Како до повисок степен на болничка хигиена со користење на Design Thinking?

Total
1
Shares

Во време на пандемија, светската здравствена организација првенствено укажа на важноста на хигиенските навики со цел спречување на ширење на заразата. Миењето раце и одржување на личната хигиена и хигиената на околината се стави на прво место при борбата со заразната болест. Диспензерите за антибактериски гелови за раце се поставени на секоја јавна локација, објект, продажен салон.

Зошто е миењето раце посочено како најважна хигиенска навика?

Во текот на денот, допираме илјадници површини на кои се таложат бактерии и нечистотија. Несвесно, доколку не сме внимателни истите бактерии ги внесуваме во устата и очите, ризикувајќи да внесеме бактерии кои ќе ни наштетат на здравјето. Ова е особено важно за здравствените работници, кои во својата работна околина се изложени на бактерии и нечисти површини. А за пациентите во болниците, статистиката покажува дека повеќе од 2 милиони луѓе во Америка добиле инфекции во болнички услови. Причината за ова ја откриваат младите истражувачи кои нашле предизвик за кој ќе дизајнираат иновативно решение.

Кој е предизвикот?

При едно спроведено истражување, се открило дека медицинскиот персонал во одредена американска болница имал обичај да ги брише рацете од нивната работна облека. Под претпоставка дека недоволната хигиена на здравствените работници е една од причините за болничките инфекции, било поттикнато создавањето на SwipeSense, Inc. . Компанијата  основана во 2012 година, планирала да произведува паметни апарати за антибактериски гел за раце.

 Со Design Thinking до иновативно решение

 Идејата на SwipeSense била да се фокусира не само на хигиената, туку и на целата медицинска гранка од поширока перспектива. Па така, компанијата започнува соработка со иновативната агенција ИДЕО со цел да креира прототипи за продуктот кој ќе го реши дефинираниот предизвик. Создадени биле околу 70 прототипи, бидејќи тимот не само што сакал да поставува диспензери за гел, туку и да собира податоци за степенот на хигиена во болниците. Тие податоци би имале огромно значење за следење на хигиенските услови во болниците и пронаоѓање решенија за можните проблеми.

Прототипите се креирани во неколку фази, и секој од нив бил тестиран од идните корисници- здравствениот персонал. Преку плочки за бришење на рацете кои се закачуваат на работната облека, компанијата напредува во прототипите се до производство на диспензери за гел за раце кои собираат real- time податоци за хигиената во болниците. Податоците се испраќаат преку wi-fi до веб апликацијата. Диспензерите се преносни, се закачуваат на ременот или облеката и собираат доза на алкохолен гел препорачана од здравствени организации.  

 Ова паметно решение, креирано со помош на Design Thinking методологијата е одличен пример за нејзината сестрана употреба. Иновациите во здравството се секогаш потребни и пожелни. Комплексноста на оваа индустрија наложува и комплексна палета на пристапи со кои ќе се дојде до иновативни но употребливи решенија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Design Thinking во иновацискиот процес на SAP

Поранешниот извршен директор на SAP, Сем Јен, одамна ја препознал важноста на Design Thinking методологијата и ја имплементирал во својата организација. SAP SE е германска мултинационална софтверска корпорација, која развива…
Прочитај

Case Study: Design Thinking за трансформација на здравствените услуги

Design Thinking методологијата е применлива во многу индустрии и области, а широко е применувана и во здравството. Еден од примерите за успешна имплементација на начелата на оваа методологија е клиниката…
Прочитај