Design Thinking во иновацискиот процес на SAP

Total
1
Shares

Поранешниот извршен директор на SAP, Сем Јен, одамна ја препознал важноста на Design Thinking методологијата и ја имплементирал во својата организација.

SAP SE е германска мултинационална софтверска корпорација, која развива корпоративен софтвер за управување со деловните операции и односите со клиентите. Компанијата е особено позната по софтверот за планирање на ресурси за претпријатија.

Компанијата е посветена на design thinking скоро 10 години, а нивниот пристап насочен кон корисникот довел до експлозија на вредноста на нивните акции, поттикнувајќи откритија во cloud технологиите, софтверот за претпријатија, cloud услугите и апликациите како што се виртуелниот личен асистент.

За да го имплементира design thinking пристапот, компанијата ангажирала 1000 нови дизајнери, но имплементацијата се покажала како тежок и трнлив процес. Менаџментот постојано го нагласувал фокусот и посветеноста кон дизајнот, но многу оддели во компанијата сè уште го практикувале design thinking пристапот „по список“, каде што дизајнот е самостоен „чекор“, наместо пристап кој треба да се применува и провлекува во текот на целиот процес.

 Како одговор, Јен составил  специјални тимови за поддршка, кои се движеле низ проектите и ги решавале проблемите- иницијатива која била оправдана кога еден од тимовите успеал да помогне во решавање на проблем со незадоволен клиент. Дизајнерите биле поставени на местото кое отсекогаш го барале- да бидат вклучени во процесите и да им биде слушнато мислењето.

SAP започнал да ко-креира стратегии во координација со своите клиенти и потрошувачи, што резултирало со развој на SAP Fiori, библиотека која била првпат измислена од специјалните тимови, а која ги обновила најпопуларните самостојни апликации на компанијата за да работат одлично и на десктоп компјутерите, лаптопите, таблетите и паметните телефони. На ваков начин, SAP го усвоил Apple- пристапот, така што им овозможува на корисниците да ги избираат и приспособат само апликациите и алатките што им се потребни и да ги користат насекаде, во својата канцеларија или во движење.

Со вклучувањето на нивните корисници при креирање на продуктите, SAP добил многу пофалби и награди.

Она што е најважно за менаџментот на компанијата, е дека дизајн културата длабоко навлегла во организацијата и вродила со многу успешни проекти, како резултат на имплементацијата на design thinking.

SAP создал и форум на кој светските компании, особено од ИТ секторот, се охрабрени да ги споделуваат најдобрите практики, „што функционира и што не функционира“, за да им помогнат на сите други компании континуирано да се подобруваат и развиваат. 

Во меѓувреме, компанијата продолжува да се усовршува во имплементацијата на design thinking, методологијата кон која е фокусиран бизнис светот, со која се бара најдобриот начин за решавање на комплицираните и итни прашања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Case Study: Design Thinking за трансформација на здравствените услуги

Design Thinking методологијата е применлива во многу индустрии и области, а широко е применувана и во здравството. Еден од примерите за успешна имплементација на начелата на оваа методологија е клиниката…
Прочитај

Како до повисок степен на болничка хигиена со користење на Design Thinking?

Во време на пандемија, светската здравствена организација првенствено укажа на важноста на хигиенските навики со цел спречување на ширење на заразата. Миењето раце и одржување на личната хигиена и хигиената…
Прочитај