, прво мора да ги разберете нивните проблеми/предизвици. Точно е тоа дека процесот бара време. Истовремено пак на некои од продажниот персонал (оние кои секогаш брзаат), имаат таргети  кои треба да ги постигнат или работат за компании кои ги наградуваат вработените кои носат најмногу приходи, тоа може да им биде досадно.

  • Воспоставува доверба и кредибилитет

Кога ги проучуваат потенцијалните клиенти, продавачите генерално го следат патот на најмал отпор. Како резултат на тоа, интернетот станува нивниот примарен извор на информации, што резултира со плиток, еднодимензионален поглед на луѓето до кои сакаат да допрат.

Design Thinking ве поттикнува да копате подлабоко – да дознаете повеќе за вашиот клиент. Сега имате посебна предност да му ја понудите на вашиот кандидат: персонализиран пристап. Одвоивте време да го запознаете и покажавте вистински интерес да му помогнете да го развие својот бизнис.

  • Ја потврдува автентичноста на разговорот

Design Thinking подразбира дека треба да продолжите да поставувате прашања, да откривате нешто ново и да ги пронајдете незадоволените потреби на клиентите – не само за да одговорите, туку и да започнете различен дијалог: вистинска интеракција чија цел е да откриете што го цени вашиот потенцијален клиент.

 Запомнете дека иако повеќето луѓе не сакаат да им продавате, тие уживаат да добиваат одговори за нивните проблеми.

  • Го проширува обемот на можностите

Истражувањето не е само заради љубопитност кај Design Thinking. Кога ќе ги погледнете потребите на клиентите, може да откриете проблеми за кои тие не биле воопшто свесни. Кога лицата за продажба се трудат да обезбедат „едноставно решение“, проблемите на нивните клиенти ретко се јасни.

Design Thinking ги охрабрува продавачите да бидат истражувачи. Не се работи само за собирање информации туку и за создавање на сигурно решение. Со тоа што ќе им помогнете на вашите потрошувачи да ги идентификуваат проблемите што не знаеле дека ги имаат, ќе можете да ги откриете и да ги обезбедите решенијата што ги бараат.

Размислете за имплементирање на Design Thinking методологијата при креирање на вашата продажна стратегија како ментална промена. Пристапот го менува менталитетот на продавачот од „Што можам да ви понудам?“ до “Што можам да научам за тебе?”

  • Ги тера лицата за продажба да размислуваат радикално

Радикалното размислување помага во брзиот развој на значајни и доверливи односи со вашите колеги и потенцијални клиенти. Кога продавачот размислува на тој начин, може да ги пробие стереотипите за продажба и да ги претвори еднократните купувачи во долгорочни клиенти.

Сè што започнува со емпатија има продуктивни резултати. Радикалното размислување дава можност да се фокусираме на болните точки на клиентот. Тоа помага да се задржи фокусот насочен кон клиентите, а не кон услугите.

Радикалното размислување резултира со постигнување на pull-sale, наместо на push-sale, каде што клиентот сака да ги види различните аспекти на нивниот проблем со извонредно решение. Штом продавачот научи да сочувствува со купувачот, тој автоматски генерира прифатливост во очите на купувачот.

Како Design Thinking влијае на продажбата?

Кога лицето за продажба ги преформулира своите зборови за најдобро да одговараат на интересите на купувачот, тој генерира решение. Прилагодете го вашиот продажен пристап според желбите и потребите на вашиот купувач. Можете дополнително да ги приспособите вашите пораки на нивните барања додека со текот на времето дознавате повеќе за вашите потенцијални клиенти.

Бидете отворени и креативни

Решението би било да се одржуваат навистина слободни сесии каде што се поттикнуваат идеите. Тие треба да имаат глас на иновативност и креативност за да донесат промени на масата.

Време е да размислувате напредно и над традиционалните начини додека креирате иновативни решенија или развивате продажни предлози за вашите клиенти. Во продажбата, креативноста може да биде продуктивна предност. 

Комбинацијата на Design Thinking со креативност е добитна. 

Среќна продажба!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Virtuelen Design Thinking team buidling

Моќта на Виртуелниот Design Thinking тим билдинг води до ефикасни и сплотени тимови

Многумина од нас се се уште дел од тимовите кои се моментално одвоени, можеби само локациски, но можеби и со различни временски зони. Без оглед каде е вашиот тим, градењето…
Прочитај
4 pricini za uspesno vodenje na biznisot so Design Thinking

4 начини за успешно водење на Вашиот бизнис применувајќи го Design Thinking процесот

  Водењето на бизнис е доста комплексно. Од постојано менување на деловната динамика, управување со повеќе чинители, задоволување на растечките потреби на клиентите, сè до справување со непозната иднина; сопствениците…
Прочитај

Емпатија: Зошто Ви е потребна да бидете успешни во бизнисот?

Емпатијата е човечка карактеристика која може да го промени светот. Треба да знаеме како да се поставиме во туѓи чевли, и да ги погледнеме работите од туѓа перспектива. – Барак…
Прочитај

4 причини зошто Design Thinking е моќна алатка за справување со промени

Промените се неизбежни, особено во бизнис светот каде организациите треба континуирано да се подобруваат и адаптираат според потребите на пазарот. За да ја одржат компетитивната предност, тие мора да се…
Прочитај

5 сигурни начини да стекнете нови клиенти

По неколку турбулентни години кои го променија светот, со големи очекувања се влегува во новата 2022 година. Бизнисите рапидно навлегуваат во дигитална трансформација, новите навики на корисниците се веќе “новото…
Прочитај