Како пандемијата ги промени навиките на потрошувачите?

Total
1
Shares

Пандемијата на КОВИД-19 сигурно ги промени животите и навиките на сите нас. Навиките што ни биле секојдневни до пред пандемијата, сега веќе се целосно променети. Одењето во шопинг е веќе ретка активност, а оброците во ресторан се повеќе ги менуваме за достава на храна. Патувањата се планираат со повеќе внимателност, а се смета дека ќе станат луксуз кој не секој ќе може да си го дозволи.

Според МекКинси & Компани, КОВИД-19 ги промени потрошувачките навики толку бргу, што изгледа како да доживеавме цела декада во само неколку денови. Нивните истражувања покажуваат дека новите трендови кои веројатно ќе траат подолго од пандемијата се:

  ценовната сензитивност на луѓето и ограничувања во потрошувачките навики;

  фокусот на личната хигиена и здравје;

  работа на далечина,

  е-трговија,

  е-аптеки и лечење на далечина и

  интензивна дигитализација.

 Пандемијата неминовно доведува до криза, која пак ја намалува куповната моќ на луѓето. Заради многу фактори, потрошувачите се фокусираат повеќе на планско купување. Потрошувачките навики се фокусирани на вредноста, отколку на количината. Се купува поретко, но повеќе избрани продукти. Особено е забележлив растот на е-трговијата, заради мерките за заштита од КОВИД-19.

Прочитајте повеќе за поврзаноста на Design Thinking примената и развојот на е-трговијата:

Зголемениот фокус кон здравјето и хигиената, ги промени и навиките на исхрана кај луѓето. Се повеќе се консумира поздрава и почиста храна, а исто важи и за органските козметички препарати.

Работата од дома стана реалност, па платформите за работа на далечина како Zoоm, МS Teams забележуваат 20% пораст на корисници на дневно ниво.

Трендовите како лечење на далечина се очекува дека ќе растат и во иднина, но со помал интензитет отколку на почетокот на пандемијата.

Длабоките промени на навиките на потрошувачите ќе барат брза адаптација од страна на компаниите. Промената и одржувањето на новите потрошувачки навики зависат од корисничкото искуство кое ќе го понудат компаниите. На пример, е-трговијата која забележа енормен раст, е одржлива на долг рок и по завршувањето на пандемијата бидејќи овозможува одлично корисничко искуство. Од друга страна, лечењето на далечина најверојатно ќе трае додека трае пандемијата, заради комплексноста и незадоволителното ниво на услугата во ваков формат.

 Според бихејвиористичките теории, навиките на потрошувачите се поврзани со нивните изградени вредности и верувања. Компаниите можат да бидат проактивни и да предложат нови, позитивни верувања, да ја променат понудата според идните навики на потрошувачите, и слично. За да ги предвидат навиките на потрошувачите во “новото нормално”, компаниите треба да имаат темелни познавања за нивните корисници.

Design Thinking е методологијата која се фокусира на корисникот, и во ерата на брзи промени се применува од светските компании секојдневно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Како да дојдете до најдоброто решение за проблемот користејќи ја Design Thinking методологијата?

“Сите сакаме иднина која ќе биде подобра од сегашноста” – во зборовите на Елон Маск, претприемачот кој го освои светот со своите ракети, електрични автомобили и тунели, ние сакаме да…
Прочитај

Навигирајте ја 2024та со Design Thinking: Нови почетоци во секој аспект од животот

Додека стоиме на прагот на 2024 година, годината е исполнета со неизвесности, авантури и можности. Среде овие предизвици, моќта на Design Thinking нè наведува да му пристапиме на секој ден…
Прочитај

Која е поврзаноста на Design Thinking со одржливиот начин на живот?

Во свет кој се соочува со невидени еколошки предизвици, повикот за иновативни решенија никогаш не бил поалармантен. Design Thinking се појавува како надеж во оваа потрага по одржливост, а тоа…
Прочитај

Design Thinking и вештачката интелигенција: Дали е ова спој излезен од рајот?

„Предвидувањето на иднината не е магија, тоа е вештачка интелигенција“. – Дејв Вотерс Design Thinking и вештачката интелигенција се меѓусебно поврзани на неколку начини, а нивната комбинација може да донесе…
Прочитај

Како да ја подобрите секојдневната комуникација со околината?

Design Thinking може да биде корисен во секојдневната комуникација бидејќи тоа е пристап насочен кон човекот кој ја нагласува емпатијата и разбирањето на луѓето со кои комуницирате. Кога применувате Design…
Прочитај