Технолошка преродба со Design Thinking: „Успешната приказна на Citrix“

Total
0
Shares

Во брзиот свет на технолошки производи и услуги, Design Thinking се покажа дека ја менува играта. Citrix е водечка компанија за cloud, која што овозможува мобилни начини на работа. Од Citrix откриваат дека овој трансформативен пристап не само што ги револуционизира нивните технолошки производи, туку може да предизвика и длабоки внатрешни промени преку континуирана примена на Design Thinking.

Патувањето започнало кога неколку директори од Citrix присуствувале на Design Thinking  кампот во престижното училиште во Стенфорд. Искуството им ги отворило очите на сосема нов начин на пристап за развој на продукти. По враќањето во Citrix со обновена визија се дошло до целосна ревизија на внатрешните процеси и повторно разгледување како компанијата иновира и гради производи. Како резултат на тоа, Citrix започнал да се менува и да внесува иновации.

Клучот за успехот на Citrix впрочем лежи во развојот на Design Thinking лидерите. Тие формирале внатрешен тим, кој бил овластен за сите оддели на компанијата да ги прифатат иновациите и фокусот на клиентите. Од врвни директори до индивидуални соработници, сите биле охрабрени да размислуваат како дизајнери/креативци и да го стават клиентот во центарот на нивниот процес при донесување одлуки.

Како Citrix го имплементирал Design Thinking процесот во компанијата?

Од горе надолу: Во Citrix се продолжила раксата клучните вработени да ги посетуваат програмите на Стенфорд кои веќе го запознале јазикот и алатките на Design Thinking. На овој начин се поттикнала целата средина со самата примена и ширење од високите менаџерски позиции.

Линеарно: Citrix спровеле работилници за Design Thinking за менаџери од средно ниво и индивидуални соработници, обезбедувајќи им средства креативно да се справат со критичните предизвици.

Од долу нагоре: Тие користеле различни начини за мотивирање на вработените, како што се глобалните состаноци, подобрување интерната комуникација и обука за нововработени, сè со цел да се рашири пораката за усвојување на Design Thinking пристапот. 

Влијанието од Design Thinking за Citrix се покажало извонредно. Тие воделе над 50 проекти користејќи ја оваа методологија, фокусирајќи се и на искуствата на вработените и на клиентите. Преминот кон ориентиранст кон клиентот во развојот и поддршката на продукти довело до значителни заштеди, при што само еден проект за обука за усогласеност резултирал со околу 3 милиони заштедени долари во текот на четири години. 

Надвор од финансиските придобивки, Citrix добил распространето признание за пристапот фокусиран кон дизајн. Нивните продукти освоиле повеќе од 20 награди и беа признати како една од најиновативните компании на Форбс. Тие, исто така, започнаа соработтка со институтот Хасо Платнер од Стенфорд за најсовремени истражувања за алатките за евалуација на иновациите.

Што можеме да научиме од Design Thinking примената на Citrix?

Демистифицирање на Design Thinking: 

Design Thinking можеби звучи како некој вид магично размислување за аутсајдерите, Citrix покажува дека тоа е практичен и ефективен пристап. Поврзете го нивното искуство  со вашиот бизнис и споделете релевантни примери за Design Thinking успехот за да ги инспирирате другите.

Design Thinking како вредност за вашиот тим: 

Како што вашата компанија се расте, од клучно значење е да се осигурате дека сите вработени, без оглед на нивните улоги, ја разбираат важноста на фокусираноста кон клиентите. Научете ги да се фокусираат кон решавање на проблемите на клиентите рано во процесот за да избегнете трошење ресурси за ирелевантни прашања.

Лидерот како пример:

За да добиете поддршка од лидерството, покажете како Design Thinking се усогласува со бизнис целите. Започнете со вклучување на неколку високи позиции и влијателни лица и кога тие ќе ги видат позитивните резултати, другите ќе посакаат да се приклучат.

Следејќи го примерот на Citrix, вашата компанија може да ја искористи моќта на Design Thinking за да поттикне иновации, да ги воодушеви клиентите и да постигне извонреден успех во технолошката индустрија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Design Thinking во иновацискиот процес на SAP

Поранешниот извршен директор на SAP, Сем Јен, одамна ја препознал важноста на Design Thinking методологијата и ја имплементирал во својата организација. SAP SE е германска мултинационална софтверска корпорација, која развива…
Прочитај

Case Study: Design Thinking за трансформација на здравствените услуги

Design Thinking методологијата е применлива во многу индустрии и области, а широко е применувана и во здравството. Еден од примерите за успешна имплементација на начелата на оваа методологија е клиниката…
Прочитај

Како до повисок степен на болничка хигиена со користење на Design Thinking?

Во време на пандемија, светската здравствена организација првенствено укажа на важноста на хигиенските навики со цел спречување на ширење на заразата. Миењето раце и одржување на личната хигиена и хигиената…
Прочитај